Ќе биде, кога читам анкетите си викам стварно ли олку немаат памет што пумпаат бројки. Митинг ма Трамп во Калифорнија (најдемократска држава во САД): Митинг на Харис во држава која Бајден ја победи 2020: Светот е во воена и економска криза во огромни размери какви одамна немало, ама битно Харис била middle class child што живеела во middle class town.
Ова ми личи на евент само за новинари главно, а не јавна конференција ко на Трамп. И демократите и републиканците се доволно популарни за да ги наполнат свои сали со луѓе во која било држава да направат евент. Не е Камала некој треторангиран кандидат за да има проблем да се снабди со публика.
Па не знам, со оглед на тоа што Харис пет пати дневно го менува својот акцент само за да им се улижува на гласачите, може и во право да си. Омилен нејзин акцент ми е кога пробува да се улижува на латиноамериканците. @RainBow ако може да се смени анкетава, наместо Бајден да пишува Камала Харис?
Три обида за атентати, влечење по судови, речиси ќе беше првиот претседател од затвор, трамп кога ќе дојде сега лов на вештерки ќе се деси во сад не би сакал да сум на местото на демократите
Или ако се водиш по гласањето на овој форум, Трамп има дури 87% шанса да победи. Не верувајте во ништо друго освен политички анкети за предвидување. Ваквите кладилници исто предвидуваа 70-90% за Хилари да победи во 2016.
Спрема анкетите Клинтон требаше да победи и во Висконсин и во Мичиген и во Пенсилванија и во Џорџија, ама guess what, во ниту една од горенаведените не го стори тоа.
Значи, не си ги гледал епизодите. Тимот на Кендис копал длабоко. Кендис зборувала со близок на Камала. 1. Промените во изводот. 2. Бабата за која Камала збори во книга не ѝ била баба. Луѓе кои биле робови и слуги на нејзиното семејство ги претставила како нејзино семејство. 3. Не е порасната во средна класа, туку во баш богата. 4. Лагата за расата. Потиснување на ирскиот дел од потеклото. Нејзиниот татко го критикувал нејзиното филмање.
Цар! Најлабаво си отиде во Мек Доналдс си одработи 15 минути, народ се израдува што го виде, ем после ќе си мљацне и тој од омиленото.
McDonald’s-ов за време на “посетата” од Трамп, беше ЗАТВОРЕН за јавност, имаше и официјално соопштение од компанијата. Така да, ни народ послужи, ни ништо…
Ама ти изгледа не знаеш како функционира политиката! Кога ќе дојдат со камери, фотоапарати и кога ќе ги уклучат мобилните треба да си на готовс за говор и идни планови, па макар да се обраќаш на дрво, животно, ветрот... Тотално небитно што бил затворен тој Мекдоналдс. Таму имаше луѓе, семејства од разни етникуми и тој прикажа идилична слика дека сите го поддржуваат. На Интернет луѓето го видоа во Мекдоналдс и докажа дека за разлика од Камала то навистина поработел таму. Луѓето од Интернет исто не беа таму, ама им беше важно да го видат дека тој работи.
Трамп доживеа обиди за атентат. Поради тоа муштериите беа внимателно селектирани. Инаку, потегов му беше смислен ради тврдењето на Камала дека во младоста работела во Мекдоналдс. Што излезе чудно откако се дозна дека таа лажела и за финансиите на нејзиното семејство.
Еве да видиш дека ја постигнал , сите зборуваат за него дека бил во Мекдоналдс, а MSNBC полудува од мака што не може да го одработат пиарот онака како што го замислиле.
Многу е лесно за демократите да го превртат овој ПиАр бидејќи е чист перформанс, не знам од кај ти е идејата дека не може да се одработи ова . Оди заследи некои демократски акаунти на Шитер и ќе ја видиш другата страна како му се исмејува со безброј мемиња.
Forecast-ите покажуваат дека победата на Трамп е можна 53%, во свингери државите Џорџија и Северна Каролина над 69% за Трамп, Пенсилванија 52% за Трамп, Аризона над 65% за Трамп, Невада, Висконсин и Мичиген без кои победата на Харис е mission impossible покажува 50/50. Трамп ќе биде избран слушајте ми го зборов.