И од Русија има огромен импакт, 40% инфлација имаме откога почна војната сигурно. Сите суровини ги добивавме од Русија, сега ги добиваме исто, само преку трети земји, по многу повисока цена. Имавме и доста добар извоз, на храна посебно. Од Кина сигурно импактот ќе биде уште поголем. Во топ 5 земји се од каде вршиме увоз. Црно н(в)и се пишува.
Камала денеска ќе го објави running mate-от за потпретседател, а во меѓувреме договорија дебата за 4 септември.
Мене па ми излегуваат вести дека уште се натегаат за датумот и местото. И двајцата нејќат во медиум под влијание на партијата на другиот.
Па не знам, можда ни не договориле, ја така лупнав оти зачитав дека на Трамп му одговарало, успат и митинг ќе си одржел, па си помислив паднал договор. Ако не, на 10 септември сигурно ќе има, таа одамна е закажана.
Добро бе дали стварно уште верувате дека претседателот на било која држава има некаква автономија и слобода на одлучување за било што престанете да верувате на шарени лаги изборите во Америка се една голема театарска претстава исто како и кај нас друг ги влечи конците во позадина а претседателите се само кукли на конец. Од таа перспектива мене ми е небитно кој ќе победи нема ништо да смени на подобро
Камала и демократите продолжуваат со скандали. Најновиот е тој со сликата направена од AI каде се гледаат таа и нејзиниот ранинг мејт како излегуваат од авион, а пред нив има илјадници луѓе со картони "Harris Walz" и телефони со кои го сликаат авионот, а кога ќе зумираш се гледа сосема петта слика. Демократите знаат дека ноември со спуштени глави ќе излезат на прес-конференција, па до тогаш барем малку си ја ублажуваат болката. Харис не личи за личност и карактер кој знае што прави и кој треба да ја води велесилата во наредните 4 години. Замислете во чии раце ќе е црвеното копче ако Камала стане претседателка. Камала не е способна за такви должности. Доколку го кандидира Валц, Волц како и да се вика, ќе поминеа многу подобро во ноември, повеќе го личи, а и изгледа како способен човек, но во оваа улога на ранинг мејт, нема никакво влијание врз Харис, и затоа ќе изгубат. Демократите се најлошата левичарска партија во светот, кога ќе речам дека влечам лево, не мислам на вакво лево или па не дај Боже на европското лево, мислам на Кинеското лево.
Ова не е AI, таа другата вертикалната е AI. Нејсе, некој фан направил слика со вештачка интелигенција базирана на оригиналот, не разбирам што е толку проблемот и како е поврзано тоа со Камала? Анкетите велат дека Камала ужива поголема многу поддршка од Бајден. Се надевам убедливо ќе победи.
Единствениот начин Камала да победи е како 2000 што победи Буш, да исвои 5/6 електори повеќе, а стотици илјади гласови помалку или како 2016 кога Трамп загуби за три милиони гласови. Мое мислење и како што гледам по анкетите, Камала ниту ќе победи со електори ниту со national poll.
Искрено, не сум навлезен толку длабоко во начинот на гласање/победување во Америка, знам дека е малку факд ап, но, се надевам на победа на Камала, време е за првата жена претседателка.
Дали сам не сфаќаш колку е глупаво и ирелевантно ова шо го споделуваш? Анкета на Твитер?! Убедливо водство?! Ќумрам.
Бројка од скоро 6 милиони не ти е релевантна? Според мене е многу порелевантна отколку тие што ги објавуваат медиумите, со кој доказ ќе ти покажат дека навистина збореле со илјадници луѓе? А а ете и да зборувале со илјада луѓе, илјада луѓе од 300 милиони луѓе и не е баш доверливо.
Ова е исто ко Трамп да си направи анкета на својот профил. Маск е сега тотално алт-рајтерска фигура и се разбира 80% од тие што го следат се исто така конзерви. И Камала да си направи анкета, ќе го покаже комплетно спротивниот процент на нејзината. Ич не е релевантно. Дали стварно очекуваш дека ќе се деси 80/20 разлика на изборите оваа година? Има причина зошто вистинските анкети имаат конкретна метода за какви луѓе да таргетираат. Не можеш да направиш анкета врз корисниците на платформа која се стреми кон десничарство бидејќи ги губиш многу од луѓето кои престанале да ја користат таа платформа/да го следат Маск. Ова не ни ја вклучува можноста дека ботови гласаат на вакви анкети и конзерви од други држави. Единствена научна информација што сме ја добиле овде е политичката поделеност на следбениците на Маск.
Камала го замени ќурка, буквално исто се случи и таму, очекувам да изгубат ко кај нас шо изгубија сдс, од инат народот нема да ги гласа.
Анкетите не им покажуваат дека ќе биде нешто различно од претходни избори. Кој и да победи, многу блиску ќе биде.
Анкетите и кај над не покажуваа дека сдс ќе биде потоп ја глеам народот како реагира Трамп ги врати од ирак афганистан сега зборува дека ќе ја прекине војната со украина им здосади на американските граѓани да финансираат туѓи војни тука најмногу добива