Читав дека со колор шампон се имаш поминато. А зошто не се исфарбаш црна? Јас се фарбам со тегет боја на Палете и супер ми е, ниту паѓа бојата ниту ништо.
Да, до пред скоро време со колор шампон се поминував. Ама сега со Ревлон фарба се исфарбав, многу убаво испадна. Ќе видиме колку ќе трае. Со Палете порано се фарбав, брзо се измиваше.
@koritsaki Како си задоволна од Color Vive регенераторот? Како се покажа, дали е ефикасен? Јас сум задоволна, супер си ја врши работата. Приметувам дека не ми се измива црното додека се бањам, бојата е сѐ уште истата, интензивна и сјајна. Дава дополнителен сјај. Не ми ја плетка косата, помага за расчешлување и преубаво мириса, како и сите други препарати за коса на Лореал. Ама како да ми ја мрси косата многу брзо. Не можам да тврдам дека е 100% ради него, ама откако почнав да го користам се забрза мастењето. Веќе наредниот ден ми е премногу масна, како да не сум се измила. Дали и кај тебе е така или?
@Panda00 Да , истото го имам забележано дека косата е посјајна , дека поинтензивна е некако бојата , одличен е навистина. Јас ставам сосем малку зошто и така имам тенко влакно , регенератор и маски ставам ептен малку една мала капка да речам кратка ми е косата, над рамена. И шампонот и регенераторот одлични се
Епа може и до тоа да е проблемот кај мене, јас малку поголема количина ставам дека имам долга коса. Мојата е густа, ама влакното ми е тенко и може ради тоа да ја масти. Плус и подолго време го држам, се заборавам. А знам дека регенераторот треба побрзо да се измие, не да се држи како маска. Во секој случај, добар и ефикасен производ. Ти ја препорачувам и Ревлон фарбата, до сега најдобра и најубава нијанса. Без амонијак е, а бојата стварно интензивна, сјајна и долготрајна. Не се измива лесно како другиве. Следен пат blue black ќе земам, да бидам уште поцрна. Иначе сакав да те прашам и за поскапата линија на Лореал, Vitamino Color. Дали ги имаш користено? Гледам кај вас во Грција се поевтини отколку во Еликсир и Hair Shop, па ако се добри може да си се почастам една маска кога ќе одам.
@Panda00 Да, јас ептен кратко го држам регенераторот, можеби 2 минути и се мијам. Ќе ја пробам наредно таа фарба , иако задоволна сум од Aura velvet ton , ќе и дадам шанса За loreal vitamino color, шампонот го имам пробано ама оддамна многу и тоа беше тестер од 15 мл , не се сеќавам како ми одговараше. Во октомври минатата година ја земав оваа линија Што е специјална линија за фарбана коса, ми имаше кажано фризерката да ставам ептен малку од регенераторот и маслото ама не ми се допаѓаа толку ми ја слепуваа косата , на крај ги подарив. Лореал елвив ми се многу подобри.