Иднината на земјата ќе ни биде: НАТО ќе не брани ЕУ ќе не рани а ни ќе го дрвиме на форуми по цел ден
Како започнувач на темата ќе се потрудам да го напишам и своето мислење најкритички што умеам. По не знам кој пат мора да им се додели орден на двете најголеми политички партии, за дефокусирањето на јавноста од реалните проблеми. Да им заблагодариме, што во текот на овие дваесеттина дена ни помогнаа да "заборавиме" на нашите мизерни финансиски примања, за недостигот од материјали и ресурси неопходни за работа во клиничките центри и оддели, за болните кои и понатаму чекаат со денови за да дојдат до инсулинска терапија, реагенси или базична медицинска опрема како стегачи и игли за вадење крв и пункција.. И секако, за неисплатените плати на агрономите, сточарите, земјоделците.. За целата низа дупки во системот која не следи низ целокупната транзитна криза, за која имам пишувано и реков дека ќе пишувам во секој следен пост од политички карактер. Сиот овој џагор, преплавувањето на медиумите и социјалните мрежи со централниот настан, е перфектно изрежирано сценарио, за да народот се замолкне и насилно натера да се помири со ненормалната ситуација која го крши граѓанското право во една држава. Обидот да се скрши уставот и автономноста на државата се граничи со лудило, и може да бида одлика само на деспотски систем кој ние како народ толку очајнички се обидувавме да го спречиме за да донесеме нов - пофункционален, а добивме идентичен, а можеби и полош. На кратко - Не мислам дека ваквата клаузула ги отвара вратите кон НАТО, а уште помалку кон ЕУ. Но, дури и кога би се случил влезот во НАТО, заштитата која би ја добиле од обединетите нации во случај на било какво ескалантно сценарио би била минимална. Додека, што се однесува до национални обележја, мислам дека ќе претставуваат збир од обележја соодветни на етничкумот кој живее во оваа земја. Во нив претпоставувам, стандардно ќе бидат содржани симболите како (македонско) сонце, (албански) орел, (бошњачки) ѕвезди, кои ќе бидат прикажани како структурално унифицирани елементи карактеристични за народите, со вметнување на религиски мотиви. Што се однесува до обежејата на војската, доколку би се примениле горе споменатите одредби, голема е веројатноста дека би наликувале на паљачо борци од циркуски редови. Следниот проблем со кој ќе се соочиме, се секако документите и нивната правна (не)лигитимност. Преголемиот фонд на зборови кои за еден просечен човек е тешко да ги изговори, а не пак напише и повика. За останатите работи нема ниту да дискутирам. Постоењето на верските празници или комплетно ќе се избрише или ќе се слават сите. (Позитивна ствар е тоа што ако се оствари втората опција, бар ќе биде весело цела година со по едвај 100 работни денови во просек). Што се однесува до економијата, очекувам повторно минимално 5-10% покачување на платите за најдоцна неколку месеци од сега, и укинување на повисоките пензии. Додека социјалната помош очекувам да остане иста. Историјата на државата ќе изобилува хеленско - бугарски идеолошки борци и андрогени детали преземени од сите соседни народи, јер сме мултиетнички пацифисти. (Оксиморон е знам, иронично е напишано). Очекувам умствено продлабочување на постоечките меѓуетнички тензии, наместо како што мислат оптимистично ориентираните про - евроспки овдешни членови и народи дека ќе се надмине и подобри. Очекувам правниот систем и понатаму да доцни со случаите, да нема слух за граѓанската правда, а СЈО да гони и осудува фантомски убијци за Смилковско езеро. И воопшто, апсурдно комични ситуации кои многу ќе наликуваат на романот ,,Процес".. И за крај очекувам неустишување на народската надеж за подобро утре, кое..нема никогаш да дојде. Времето ќе поминува, и наместо да се работи на подобрување на условите за живот, ветените креветчиња и детски соби, само ќе бидеме сведоци на сиромашни семејства на кои покривот ќе им се руши врз глава. Многу Тамари, Мартини, Сари, кои очајно бараат помош од институциите за лекување во странство. Генерации кои ќе растат со нова чудна и бесмислена историја чија структура не нуди идентитетска припадност која е важна за постоењето на една држава. А до тогаш ќе бидеме сведоци на многу убиени деца поради етничка тензија, изгубени животи поради километарските улични премини, и луѓе кои ќе чекаат полноќ за да пробуричкаат во локалното ѓубриво само затоа што некаде на телевизија чуле дека ,,храната се расфрла во изобилство".. Ех, мој народе..
