1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Иднината на земјата по референдумот

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Nigredo Odor, 20 октомври 2018.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Во зенитот на политичките збиднувања, и преголемиот фонд страници испишани во темата од општ карактер - "Aктуелни политички настани" би било фер да биде отворена засебна тема која ќе биде исклучено посветена на пост референдумските случувања.

    Како што веќе знаете, вчера во доцните часови беше донесена Собраниска одлука изгласана од вкупно осумдесет пратеници, за промена на уставното име на државата.
    Токму ваквата одлука, доколку мине низ неколкуте предвидени фази кои допрва следат, (а од кои вчера мина само првата), опфаќа неколку круцијални а истовремено и идеолошки прашања и измени врзани за најбитните државни столбови - правниот, образовниот, археолошкиот и културолошкиот сектор.
    Покрај тоа, ги отвараат и прашањата за македонскиот идентитет (дали тој ќе остане идентичен во својата ,,примордијална" форма). И секако, прашањето кое ја опфаќа безбедноста на државата, која наводно се смета за загарантирана само доколку се отворат шанси за влез во НАТО, а подоцна според оптимистичките очекувања и во Европската Унија..

    Со таа цел, ќе се обидам што е можно повеќе да ги прецизирам и поедноставам прашањата наметнати од ваквата одлука. Тие се следните:

    Дали новите документи кои ќе го содржат името на државата навистина би имале правен легитимитет?

    Дали мислите дека традиционалните обележја како и куртолошките/традиционални амблеми и симболи етапно би добивале потполно нов облик, и ако да каков?

    Дали одредени празници врзани за историјата на државата ќе бидат преименувани или преземани (модификувани)?

    Дали ваквата одлука отвара шанса за влез во НАТО, и ако да, дали на тој начин автоматски се добива поголеми шанси за безбедност, а потоа и за влез во ЕУ?

    Доколку имам пропуштено некое битно прашање, или точка врзани со пост референдумските случувања, чувствувајте се слободни да ги споменете, и продискутирате како би имале што е можно поквалитетна дискусија.
     
    Последна измена: 20 октомври 2018
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Која иднина... Онаа во која албанскиот елемент зајакнува и преовладува на сметка на словенскиот и православниот, елиминирајќи потенцијално продирачко руско влијание. Вековни борби се овие, постари од секој жив тука. Нема светла иднина за тој што не го познава минатото и не учи од него.
     
    На H.VAGA, SummerGirl, minneymouse82 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.717
    Допаѓања:
    42.933
    Пол:
    Женски
    @sjdgo минатото е минато.
    Живееме денес, романтизмот е одамна завршен па да се осврнуваме кон минатото.
    Ако веќе го гледаме и го бараме минатотo.Ајде да ги вратиме Александар, Цар Самоил и сите други?
    Ајде да ги вратиме сите оние кои душата ја дале за оваа земја.Ајде да си ги вратиме одземените територии.
    Можеме ли?Не можеме.Минатото нити можеме да го вратиме нити та го поправиме.Животот иде понатаму што и да се случува.Живееме ДЕНЕС.
    Голем оптимист сум и во секоја ситуација гледам да го извадам најдоброто макар и трошка било.
    Мислам дека ќе биде подобро, заслужуваме после ова да ни биде подобро.Заслужуваме поголеми плати, подобро здравство, почисти улици, заслужуваме младите после школувањето да останат ТУКА, да им се отвараат врати и да не бегаат на север.
    Многу работи заслужува македонскиот народ.После толку векови ропства и малтретирања од СИТЕ.Значи од СИТЕ.НИЕ заслужуваме мир и спокој.И треба да си го добиеме тоа.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  4. A.27

    A.27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2018
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    740
    Пол:
    Машки
    Нема иднина без добро минато:( ;)
     
    На girl-miri и Shmizla94 им се допаѓа ова.
  5. Slavicak

    Slavicak Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2016
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    606
    Пол:
    Женски
    Ако влеземе во ЕУ и НАТО со македонски пасош ќе можеме полесно да се одселиме на север па нашата мила мала Македонија ке си остане држава на пензионери.
     
    На Dust и LoveHope им се допаѓа ова.
  6. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.717
    Допаѓања:
    42.933
    Пол:
    Женски
    Нема врска.
    Учам моментално историја периодот на 1ва светска.Цела Земја била опфатена.
    Русија конкретно била на велико експлоатирана од САД, Австрија и Унгарија биле едно и губеле од СРБИТЕ.Види ги денес тие земји?
    Русија е една од најмоќните земји денеска.И Македонија во времето на Александар била голема сè до Индија па пропаднала.
    Секоја земја си има свои успони и падови.Не сите издржале кризни периоди.
    Грчка не беше задолжена до пред некоја година до гуша?Па искочи од таа криза?Ем искочи ем дојде до тоа услови на нас да ни поставува.
     
