Јас ја фарбав редовно косата на 2-3 месеци бидејќи само кај што ми е порасната тука ја фарбам а надолу и ставам од фарбата за да има сјај.Но сега бидејќи сум бремена не сакам да се фарбам,а сакам да ми биди коренот пак црн и да го има тој сјај што го имам како фарбана.Предлог некој за колор шампон или друго нешто...?
јас со оваа фарба се фарбав пред 2 месеца и многу ми се допадна , ги имаш во сите супермаркети , инаку е без амонијак фарбава
Да ја активираме малку темава. Јас сум природна црнокоса, и користам фарба само за да добијам поголем сјај. Најчесто тоа се фарбите на Палете, Субрина или во последно време Evolution со тегет сјај. Тегет нијансата паѓа по неколку миења, и останува баш идеално црна коса Искрено, никогаш не би ја сменила бојава, мислам дека ми одговара одлично на тенот, плус ми е прелесна за одржување. Порано се фарбав малку почесто, ама сега гледам дека немам потреба од еднаш на три или четири месеци, дури и повеќе. Толку е слична природната боја со фарбата... Така што имам среќа Имам долга и густа коса и никогаш не сум забележала дека фарбите ми ја оштетуваат.
Исто , обожавам црна коса со тегет сјај. Со години се фарбам така а ако сменам боја набрзо пак се враќам на црната. Кажи ми задоволна си од Еволушн црниве фарби? Кене имав пробано ама некако брзо ми се изгуби тегет сјајот.
Да, задоволна сум. Трајна беше, убав сјај, нема што да се жалам. Долго време немав потреба да се фарбам пак, така што ја препорачувам. Е сега не знам каква е твојата природна боја, мојата си е црна, па и да останам подолго нефарбана, не е многу забележливо. Генерално сум задоволна од сите фарби освен од Garnier. Многу слаб интензитет има бојата, тегет демек а иста како мојата природна.
Балзеси ти , јас темно кафена имам , ама задоволство ми претставува фарбањето пред некое реме од плава платинеста прејдов во црна тегет и сега никако не може да се покрие косата изгледа поради тоа што беше бланширана. Сега ја фарбам и ја шишам на две недели да се тргне тоа бланшираното па да почне да си фаќа нормално бојата ко порано. Фала ти , наредно со Еволушн ќе пробам да се исфарбам
3 години сум црнокоса инаку природна сум темнокостенлива. Иако сум млада ете имав по некое бело влакно па почнав да ја фарбам прво со фарба со иста боја како природната ама потоа преминав на црна и мислам нема никогаш да сменам. Во последно се фарбам со гарниер натуралс чисто црна со бисерен сјај. Презадоволна сум и забележав дека многу подолго ми трае од другите а косата ми е мека и навистина има прекрасен сјај. Иако фарбана делува многу здрава. Мислам дека има од истата со тегет сјај.
Црна фарба без амонијак ако ставам дали ќе падне? Претходно многу брзо ми падна. Сега сум со кна, а коренот ми е израснат и грдо е упм. Не сакам засекогаш црна да останам, ама барем да изедначам додека да израсне и да ја снема кната. Ако ставам црна боја без амонијак врз кна што ќе ми се случи?
Ќе ти покрие на коренот тоа сигурно. А кната да знаеш не излегува со ништо. И јас се зезнав со кната каде ми испопаѓа косата , па бев на фризер да сменам боја и со ништо не се извади па кратко до уши се шишав Фарбата без амонијак избледнува ама 100% дека ќе испадне, тоа не.
Се фарбав црна во средно. Ама исклучиво на фризер. Исто пари ми излегуваше дали дома или на фризер затоа што предолга коса имав. Од продавница ми требаа 6 фарби за да се покрие затоа што се мали, а на фризер со 3 бев покриена. На фризер немав платено повеќе од 1000 ден, а ем исфарбана, исфенирана па и потстрижена. Се фарбав на 2-3 месеца.
Не се разбирам баш, па да си прашам тука. Дали колор шампонот е помалку штетен од фарбата? Прв пат се исфарбав со колор шампон, црна, иначе природно ми е темно кафена, смеѓа, како да кажам.. Ама сакам ептен црна да ми биде, а не сакам да си ја оштетам и да ја горам со фарби, таман ми се опорави. Па, дали е океј со колор шампон да ја фарбам на месец дена, да речеме? Нема да ми се оштети? Колку што знам, за некоја недела и онака паѓа бојата.
Од едно фарбање, нема шанси да се оштети косата нешто ептен многу. Можеби ќе биде малку сува, но не е тоа нешто што не се решава. Малку протеинска маска со кератин или шеа путер, ко нова ќе биде. Башка што и не е некоја огромна промена во нијанса. Друга приказна би било ако сакаш да добиеш руса од темнокафеава, ама за црна од кафена не гледам некаков проблем.
Да да, тоа знам, ама постојано ако ја фарбам, почесто, еве пример на месец дена, нема да се оштети многу?
Нема, особено ако станува збор за црна фарба. Мислам дека ставаат слаб хидроген, 3% или 6%. Јас кога се фарбав црна ми беше многу здрава косата и навистина се зезнав кога почнав да ја бланширам
Леле преубава ти е Исто и мојата, многу сјајно и здраво изгледа сега кога ја исфарбав црна, ама со колор шампон се фарбав јас. Што фарба користиш? Мене ми препорачаа некоја FreeLimix, во Александар Козметик ја имало, најмногу се задржувала бојата, демек. Па не знам дали следен пат со фарба да се фарбам или да си терам со шампонот, се мислам.
Тука на сликата, ја користев на Aura Velvet ton 1 black. Убава боја и трајна. Сликава е од пред 3 години. Од октомври минатата година од бела плава ја затемнив во кафена и пред НГ се исфарбав црна. Сега ќе терам секако се црна, сакам да ја вратам како што ми беше. Ми беше доста оштетена од бланшот, па не ми примаа фарбиве особено кафените. Во декември се фарбав со Палете делукс, а сега земав blue black на Aura со нив ќе терам до април ќе видам како ќе ми се измиваат.