Еј луње многу се прават тензии. Да престанеме со нив не ни се потребни Сето ова го правиме за да ни биде подобро и убеденесум дека ке биде. Нема да ни биде мед и млеко, никаде не е. Но после овој процес што ни се случува, мораме да се надеваме дека ке бидеподобро, треба да почнеме со сите претпристапни преговори ке треба да имаме пофукционални институции, ке имаме помош од европски фондови но и да знаеме правилно да ги искористиме. Сето тоа ако сме паметни и работата на тоа политичариве со помош на странците ке успее да имаме поквалитетна држава. Се од нас зависи но важно е дека го фативме правецоти ке се движиме во тој процес.Државата ке си ја сочуваме тоа е најбитно.
A [што ги жигосуваат пратениците ако гласале? Тоа е нивно право како ке гласаат. Зошто да идат затвор ако некој друг им наредил за 27? Нивна грешка е што го направилетоа тогаш,но несе должнида идат затвор зашто нема да гласаат. Големите структури на Вмро треба да се срамат со тој чин тогаш што беше тој хаос за 27. Никој не им е крив, Самите сисе виновни но не се должни да одат затвор ради нив. Ја отворија вратата кон еУи Нато тоа не емала работа.
И овој пат Македонците изгубија, а другите или им е сеедно или ќе добијат. Ние по обичај со празни раце. Ќе јадеме макарони од 25 денари, и ќе сонуваме за Европа. Жално за нас. Мислам дека ова е сериозна грешка, направена на сила.
Цела Источна Македонија е со бугарски пасоши. До 2014 само, имало над 100.000 македонци кои своеволно се декларирале како бугари. Од мерак сигурно не. Така да, нон сенс е сега да се натегаме и глумиме патриоти. Скоро триесет години стоиме во место, во мртва точка. Глумејќи патриотизам, пола држава ни се побугарчи и исели. Спорот со името порано или покасно мораше да се реши. Прашање беше кој ќе биде тој што ќе се нафати да го реши. Претходниве преговараа и шпекулираа со истово име и ќе го договореа, ама да не им беше криминалот посладок од напредокот на замјата.
Од надеж не се живее. Само затоа што некоја самохрана мајка се надева, не значи дека утре пред врата некој ќе и остави кошница со леб и млеко.. Знаеш ли во пракса како се искористуваат сегашните? Или знаеш само од тоа на тв што зборат политичарите што ЌЕ има...некогаш..
Сите кои владееја во Македонија досега се криви. Луѓето во Источна Македонија од мака земаат, што да прават. Јас не ги обвинувам нив, туку оние кои земаат бугарски пасош од што немаат што да прават. Бугарски пасош немам, никој дома немаме, и немаме намера ниту потреба да земаме.
Македонија ќе се поврзе ли на Турскиот ток? Или ќе живееме 20 години со идејата да работиме во Бургер Кинг во Германија? https://lider.com.mk/svet/aleksej-m...-moze-da-se-povrze-na-gasovodot-turski-potok/
Ха ха, да, да, секако. До денес зимаа бугарски пасоши ама од утре сите ќе бидеме со северномакедонџки(европски) и не глумејќи патриоти ќе му ја летнеме у Европа, евентуално Канада, Острелија, САД, Нов Зеланд бидејќи и за преку океани ќе имаме бољи услови, нема да бидеме веќе од третиот свет. Јак просперитет ќе има овде, затоа едвај чекате европски пасош, не дека ќе се гордеете со него овде, туку побргу да му ја киднете. Затоа џабе е потсмевање со лажните патриоти со бугарски пасош затоа што сте исти. Се продадовте за европски пасош, оние бугари, вие северномакедониџи, исти курац, мислите нешто подобри сте (во множина се обраќам на сите оние кои гласавте да ви отворат врата за во ЕУ) . Тие барем се пишаа бугари, а вие утре нема да знаете што сте, некоја нова мешавина. За жал ќе останете само како Катица(отвори, отвори,отворииии!!) Ниту ќе влезете во ЕУ, ниту тука ќе процвета, ниту пасоши за арбаитен. А ова со промена на името, жал ми е ама повеќе изгледа дека ќе добиете само променет устав во полза на шиптарите одн. новите северномакедониџи. Рамо до рамо, државотворен народ. Ниту спор ќе се реши, ниту пари од дрво ќе растат. По промената на Уставот, не само што ќе немаме минато, ќе немаме ниту иднина.
