Ништо посебно нема да се случи ке има рецисија во целиот свет но за година до две ке се излезе,но дали само ке заврши со ова?Да не се пушти друг вирус понатака кој ке биде посмртоносен тоа ме плаши? Ке видиш дека сево ова брзо ке се заборави,памти што сум рекла,дури ке се зезаме,ке биде само едно мало сценарио од нашите животи.
jas sum definitivno pesimist vo vrska so se ova, da pocnam od nas konkretno jas, veke mesec i pol sme vo mnogu losa finansiska situacija sto ke jademe od utre pojma nemam, pari bukvalno 0, smetki za struja, voda internet uste od dekemvrvi neplateni, (aj sega ne iskljucuvaat no se trupaat, kako ke gi platime so edna invalidska penzija? plus hrana i lekovi?) e sega, ako ne od denes za mesec-dva mislam deka 50% od semejstvata ke bidat ko nas , sto ke pravime? od utre neznam sto ke pravam ne za ponatamu (mislev od maj ke se sredi ama nema) a deka ke trae ova, ke trae mnogu meseci ako ne i godini i toa na sekoe pole aj sto mi e strav od virusot veke ne sum sigurna ni dali psihicki sum vo red ai mnogu okolu mene, site /bar poveketo se na kraj so zivcite, reagiraat/me za sitnici koi inaku i ne bi gi primetile se propadna i zdravstvo i ekonomija i obrazovanie i se nisto veke ne e vo red a ni nie lugeto, i ova ke trae dolgo poubavo da prekinam sto se mislam zosto esej ke napisam, nakratko pesimist sum vo vrska so se ova sto proizleze so virusot edinstveno nesto dobro sto gledam e sto zagaduvanjeto na vozduhot globalno se namali ama pak, samo od vozduh ne se zivee
Se slozuvam.Kratkorocno nema nisto da se smeni no za da se slucat opstestveni promeni potrebni se mnogu godini duri i decenii.Korona pandemijata samo ke go ubrza krajot na liberalnata demokratija i doagjanjeto na suverinistickite dvizenja i pogledi.Nesto sto go gledame poslednite nekolku godini sirum niz Evropa.Mnogu mladi povtorno ke go primat Boga vo sebe.Ke se zgolemi intereresot za ziveenje na selo i samoodrzlivost vo proizvodstvo na hrana. 5g tehnologijata i robotikata ke zgasnat mnogu profesii.So toa ke se zgolemat mnogu socijalni tenzii.Mnogu luge spasot ke go baraat vo seloto,proizvodstvo na hrana,ziveenje vo mali zaednici.Za toa ima zboruvano i Gospod.Doomsday scenario.Site raboti se poklopuvaat.
Па ништо нема да биде исто. По оваа биолошка војна мислам дека следува друг вид на војна:глад,сиромаштија,зголемување на стапката на криминал.... Дали ќе се смени на подобро,не сум сигурна. Малкумина ќе бидат тие кои ќе извлечат поука од ова искушение.
Денес на темата-проширување видици. После ковид, роботи ќе бидат медицински сестри Најнови информации од Индија https://economictimes.indiatimes.co...al-tries-to-find-out/articleshow/74840159.cms
Првата една недела после карантинот имам чуство дека државата ке биде во хаос натаму наваму кој не е завршил некоја работа да заврши, забава, кафиња, шетање. А во иднина мислам дека народот повеке ке внимава на здравјето когас е во прашање имунитетот исто и вакцинацијата.
Оваа идеја постоеше уште 2018 година, со таа разлика што тогаш сеуште немаше простор за имплементација. Сега по рецесијата ќе имаат добар изговор за отпуштање на персоналот. Што е подобро од евтина работна рака? - Бесплатна работна рака. https://interestingengineering.com/15-medical-robots-that-are-changing-the-world
Не пишав дека се бесплатни сами по себе, пишав во однос на работна рака, мислам се подразбира. Не мора државната каса да двои секој месец плата, бидејќи се за трајна употреба. Инаку, секако дека се вложени илјадници евра минимум за ресурси и усовршување веќе постоечки механички функции. Потоа за модуси и програми преку кои би биле ракувани.