    На Shmizla94 и daylight им се допаѓа ова.
  7. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Каква иднина :puke: Прво ќе плаќаме сите од џеб за промена на документи,тоа значи и прогресивен данок :P Нови униформи за војската,нов поредок целосно.Второ ќе ни го збришат идентитетот.Нема веќе македноски,нема Александар,нема прва црква во Европа,ќе бидеме славомакедонци-дојденци во 9 век :headbang: Пардон,под националност ќе стои Македонец/граѓанин на Р.Северна Македонија...Никаде невидено во светот,мешаат националност и државјанство.И пак не е случајно,на тој начин сме целосно етнички избришани.А доколку некој е апатрид како ќе се декларира по националност? :?: Правниот систем ќе колабира,сигурно.Преамбула ќе се менува,која патем се менува само кога се носи нов устав,а не како кај нас,на секои 17 години оп :rofl: Можеби ќе влеземе во НАТО,а можеби и не...Турција баш и не не сака со северниве придавки,па може вето...:?: А за ЕУ,ќе посонуваме уште долго.Прво покана за преговори,па чуда...А со ваква „демократија“ почнувајќи од местата каде што демократијата треба да биде столб,уште долго ќе сонуваме.На крај ќе станеме вештачки народ,чија историја се темели на „грчка и бугарска основа“,со сменето име,и пак ќе трчаат по бугарски пасоши.Попусто е радувањето дека со северен пасош од ЕУ ќе се бега :rofl:
    Култрното наследство ќе биде обележано како хеленско ]:)
    Пред се како човек и македонка сметам дека ова е катастрофа и геноцид врз македонскиот народ,како граѓанин на оваа земја и како правник-ова е класично предавство.
    Кога ставовите би биле малку пообјективни,а помалку субјективни,ќе се види големата слика.
     
    На girl-miri, Alishan30, SummerGirl и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    925
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Нема иднина. Македонија заврши овде.
     
    На girl-miri, SummerGirl, Shmizla94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Се надевам немаш петка по историја. Русија, КОНКРЕТНО, е светска сила два-три века минимум, што е очекуван статус за држава со најголема територија.
    Србија никогаш не била фактор во споредба со Хабсбурзите, Австро-Унгарија, Австрија...
    Грција нам ни поставува услови од 1991 наваму и не престанува. Патем, се уште е економски пропалитет.
    А ова што со Македонија се случува денес се исти шеми и планови од почетокот на 20. век.

    [​IMG]

    Тебе никој не те прашува каков сакаш да биде животот во Севернистан за да го уреди по твој терк, не фантазирај. Толку соништа си изнапишала во еден пост, светот не е она што ти очекуваш да биде. Немој да бидеш толкав оптимист. Роден опинок во 99% од случаите умира како опинок, остатокот имаат огромна волја и енергија, к'смет и ак'л. Не е тоа така како што си замислуваш, еден ден Македонците колективно ќе се разбудат и животот магично ќе им се промени.
     
    На H.VAGA, Alishan30, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  10. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.920
    Допаѓања:
    49.981
    Пол:
    Женски
    Уште на времето кога ја поделиле Македонија подобро некој нека ја зел место вака да се брукаме со сменување на има и ред други работи, па можеби ќе е било така подобро.
    Дали ќе биде подобро откако ќе се промени името? не верувам бидејќи никогаш не е било добро, можеби е било но само кога сме биле во Југославија.
    За во влегување во НАТО не знам, ама за во Еу не верувам можеби далечната 2030 година или никогаш. Да сакале да не примат во Еу одамна ќе се случило тоа, а сега сменете си се и на крај со стап ќе останаме.


    Сега сигурно Гоце Делчев Питу Гули и останате се превртуваат во гробот.
    За џабе животот си го дале.

