Илон го следат секакви луѓе. Башка со 100,000 шерови анкетата се има раширено до толку различна публика, што е ирелевантно дали некој го следи или не. Плус и Илон го следат и многу левичари, а и политички неутрални, ради наука, SpaceX, Тесла и сл. Ќе биде малку помала разликата, ама ќе победи Трамп, ќе видиш.
Профилот на Маск никако не е републикански, за потсетување пред некое време исто вака Маск направи анкета на твитер дали да го врати профилит на Трамп оти нели се му беше изгаснато после 6 јануари 2021, и на анкетата Трамп едвај спаси жива глава со резултат од 48:52. Резултатот во ноември нормално дека нема да излезе 80:20, ама бројка од 6 милиони никако не е мала. Нормално дека ќе се случи некој од друга држава да гласа, ама бројот е многу ситен и незначителен, а за партиски ботови, ете и нека платиле, што улога ќе имаат?
Како не е републикански? Маск повеќепати кажал дека го поддржува Трамп. И пола од постовите сега му се жалење за транс луѓе. Не го следат многу левичари Маск веќе.
На точно два месеци пред изборите, Харис има водство од 3% што во никој случај не мора да значи нешто. Како прво поради електорниот колегиум кој многу пати сум го зборел, да не се повторувам, а потоа и поради тоа што се случувало во многу изборни циклуси кандидатот што ќе ги изгуби изборите во некој дел од кампањата да води на анкетите. За пример, на изборите 2008, МекКеин точно во овој период од крајот на август и првите денови од септември водел со над 5%, па на изборите во ноември загуби во сооднос на електори 173:365.
Модератор треба да ја промени анкетата на темава. Џо Бајден веќе не е во трка за претседателското место.
Јас прочитав низ твитер дека Харис била многу подобра и има подобар рејтинг од Трамп....како и да е не се согласувам со тоа што ја ругаат Харис што нема деца а чува мачки ,мислам дека е многу навредливо а и глупо за држава каде што се смета за либерална и демократска ! Од друга страна Харис беше дел од тимот на Бајден и неговата ужасна политика , не знам али не и се пише добро на Америка !
Трамп ако ја растурал Америка, ќе ја растуреше од 2017 до 2021, Харис ако ја правеше Америка подобро место за живот, ќе го стореше тоа од 2021 навака. Нема потреба од повеќе филозофирање.
https://x.com/ImMeme0/status/1834356403223560197 За сите brainwashed,поддржувачи на Хар... се извинувам на Бајден.