^ Зависи,некаде се 220,250.. Ако си од Скопје,ги има во Веро Центарот,поточно во сите веро маркети ги има секогаш Јас исто ги купувам од кај мене во една парфимерија Џоана,ја има во Кисела Вода,и Драчево..само тие места ги знам.И на други места незнам каде ги има бидејќи цело време ги купувам од овие. А,во Јуник на пример,рамстор,ги нема да знаеш да не бараш таму Иначе се продаваат без хидроген .
И во Велес е толку, 220 денари. Дури поефтина од Сајос, од кои почнав да бидам незадоволна. ептен темна ми ја извади бојава, и скоро падна, а пред неполни 2 недели се фарбав Ама малку сум скептик, за оваа росо интенсо... Ако излезе пак темна ќе се самозапалам.
Да ви кажам,на времето кога се фарбав црвена,оваа боја најдесно што е беше толку дреч,жар црвено, а и ептен тврдокорна,ниту со црна не ми се покри. Само не знам дали ја има уште по маркетиве,не сум ја сретнала одамна..
^^ Ауу се зезнав и јас со Палете ... На сликата ми изгледаше како портокалова, а јас сакав таква како природна да ми изгледа, и на крај добив ужасна темно црвена боја која за среќа брзо падна. Ma сите нијанси ми се убави, и црвена, и бакарно-црвена и портокалова само нека не паѓаат толку брзо.
Следен пат ќе ја пробам оваа нијанса на Лореал. Ќе жртвувам некое денарче повеќе, да видам дали се навистина толку добри. Плус се без амонијак. Ако бојава излезе ваква, ќе се мрднам од радости. Нијансата е прекрасна, токму како што сакам - бакарно црвена.
И жено, што бидна? Испадна црвена или уште не си ја пробала? Јас утре че ја опробам, па ќе пишам одговор, можда чак и ќе ја сликнам... Битно, сакам ваква боја:
Предобри се Лореал.Јас последен пат се фарбав пред месец и една недела,бојата се уште ми стои,не е падната и многу сум задоволна.Скапа е ама да знаеш дека ке се исфарбаш асално.Нема да се покаеш.Плус во фарбата имаше и нешто во вид на масло за коса кое го нанесуваш додека се миеш.Косата ми се обнови од тоа,и ми стана помека
А да ве прашам нешто вас црвенокосите Сега косава ми е плава , ако некој ден ми текне да се офарбам некоја жар-црвенкаста боја да не ми излезе портокалова
Со ваква фарба нема да се познава многу кога ќе ти потемени коренот ?? Убаво изгледа на сликичкава ама не верувам дека ќе излезе ваква Од еднаш очекуваш да ти излезе оваа боја ??? Извести не за финалниот резултат те молам
Еве како ми испадна претходното фарбање (во декември, сега ми е веќе испадната). Ова ни оддалеку не е мојата замисла за идеална нијанса, повеќе ми стојат бакарни тонови, но фризерката рече ај овој пат црвен наместо бакарен сјај, помодерно било. Ама добро, почетокот херојски го издржав, тоа џиш црвеното падна и остана многу пријатна нијанса, повеќе кафеава со црвен сјај. Досега најмногу ми одговарала темно кафена со бакарен сјај, нешто вака и со наредното фарбање ќе се вратам на таа нијанса.
Ќе излезе морков боја. Плус, ако имаш вадено прамени со бланш, црвената ќе фати супер, а со секое наредно миење ќе паѓа и таму каде што е бланшот нема да биде ни портокалово, ќе биде некоја чудна окер боја. Многу грозно, јас едвај се баталив од таа плава коса, за да ми стои црвената на раат, ми требаше повеќе од 6 месеци, додека да израсне малку. Не собрав пари за Лореал месецов, пишав во темата Бојадисување, се исфарбав со Гарниер без амонијак и задоволна сум. Слично како кај ЛивингГлам, на почетокот е потемна, но со секое миење паѓа бојата и се добива се' поубава бакарна нијанса.
Сајос дефинитивно од гарниер имам многу неубави спомени косата ми беше....уффф да не се присеќам......според мене сајос
Сајос , дефинитивно . Мене последниот пат многу добра ми излезе, за гарниер и така и така ама во никој случај палете !! Ужасна е !
Според мене, ако купуваш хидроген одделно од фарбата, најубаво е со 6%. Со тоа што ќе ја држиш фарбата повеќе на косата, од час до час и половина, ама помалку се оштетува косата, за разлика од 9 и 12% хидроген. Посебно ако станува збор да речеме за фарба на Кене или Еволушн, подобро е хидрогенот да е послаб, дури и фризерката така ми кажа, со тоа што пак ќе напоменам - ќе внимаваш на времето.