    [​IMG]
     
    На girl-miri, H.VAGA, Alishan30 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    И мене нешто ми вели дека ова е многу лоша работа која ни ја скроија. Допрва ќе си ги видиме последиците. Нови документи, како од сега да стартуваме од 2018 година. Мислам дека сме дебело изиграни и дека скапо ќе платиме. Кој ќе не прими во НАТО и ЕУ без да исполниме критериуми? Кој ветува дека Грција нема пак да ни стави вето? Кој гарантира дека и по Северна Македонија за нив нема да бидеме Скопје? Кој? Еве помина во Собрание, и грчките политичари велат Скопје. Сами сме криви. Многу сме неспособни. Жално за сите кои вложија за промоција на оваа земја, таа од вчера е нова земја, си направи рестарт благодарение на неколку будали. Жално е за Даме, Гоце, Сандански и сите други. Ништо нема да видиме од ова. Тонеме...
     
    На H.VAGA, Alishan30, didi1982 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. b0janix

    b0janix Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2016
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Машки
    Интересно е тоа што вие паѓате у несвест за идентитетот и историјата, не знаете како луѓето тука се декларирале до пред два века, значи си има турски пописи, разгледајте ги. Тоа што од 45 та наваму, и особено од 91 ва, ви се пере мозок за македонска нација и за вековниот сон на македонецот е друга приказна. Јас проблемот во ова го гледам единствено во начинот на кој што ова пробува да се протурка и ветувањата кои што делуваат ко да лажат мали деца, од типот 500 евра плата, мед и млеко ќе тече, па уште кога ќе видам кои се најгласни поддржувачи, кои цел работен век го поминале со гурање и врски, па уште кога ќе кажат ќе тргне конечно работата, ми се иде да прснам од смеа. Работата не тргнува ради нас самите не дека некој нас не блокира и не спречува. Еве ви типичен пример со предпристапни ипа фондови, споредете Словенија и Македонија или Бугарија и Македонија, Македонија имала на располагање 700 милиони евра средства во период од 2007 до 2013 од кои се искористени некои минимални средства, значи ние не сме способни да обмислиме асален проект со кој би аплицирале за средства, заради тоа сум песимист, не заради некои виши сили кои ќе ни помагаат или не спречуваат.
     
  13. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Нема да ја полнам сопствената тема оф топици, само сакам да се надоврзам со статусите и твитовите кои кружеа изминатите дваесет дена. Пишуваа дека ќе имаме долга, политички тешка и студена зима. Гледано од сегашен аспект за жал зимскиот третман ќе ни биде само предигра, загревање за она што допрва следува. (n)
     
  14. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.835
    Допаѓања:
    2.073
    Jас верувам дека ке ни биде подобро, но мора да бидеме мудри и да работиме.
    Сега ние си ја отворивме вратата кон тие сојузи, дого време бевме блокирани мораше да се реши колку и да е болно.
    Сега треба да ја извршиме постапката тука кај нас, па да иде Кај Грција на ратификација.
    Почнуваме преговори за во Нато тие траат некое време
    Кога ке се заврши таа цела процедура здравје стануваме членка.
    Со тоа ни се обезбесдува стабилноста, ќе имаме повеќе инвестиции пошто стануваме побезбедно место. Сума сумарум не е важно и кој би бил на власт ова е долгорочен процес и како држава се изборуваме да деме напред.
     
  15. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.835
    Допаѓања:
    2.073
    Нема сигирно сега одма да влеземе. Тоа нема да се случти толкју брзо,но сега е важно дека се одблокиравме. Грција со договорот кога кего ратификува, добиваат согласност сите земји членки и одлуката сеусвоојува. Чим ке ја усвојат кога ке кажат има мислам период загодина ипол би станале членка во Нато. А За ЕУ како ке почнуваат променитее кај нас за внатре, истовремено ке ги отвараме поглавјата, но тука треба работа и посветеност за тоа.
    Како што на Црна Гора , На Албанија им се зголемија инвестициите по Нато , така ке биде и кај нас. Само треба да бидеме мудри и паметни.
     
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.717
    Допаѓања:
    42.933
    Пол:
    Женски
    Имам 5ка историја да и тоа во дневник замисли.Дада во право си.
     
  17. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    5.441
    Пол:
    Машки
    Ќе има многу придобивки за економијата и бизнисот. Ако останеме надвор од ЕУ и Нато, за некоја година ќе можеме само во Албанија да одеме, и за Србија ќе ни уведат визи. Пример Србија го отстапува Косово како услов за влез во ЕУ и Нато, ние треба да смениме име. И немојте со патриотизам утре од сабајле со револвери и сабји да мудрувате. Прогуглајте малку се што може да постигнете акосте во ЕУ, а што може ако останете црна оФца на континентот.
     
    На monibejbi му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Мислев на раче ви ги пишат.