Zboram da se nadevame vo pozitivno smisla, no i da rabotime. No sega cim se nafativme ke rabotime po eden drug terk toa e razklikata. Rabotite ke pocnat da se menuvaat i nie poleka ke gi osekame tie promeni, no ne se preku nokj. Zemete citajte za zemjite clenki kako gi iskoristuvaat, se razbira sekoja razlicno spored kapacititetot no imaat podrska da. Чим зимаат значи имаат мака, неможеме онака обично да гледаме на тоа. Тое е проблем што не треба дапродолжи. Ние губиме со тоа,а интересно е и тоа што пола Вмровци имаат па пак се бунат за името. А од кај сте вие сигурни дека нема давлеземе во Нато и Еу? Од кај вие таа информација Ние допрва ја почнуваме процедурата, Грција ако не ја ратификува не важи договорот. Така е договорено. Ке влеземе во Нато ако кога ке се заврши цела процедура. Сигурно нема да се брукаат пред цел свет Странците а им одговора и да влеземе и на нив. Така не ширете дезинформации. И за Еу ни се отвора вратата но допрва таму имаме работа.Тоа беше работа штодо Пред некое време ни до тука не бевме стигнати.Непознато за нас.
Аууфф, далеку сме стигнати северномакедониџи или како и да беше. Никаде не стигнавме, се самоуништивме. Ако ние, што мислиме дека ќе биде полошо и дека нема да влеземе во ЕУ, шириме дезинформации, тогаш ве молиме и вас, сонувачите, да се симнете на земја и да не ширите дезинформации дека ќе влеземе во ЕУ. Колку имаме право едните, толку и другите. Ама ми се допаѓа твојата поетичност, оптимизам на долги патеки, пишување со толку возвишеност за унијата, што просто се губам и заборавам каде живеам, чувствувам како да сум отсекогаш дел од ЕУ, се до крај на твојот пост.
За жал многумина си го замислуваат баш таков влезот во Еу и Нато, е кога ќе ги плесни вистината тогаш ќе биде "весело"
Спомнав веќе после не знам колку време де се изјаснив дека внатре во душата воопшто не е ми е мило што името ќе се смени.. не сум за.. Шубе ми е не убаво ми е не знам еве.. Ама јас мислам дека македонија нема да влезе во еу ни сега ни за 5 6 години.. можеби за 20 30 ама денес нема нити во блиска иднина оти навистина е нереално, навистина немаат капацитети никакви за да влезат.. А и да влезат што не е можно што ќе се смени? Во бугарија и романија што се смени, масовното иселување? Јес да бугарија е пред нас ама и бугарите се пола излезени од таму за подобра иднина и ич не се фалат од тамошниот живот А кој си имал и ќе си има тоа нормално е. Не, не можам да поверувам никогаш дека ќе влезе во еу а камо еве среќа да влезе што ќе се случи уште пола од народот што остана ќе се исели.. Не знам, читам гледам слушам се полошо и полошо Грутка и срцево имам а не сум патриот ама па ич не убаво ми дојде кога едни срби ме нарекоа тука северно македонка Сепак сум кажувала дека сум македонка иако не сум истакнувала и не сум била никаков патриот сепак ми е жал што нема веќе да е така. Мое мислење.
Наредно проширување за ЕУ е 2025та. Годинава на самитот го изјавија тоа. НАТО ќе има проширување 2019та.
Дај боже вајлд да се случи чудо и да се влезе.. Еве дај боже сакам и јас Ама скептична сум од причина што капацитети ниедни не исполнуваме И пак ќе кажам не ми е мило за името Ова за себе си зборувам
Сите знаеме дека не исполнуваме услови. Ама за 6 години, држава со помалку од 2 милиони жители (каква што сме), може да се адаптира, донесе и спроведе закони и регулативи..
Читав некна на вести едни викаат статистика вика дека над 600 000 жители се иселени. Татко ми вика повеќе биле У скопје е друга приказна и друг свет појдете накај истокот у малите гратчиња никого нема само пензионери паралелки со по една група од 15 20 дечиња.. Фамилии и фамилии масивно се селат од малите градови само летото колку видов низ фб мое пријатели заминаа словенија со се деца, може едно 10 фамилии по 4 души сите.. Којзнае тој пописот што ќе каже Нешто помалку од 3000 души гласале за парламемтарните..