Извини. Не знам како си сфати, но не го напишав тоа за да те навредам. И јас ја кажав мојата постапка при подготвување што мислам дека е далеку поедноставна од твојата (ми одзема само 4-5 минутки). А за држењето исто така јас ја држам само 15 мин кната па секогаш ми фатила секаде. Напишав затоа што 1.5-2 саати со 10-15 минути е голема разлика и сакав да кажам дека можеби не е потребно толку долго чекање од фарбање до миење. Сепак секој индивидуално. Поздрав
Вчера се фарбав со Сајос црна - теѓет и луѓе прекрасна ми е косава , сјајот теѓет ептен се познава! Дури и мм ми искоментира - абе што ти е вака сина косава хахах ќе видиме понатаму како ке се измива дали брзо ќе го губи сјајот. Сега дознав дека мајка ми ми ја купила оваа фарба ме интересира дали е добра
^ Коритсаки според мене најубава е оваа фарба 1.0 на Гарниер црните нијанси. Кога се фарбав црна само со оваа фарба се фарбав.
Јас се бојадисувам со Garnier Color Naturals creme 2.10 тегет црна Многу сум задоволна.Косата е мека,сјајна и лелеава.Со години ја користам оваа боја.Негата и одржувањето на косата ги правам исклучиво во фризерски салон. Пред 6 месеци ја пробав тегет бојата од Сајос,чисто од љубопитство,поради силната реклама и воопшто не бев задоволна по првото миење.Косата беше како небојадисана,со кафени тонови и сува,а забележав и повеќе влакна во кадата.Така што се вратив на Гарниер,испробано и сигурно.Не можам да кажам дека таа фирма не е добра.Едноставно мене не ми одговара
Векичка, еве со оваа се фарбав, да ти кажам задоволна сум , веќе 2 недели сум фарбана и не се изгубил теѓет сјајот, сликава е денешна а и бојата си е иста не е избледена сеуште
Колку ја зеде? Во Ск во тинекс е 188 и баш ми се исплати, само ми е криво кога беше на акција 144 мислам дека беше требаше да ја земам тогаш Ама ако, треба да видам кај е најевтина. пошто две ми требаат мене фарби за косиштево моое
Ова е истата боја на Сајос со кој се бојадисав и јас,но само еднаш.И кај мене го имаше истиот ефект по бојадисувањето.Се заљубив во тегет нијансата.Но,по првото миење, бојата падна,а и забележав повеќе влакна во кадата од вообичаеното.Изгледав како да не бев бојадисам пред само неколку дена. И повторно се вратив на Гарниер за која имам пишувано во претходниот пост. Kortisaki,да не те разочарувам,можеби зависи од структурата на влакното,од периодот кога си се бојадисала(пред,за време или после циклус),така што кај тебе можеби ќе биде во ред. Мислам дека е прејака за мојата коса.
Ја земав овде во гр каде што и живеам побарај низ веро, тинекс,рамстор, карфур често имаат акции, јас кога бев кај моите во мк се изнкупив фарби да ти кажам и еве сега др месец пак ке одам па ке земам сајос во мк е многу поевтина овде 7 евра е инаку ти мислам декаимаш долга коса па сигурно две ке ти требаат мојава коса е до рамена и за малку не ми стаса
Јас се фарбам со Афродита околу 90 денари е и мојава коса никогаш не ми изгледала подобро... Изгледа здраво,витално и најважно од се после третото миење мене веќе не ми паѓаше бојата! Озбилно е трајна,економична и со голема милилитража косата ми е под половина и ми стигна! Имам користено гарниер,палете и незнам колку други бои и ептен незадоволна во делот за нетрајноста на бојата...Инаку користам црна со плав сјај!
И јас се имам фарбано со неа, навистина е супер и теѓет сјајот си останува многу долго, и бојата не паѓа брзо , но повеќе не се фарбам со/неа зашто многу јака ми беше , при фарбањето ме пржеше многу кожата и очите ме печеа што со другиве фарби не ми се случило. Но јас општо си имам проблеми со кожата. Ама за трајност навистина е трајна Инаку на мојот список следна е Garnier color sensation ebony black , а претходно се фљрбав со Сајос теѓет црна и еве како 2ипол недели сум фарбана се уште си стои теѓет сјајот
Јас лично не сум задоволна од погоренаведената боја!Косата не ми прима ништо и баш ми требаат посилни фарби а оваа на гарниер ми паѓаше како луда! Но сепак пробај си,можеби ќе ти се погоди