дечки, дајте ми некоја идеја каде да идеме со дечко ми и што да правиме. Свежи сме, идеме два месеци и само шетаме низ парк или низ Скопје или на пиво, што е супер ама ми е страв дека не делува интересно или дека брзо ќе стане монотоно. Не сум тип што многу сака да седи на кафиња од типот на Броз или Плеј... Дајте ми интересни креативни идеииии порфавор ) фала виии многу
Сте пробале кино или да играте билјард? Јас со мојот идевме на билјард, и иако не знаев многу добро да играм ем научив ем се смеевме со моето незнаење ем забавно е
Кино да ама знаеш дека и тоа е досадно со тек на време ... кај идевте на билијард? да тоа звучи интересно
Излезете на некоја романтична вечера, зачинете ја со некој добар пијалок тие вечери се секогаш добродојдени и позитивни во секоја врска. Но сепак запомни дека секогаш не планираното излегува дека е подобро од планираното
Одете на Матка кога се гледате денски, одете и до крстот на Водно. Можете и навечер да одите на Водно, на средно Водно купете си пиво и грицки, слушајте музика во кола и разговарајте.
Имаш и во City Mall горе кај Bowling и таму сме биле а еднаш и отидовме кај железничка има едно убаво место, и поевтино е каде каде од City Mall
Совет од машко до машки: немојте да им клекнувате. Ќе мислат дека ги запросувате. Одете во кинески ресторан.
^^^ Elissa бре, ме пресмеа Иначе за дејт беше работата,... па може и на Водно, со жичара,... иначе може и погрешно да те разбере. Па сеа види ти.
Ресторан, кафич, базен, парк, покрај езеро, покрај река, пикник, куглање, картинг, лизгање, кино, театар, музеј, спортски натпревар... и уште еден куп други.