Tрамп како што се сеќавам во претходниот мандат само еднаш ја спомена Македонија и тоа дали беше некоја честитка или нешто онака формално, небитно, па се мислев дали човекот знае каде е Македонија воопшто.
Во последната анкета на Ипсос, Камала има предност од 44 наспроти 42 отсто пред Трамп. Кога беше Бајден во игра, Трамп водеше за 1 отсто. Ќе биде густо овие избори. https://tocka.com.mk/vesti/488221/k...etsedatelkata-na-sad-vo-poseta-na-belata-kuka
National poll-от не игра улога, важен е електоратот кој Трамп во најлоша опција би го победил 311-227, а во најдобра над 360.
Кај нив има и друга убава работа, ако падне системот како кај нас во 2020, ќе ги пребројуваат тие гласови што стигнале во изминатиов период. Значи победник во секој случај ќе имаат врз база на гласови.
Моментално нај accurate мапа. Ја зедов од јутуб, не ја правев јас. Гледајте каков дебакл им се спрема, Њу Мексико, Вирџинија, Минесота и Мејн кои со години гласаат плаво, годинава ќе гласаат црвено. Минесота последен пат гласала црвено 1970-те. Калифорнија, Ориџен, Вашингтон, Колорадо, Илиноис, Њу Јорк и Њу Џерзи кои претходните избори гласале плаво со над 15-20% разлика, годинава ќе победат демократите со околу 5 до 8%.
Го ѕирнав каналчево од каде црпиш информации. Камала со солзички, готова е, Трамп намигнува, лав, победник. Насловите на видеата се: ДОАЃА ЦРВЕНИОТ БРАН, ПОТОП НА СИНИТЕ. Ич не е прорепубликански каналов.Изворов ти е јак.
Тоа е целта на каналиве кои никнуваат како печурки пред избориве. Кеш и пропаганда. Каналов е креиран пред 4 месеци. Ете има луѓе кои сметаат дека е релевантен.
Затоа ќе изгубат. Замина Бајден 1, дојде Бајден 2. Нема разлика. Дип Стејт пуштена на најјако во САД. И притоа испериле 81 милиони долари за нецели 3 дена. Па машина да беше немаше да иштампа толку.
Епа еве ти скриншот од видео на неутрален канал, во секој случај шансите на Камала да победи се екстремно ниски, Трамп ја има поддршката од сите страни.
Историски гледано, најмногу големи промени се случувале со промена на владетелот, позитивни или негативни. Империи паѓале, империи растеле, империи слабееле или јакнеле. Е сега како тоа ќе се одрази на нас, не можеме ние обичните смртници да знаеме. Ете утре војната во Украина може да заврши, па да се спука со Иран. Или пак со Кина. Трамп им се има нив повеќе намерачено. Едни санкции, и ќе се жалиме зошто не испорачува Алиекспрес.
Како дел од големото НАТО семејство, и ние си ги следиме останатите членови. Чим мора за Германија и Франција, мора и за нас. Каде сите, таму и ние. Нели?
Реторичко ти е прашањето, или? Пошто од војната во Украина можевме да видиме од прва рака каква врска има.
Па од Русија нема толкав импакт као алиекспрес, тоа ваљда ќе се земе предвид. Кешки да е само алиекспрес во игра, малку е поозбилно заебавање со Кина.