Официјално, стигаат честитки од десничарските партии во светот шо би рекол Ѓорчев, победивме победивмее и во Кривогаштани, Скопје, Струга, Тетово, Велес, Вевчани, победивме во цела Македонија
Па каква артилерија сме му ние Македонците немаше шанси да не победи... Сепак останувам на ставот: срањата што ние на Балканов го правевме во многу години, Американците ги направија во едни избори. Следната година е изборна во Македонија, време е за свежи идеи.
Камала не се појавила на закажан говор на колеџ. Каков губитник... Се собрале поддржувачи и си заминале. Не покажуваат основна почит кон тие што ја поддржуваат и после ќе се чудат зошто се вакви резултатите. Неверојатно е како ги снема сите демократи, не знаат глава каде им е изгледа.
Честитки за Трамп, по се изгледа ќе има не само повеќе електорати, него и повеќе гласови воопшто. Па и во 2020 Трамп не даде говор во живо по поразот, туку урлаше по социјални мрежи за тоа дека се украдени изборите.
Стварно Трумп победи? Не ми се верува. На човекот пред 4 години тортура му извршија оние познатите ваков бил , онаков бил.
Во светот нема ништо да се смени од ова. Ама сепак е поразително за жените во Америка. Еве Трамп во 2016-та победи, и поради тоа абортуси забранија дури откако Бајден беше на власт. Ова ќе ги уназади САД едно 20 години наспрема Западна Европа.
Почна да им станува доста од лажење. По дома се распаѓаат ама праќаат помош на други држави и на гласачите им е доста од тоа. Како што можам да забележам тоа е трендот насекаде, не само кај нив.
Спрема европа нема да ги уназади 20год сигурно, ама може и малку треба кочница, нешто многу се "напредни" и либерални. Демократијата нивна добива нова дефиниција. Малку да престанаат да мјаукаат по улица и да не олабават со пронаунсите за почеток
Џабе, не-појавување на закажана прослава на кандидат најчесто е индикатор за пораз. Истото беше и во 2020 со Трамп и поддржувачите, многу добро се сеќавам на тие моменти. Како и да е, самиот гест навистина е грд, според мене. Инаку, се надевам Трамп ќе си ги исполни поголемите ветувања за намалување на инфлација, запирање на војни во Украина и Газа итн. Ама уште од сега гледам Нетанјаху му се умилкува на Трамп, ќе биди тоа бавен процес по се изгледа. За МК, победата на Трамп мислам дека нема многу да смени, како и во неговиот претходен мандат.