Како што има теми за црвенокоси и русокоси мислам дека би требало да има тема и за нас црнокосите Јас сум се фарбала досега секако и црвена и руса и кафена ама на крај секогаш се враќам на црна теѓет. Последен пат се фарбав со Рубела но не бев нешто задоволна вториот пат кога се измив почна кафеаво да се познава Вие црнокоси од која фарба сте најзадоволни?
Јас кога се фарбав користев палете црна ама после почнав со кна да ја фарбам. И сега неможам да се ослободам од црнилава Како и да е мислам дека најубава боја, најдолготрајна и со најмногу сјај дава кната. А за фарби добри фарби се Сајос дефинитивно.
Дали сакате да ви кажам со што да ја исфарбате косата црна, но потоа ама баш ич нема да ви излези бојата, но сепак од корено ко ќе расти ке се гледа природната??
Црната боја на коса ја сакам најмногу и ја имам. Природно ми е црна косата и понекогаш ставам кна за да ми биде поцврста и посјајна
Иста е и мојата,природно е црна, а и ставам понекогаш кна, и кната ми ја среди косата, порано ич не си ја сакав, текна беше се разлетуваше. Сега е супер, и другите велат сакам да имам како твоја коса виткана на краевите со локни епа да ви беше дедо ми род можеби ќе имавте, а тој каква коса имаше ее како жбун . Кога и ставам кна со руски чај повеќе ми фаќа бојата и трае. Значи кна + руски чај ИДЕАЛНО ЦРНА КОСА
Сега се фарбав со Лонда црна теѓет, веќе вторпат пат се измив и супер е бојата, наредна на листа ми е Сајос
Јас имам природно кафеава коса али пред година - две се фарбав црна со кна. Тогаш косата ми беше феноменална. Дефинитивно најубава црна се добива со кна и плус се зацврстува косата и сјај и дава
И јас решив конечно црна ќе бидам и крај ! Деновиве ќе купам кна па ќе видиме што ќе биде, одвај чекам
Може да кажеш како оди постапката? Јас сум била фарбана црна, сум користела и колор шампон, едноставно обожавам црна коса, ама премногу ми е ретка и кршлива за да редовно ја фарбам. Па да пробам со кна ако не.
Мој рецепт за кна Јас купувам Афродита кна, варам 300 мл чај (камилица, хибискус, црн чај) го оставам да се олади, и после во тенџере(кое после не се користи) го истурам чајот чекам да почне да врие, кога ќе почне да врие го трган го исипувам прашокот од кесичката и маслата, го враќам на шпорет, и цело време мешам (4-5мин ) додека не се згусне како фарба, после го тргам и чекам да се олади, и ставам на цела коса, ја ставам капата и ја држам така косата 1,5-2 саати и после ја мијам и готово
Пред да заклучам ( по долгогодишно фарбање црна ) дека идеално црна не постои, разбрав дека има разлика. И не сум ја приметила, затоа што едноставно не сум погрешила. Мислам дека за постигнување на идеална црна коса не е битен брендот битна е нијансата. "Само црната" обична фарба дава ефект на избледена црна, или во најлош случај темно кафеава, црна со кафеави моменти на светло, или полошо црвеникави тонови. Идеална црна е тегет црна. Тегет ефектот отпаѓа после 2-3 миења и имате совршено црна коса. Барем јас имам. Исто Гарниер ултра блек не ја препорачувам. Од проста причина што нема ултра црн ефект, реално гледано. Ја користев само затоа што барав начин да се спасам од црната коса. Периоди, сега пак сакам да сум црвенокоса.
Јас мислам за теѓет ефектот да трае подолго, една ваква фарба да измешаме со црната, па и да излезе нешто ко на сликава, зашто па да не, видете што убава е
Косата ја држиш 1.5-2 саати?!?! Are u fu*king kidding me!? И цела оваа постапка за подготвување на кна?! Манџа ќе направам за тоа време Јас ги истурам пакетчињата, му додавам малку млака вода, едно јајце и малку шампон и мешам додека не добијам хомогена смеса. Ја ставам на коса кната, во меѓувреме пушам една цигара и одам и ја мијам. Не ја држам косата повеќе од 10-15 минути и можам да кажам дека имам прекрасна црна коса, после миењето ми е премека и пресјајна. Едит Ставам обична кна од 30 денари по пакетче од Бит Пазар ја земам.
Може да кажеш како оди постапката? Јас сум била фарбана црна, сум користела и колор шампон, едноставно обожавам црна коса, ама премногу ми е ретка и кршлива за да редовно ја фарбам. Па да пробам со кна ако не. [/quote] Мој рецепт за кна Јас купувам Афродита кна, варам 300 мл чај (камилица, хибискус, црн чај) го оставам да се олади, и после во тенџере(кое после не се користи) го истурам чајот чекам да почне да врие, кога ќе почне да врие го трган го исипувам прашокот од кесичката и маслата, го враќам на шпорет, и цело време мешам (4-5мин ) додека не се згусне како фарба, после го тргам и чекам да се олади, и ставам на цела коса, ја ставам капата и ја држам така косата 1,5-2 саати и после ја мијам и готово [/quote] Косата ја држиш 1.5-2 саати?!?! Are u fu*king kidding me!? И цела оваа постапка за подготвување на кна?! Манџа ќе направам за тоа време Јас ги истурам пакетчињата, му додавам малку млака вода, едно јајце и малку шампон и мешам додека не добијам хомогена смеса. Ја ставам на коса кната, во меѓувреме пушам една цигара и одам и ја мијам. Не ја држам косата повеќе од 10-15 минути и можам да кажам дека имам прекрасна црна коса, после миењето ми е премека и пресјајна. Едит Ставам обична кна од 30 денари по пакетче од Бит Пазар ја земам.[/quote] donna.17 секој си има свој начин на правење на кната може и мене твојот начин ми е за „Are u fu*king kidding me!?“- реакција. Како и да е, бев прашана за совет па се обидов да помогнам. п.с. и на упатството пишува дека толку треба да се држи косата сепак одлуката е индивидуална