Гледам како луѓето се менуваат (се надевам за постојано). Знаејќи дека мава на луѓе со послаб имунитет, се грижат повеќе за своето здравје. Се восхитуваат на црцорењето на птиците, нешто што и порано го имало ама било "изгубено" покрај сите џагори и звуци од автомобили и сл. Јасно ни е на сите која е моќта на физичкиот контакт со луѓето, колку значи разговор очи во очи, прегратка која смирува. Убавината во прошетката. Колку е важно да ги пратиш предавањата редовно, колкава важност има да колега ти помогне со некој проблем при учење.. Ова се навидум ситници и површни работи, но доколку продолжиме да гледаме вака на работите, ќе има некаква позитивна промена. Е сега, за економија и слично. Не сум стручна ама факт е дека ќе се трпат загуби. И сите ќе почувствуваме како е. Богатиот може има пари, ама и на него помал прилив ќе му влијае. Од друга страна, државав можеби ќе се свести дека со финансиите мора подобро да се раководи. Да се вложува во здравството и да се вработуваат само способни доктори. Со врски вработените само придонесуваат за лошо. Мислам дека туризмот ќе трпи многу. Колку и да ги има што ќе шетаат веднаш штом се отворат граници, мислам дека поголем број се исплашени и спремни да поминат лето дома. И можеби во наредните месеци после крајот на пандемијата, пак ќе се држи дистанца пред маркети и слично. А можеби не.
Замислата ми беше таа помош да биде толку огромна што Македонија би станала нешто како Швајцарија или Луксембург во поглед на квалитетна инфраструктура, здравство и вработеност на население. Знам, не е само до парите, треба квалитетно и чесно да се изменаџира и нивната распределба.
Тешко тоа другар. Ама да се надеваме сепак, доза оптимизам не штети во овие критични времиња... Али мислам дека таква помош би добиле само ако влеземе во сојуз понатака здравје.
Najmnogu lugeto ke gi pocustvuvaat ekonomskite posledici kako sto se zgolemuvanje na nevrabotenost, namaluvanje na plati, namaluvanje na zivoten standard.. Isto taka ke ima i posledici vrz zdravjeto na lugeto od psiholoski aspekt, sedenjeto doma i zmaenjeto deka nema da zemes plata ne e i bas najdobro koga treba da plakas rati krediti, smetki, jadenje, pienje.. Na nekoj nacin del od lugeto ke go prifatat vakviot nacin na zivot pa mnogu od niv ke bides socijalno dislocirani, posebicni, pozatvoreni..
Кај нас во Македонија веќе вечно е Економска криза. Некој веќе се навикнале отрпнале. Така да економската криза ништо ново нема де биде.
На Сан Марино му се заканува банкрот и губење на својата независност поради истиот: https://sitel.com.mk/republika-san-marino-pred-bankrot
Рецесија и зголемување на невработеност се случуваат веќе. Мислам Кина на крај и посилна ќе излезе од ситуацијата, како и одредени милијардери, Безос на пример. Онлајн шопинг ќе цвета, чак и луге кои не купуваа продукти онлајн ќе го прават тоа. Продавници за облека и молови ( бар во УСА) забрзано ќе пропаѓаат. Повеќе ќе се работи од дома и по завршување на кризата, или бар комбинирано. Ќе има нови и нови социјални мрежи ..за да се надомести тој глад за контакт и внимание.. Патувања ќе се намалени тоест туризмот ќе страда среднорочно..
Уште од почетокот на оваа пандемија Бил Гејтс кажува дека ќе има и друга за не повеќе од 10 години. Ете последно и во Минхен на безбедносната конференција го кажа пак истото. Ама вели дека наредниот пат нема да се чека повеќе од година дена за да се извади вакцина на пазарот туку дека за најмногу шест месеци ќе се трудат да пронајдат вакцина за новиот вирус.
Јас од првиот ден кога почна вирусот , и карантин пишував тука да пишувам за биолошката војна , ама ги бришеја коментарите