    Мене ми зборува да го заборавам минатото. :D Обрати се до големите сили да престанат со повампирување на Студената војна, на пример. Ти следува Нобелова ако ги разубедиш :D
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.558
    Допаѓања:
    171.457
    Пол:
    Женски
    Е така..многу од вас македонците се удиравте во гради дека ќе излезете да гласате за европска Македонија, за Северна Европска Македонија ...
    Гласајте си..
    Продајте си го газенцето за иднина која нема ни да ја дочекате..

    Голем дел од нас тука сме 25-35 год.. ако додадеме на тоа 7-10 год за влез во ЕУ, нема ни да успееме да се иселиме со северномакедонски пасош во ЕУ..
    Наместо да се стремиме кон подобро образование за да можеме да бидеме некои и нешто па самата ЕУ да не бара, ние сакаме по секоја цена да им одиме да чистиме тоалети и да работиме во Мекдоналдс..работи кои тука им се испод чест на мнозинството. Ама добро плаќале....еее достоинството или го имаш или го немаш, работното место не те прави (не) достоинствен човек.
    Има и сега начин за иселување де...дајте изгуглајте и аплицирајте..
    Наместо да слушаме како некој македонец измислил и патентирал некое чудо, како некој се вработил во НАСА и тако даље, ние ќе читаме колку македонци се иселиле во ЕУ...е голем успех е тоа жими се..Додека некои нобелови награди добиваат и ги има на ТВ, нас ќе не има за тоа како Северна Македонија од 2мил жители, за 1год станала 1мил..Феномен.

    За да дојде минималната плата до 500 евра во Македонија, цените на многу работи треба да се покачат. Кило грозје пред некој ден го купив (во Германија) за 3 евра, во КАМ е 40ден.. најефтина хотелска соба во Хановер е 60тина евра, во Берлин 80тина..во Скопје е 14.
    Како на хигиеничарката ќе и дадам 500 евра плата, ако од вас земам 14 на кои што плаќам данок и комунални услуги? Само придонеси се 230 евра за тие 500, па трошокот е 700+ евра по работник.
    Како на овчарот ќе му дадам 800евра ако сирењето е 250ден т.е +/- 4 евра?
    Размислете малку..
    Не ги споредувајте тие 500 евра со европските плати, таа плата не е европска.. мининалец мај ес..

    Ви замачкуваат очи со убави цифри кои во реалноста не се баш такви. Домашниот есап на пазар не излегува.
    ИПА и рурален развој... знаете дека до пред некое време искористеноста беше уште помала и пари пропаѓаа? Знаете дека до пред некое време еден просечен земјоделец не ни знаеше како да ги собере сите документи за да аплицира за еден трактор ако не повеќе? А денес после сите олеснувања и обуки, ти бараат деловен план за милион години унапред, па ајде еден полуписмен земјоделец од 70год нека го направи.. деловниот план има страни и страни

    А знаете дека тие 15.000+ евра треба прво да си ги истресат од џеб, а после да чекаат да им бидат субвенционирани (вратени) ДЕЛ од средствата? Кој земјоделец има 20.000 евра онака вишок? Банките ги стегнале ремените како да душата ќе им ја земеш..
    Ништо од тоа не е од помош за развојот...тоа е како да имаш чоколатце на третата полица во кујна, ама ти треба стол за да се качиш да го земеш..

    Имало ли патентирани измишљотини во МК? Имаме ли иновации на некој план па да добиеме средства? Имаме ли визија и проект за нешто? Да сме имале и досега ќе сме земеле пари..

    Можам да пишувам до утре сабајле..
    Јас сум МАКЕДОНКА и таква сакам да останам. А ако сакам да се иселам, ќе се иселам и со МК пасош.
     
    На MarigoldA, girl-miri, Justicija и 12 други им се допаѓа ова.
  20. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.422
    Допаѓања:
    4.545
    Нема иднина! Само ќе ги платиме од наш џеб сите пари коа ќе бидат потребни за промена на документи, униформи на војска и полиција и тн и тн... Ќе заглибеме за 20 века унапред, и никогаш нема да одиме во ЕУ! И иселувањето ќе биде уште помасовно. Еве и јас сум 23 години, студирам медицина и има магла да фатам од тука ако ни се смени името, ми де гади од политичариве и народов. И без пари и без име ќе бидеме!
    Се' дури не ги запали некој така кога се зберени на купче во собранието, никаква иднина немаме. Мора да се почне од 0, и не со овие политичари!
     
    На Alishan30, didi1982, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.