Периодов ни е премногу напнат, како во пошироката јавност, така и на омилениов ни форум. Дојдовме до степен на препукувања и навредувања, кој е про, кој контра, се изнесуваат аргументи, па следи пред и потоа, денес и пред години, вреди или не вреди... Мислам дека можеме младоста да си ја проживееме со повеќе смеа, хармонија и да ја исполниме со нашите вистински интереси. Да не интересираше политика, досега на бојно поле ке бевме и ке сменевме нешто, нели? Како и да е, ова е отворена тема за вашите предлози -Што со гласачкото ливче? Што ке напишете, ке заокружите... како тоа ке го образложите? под број 1, под број 4... ке нацртате , или ... ке се заколнете писмено ли на вечна љубов кон лидерот на партијата или кон вашиот љубен... ке го глорифицирате ли вашето папагалче или ке изиграте моно-икс точка? Јас ке нацртам точак. Мојот заштитен знак. Со точакот ке одам напред, кон Европа без граници, а со точаци. Истовремено здрава средина и здрав дух. Ин хелоу боди, хелоу гоуст.
Се мислев за дрво или птица ама ќе разгледам некои ваши предлози, се надевам дека ќе го направам правилниот избор
Јас дека летен период, најверојатно ке бидам поетски расположена, па настрана ке има напишам некое песниче "...Избори, збор што со убавина зрачи, за Николче и Бране многу, мноогу значи, знаменца, ветувања и пенкала во различни бои, бесплатно си добив и сега си се мои Со спрејче прсната, на скриено место поезија си творам, море да си одам побрзо морам, да не спука некоја пушка, да треба да се борам..."
Дефинитивно го правам неважечко, само уште немам смислено што да шкртнам Ке видам во моментот како ќе сум инспирирана, некое човече, карикатурче, стрипче... Или како што направија стотина гласачи на минатите претседателски избори - ќе гласам за Чак Норис
Јас би основала партија на искрената насмевка. Сееме насмевки кај што одиме. Со тоа би се потрудила да има причина за насмевки. Секако. Да не биде тука, на ви џоинтче и ај да се смееме а кога ќе ни помине дејството, ајде да плачеме Е сега пошто се знам каква сум, заштитен знак би ми била тулумбата или еклерот. И секаде би правела на митинзите слатки колачиња. Ко Моника во Пријатели ви текнува? Кога сакаше да ги усреќи сите комшии и на крај се швркна од тоа? Така да замислете ме со бушава коса, со кецељче, и месам ли месам. Други ќе зборат и говорат за мене. Јас ќе месам. И сите весели и насмеани ќе си одат од моите митинзи а јас сите ќе ги прашувам - ви беше вкусно? Ајмо еклери и тулумби овде изволте!!!
Па, видете значи, размислувам за повеќе варијанти, така што ќе ви претставам само неколку поради ограничениот простор. 1. Идам на варијанта да поттикнам што повеќе с.. , овај љубов помеѓу малите, големите партии и народот. лов ми тендер, лов ми свит, невер лет ме гоуууу . 2. Да им дадам идеја за проект „зелениш“ и тука планирам едно цд да им бапнам со Аватар филмчето, чисто да видат како се гине за дрвце Јас сум градинарот што тревата ја расне... биди зелен ти, пошто сите сме зелени...! 3. „Хуз јор Сента“ ќе ми е третата варијанта, да ги поттикнам, чисто да поработат врз мојов глас на следните скорешни, дај Боже предвремени избори Ма, сакам кога мушкарци се тепаат за мене, пак и женки бе, оти да не, за љубав се умира 4. Или чисто да ги поздравам и БЦ и Г’ујо а ?!? Бране живели па доживели, скоро нови избори kWe, kWe, Здружението на жаби боксери сејс холоу, анд гуд бај !!!
Јас ќе ви кажам тетка ми што направила додека живееја во Битола Отишла да гласа, го земала листот и на масата сакала да заокружува, а не зад тие таквите (незнам како се викаат ). Некој од тие одговорните и рекол: -Госпоѓо, не смеете овде да гласате... Тетка ми му одговорила: -Дај пенкало да не одземам време. И допишала на ливчето името од тетин ми и го заокружила при што му рекла на тој: -Мене маж ми ме рани, маж ми ме пои, од него леб јадам и тој пари ми носи
Jaс право да ви кажам со задоволство ќе си гласам како што треба Само не би ви препорачала да пишувате свое име и заокружувате, тие таму многу добро гледаат и памтат
Поттикната од темата „Антипатични јавни личност“, јас ќе го напишам Драган Вучич и него ќе го заокружам. Замислете ја само неговата кампања: Биди сељак ти, биди сељак ти, ајде сите да бидеме сељациииии. Па го бива бре човекот, каква фаца вади само за на постер. Па видете го ова, патриотското би се разбудило во нас и веднаш би гласале сите патриоти на нашата напатена земја. О земјооооо.
Ако можев да гласам - а не можам, после изборите ми е роденден, утнувам за 10тина дена - тогаш ќе ја нацртав мапата на Македонија. Поголем осврт ќе дадев на Скопје, па на тоа спомениците, олкав Александар ќе им издигав на тоа ливчето. После тоа црквата, еден ОЛКАВ крст, да се крстат и чуваат од мене и од таквите како мене. Горе десно ќе го ставам Бикот, а пред него како бега Шмизлата, додека наоколу се свири ,,О Тешкото,,. Ќе направев ,,зградоред,, од тие новите објекти, машала машала, пола лист ќе пополнат. Просјакот ќе зазема почесно место горе во средина, затоа што е моментално најреална статуа во државава. Па ќе почнев да ги цртам патиштата, сосе дупки... Ма и некој колач ќе нацртав, оти знаете, кога нема леб - јадеме колачи. И образовниот систем ќе го нацртав, сосе компјутерите и фејсбук вклучен на нив. За инфлацијата ќе ставам слика од мене, се разбира со замаглено лице - пред и потоа. Е потоа ќе го цртам остатокот од нашава мила, мала и напатена, како една голема НУЛА - празнина. Во сето тоа обавезно од некаде ќе ѕирка Велија, од едната страна доле лево А1, од другата страна доле десно Сител. Двете телевизии ќе бидат претставени во ликот на две баби - затоа што само тоа и знаат да прават, да седат и да се оговараат едни со други. Има уште многу за цртање, многу голема инспирација имам од земјичево наше, ама не сакам да не им оставам работа на другите.
Ништо... Мислам дека ултимативниот сељачизам го достигна врвот. Чак што ни Драган неможе да им парира веќе
ние у друшто се договоривме сите да гласаме за еден другар, ќе го пишеме неговото име, до сега се собравме 10 души... уште малку ќе ги стигнеме некој провинцијални партии
Па подобро една ајкула зината да им нацртам, отколку да заокружам реден број фанатистички на следниот принцип: Заокружувам број 1, по бројот следи името на кандидатот, а под него цела листа, ја поминувам листата и допишувам - Овие се закон, да даде Господ закони да носат. И така и така неважечко. Вака барем фатот на рачево уметничко ке го извежбам.
За моето прво исполнување на ова извонредно граѓанско право, во нашата прекрасна државичка ќе им подарам едно магаренце. И така само прават магариња од нас.