Јас едвај знам кој е републиканец, кој демократ од кандидативе. Инаку, Додик со музика ја славеше победата на Трамп и капче на главата на кое пишува Трамп. Истиот ли е тој Додик што се радувавте ќе влезе во БРИКС? Тоест не сакал во БРИКС, сакал некои проекти да му ги финансира БРИКС? Кој циркуз. Косовските Срби, пресреќни, Српска листа отсекогаш била за Трамп, па и слика негова закачиле некаде во северно Косово. Смешно. Овдека во БРИКС ќе одеа, тргнати беа, сега се радуваат Трамп победил. Трамп не е ни Македонец, ни Србин, Американец е, нема никој да реши туѓи проблеми, не е Исус што вели феминката.
Трамп во неговиот мандат ги седна Косоварите и Србите во белата куќа и им шитна некаков договор за „економска нормализација“. После им го даде да го потпишат тоа за кое беа стварно повикани, Белград да ја премести својата амбасада во Ерусалим, а Косово да го признае Израел (интересот на САД и Израел). Ова е фацата на српскиот идиот кога сфати за што всушност беше повикан. Додик е уште поглуп цреп од Вучиќ, он можда е утрипан дека Република Српска ќе добие независност со амин на Трамп.
Достоинствен говор, како што и доликува. Наспроти делулу драмите што Трамп ќе ги правеше да изгубеше.
Мислам дека Берни Сандерс беше еден од ретките разумни политичари што се појавиле во Америката последнава декада, можда и две. А можда само не бил доволно видлив, да му ги приметам глупостите. Како и да е, добро прашање https://www.index.hr/vijesti/clanak...a-demokrate-konacno-izvuci-pouku/2613424.aspx
Еј каква неочекувана пресвртницa, победи Трамп! Честитки до Велешани секако ко шо е адетот... Ок, сега можеме да се наспиеме конечно после толку многу години на раат, светот е повторно во безбедни раце конечно, шо друго да се каже освен Big Orange Daddy is back!
Нека се кандидира Берни 2028, да се надеваме ќе победи на прелиминарните избори и белким ќе стане претседател, време е после 8 години да се вратам на американската левица. Со вакви три кандидати последниве 8 години кои ги понудија деморкатите, нели Хилари, Џо и Камала тоа беше за мене невозможно.
И куќа и совет и претседател зема потоп. Не е добро и у се да си сам ама овој може буквално шо ќе му текне да прави сега. Наредно читам германија ќе се менува владата нешто ко предвремени, ајдеееее и потоп ќе се десиии, сега кога паднаа демокративе, редно е европа да си стави ред со мигрантите, се назад да си се врати кај шо му е местото @DS10 @Antebellum за кој ќе навиваме сега @Biljarkata ти за кој си за нашите или за другите
Абе знаеш ја сум левичар, социјалист, комунист, ама европската левица не чини, ќе навиваме за десницата.
Смешно е што Срби што се прават поголеми Руси од Русите(не сите, некои), вчера глумеа поголеми Американци од Американците. Значи истите, еден ден глумат Руси, друг ден Американци. Иста приказна за Македонците. Утрово слушам се јавуваат по емисии пензионерите, масони, сатани, еве Трамп победил, тој бил добар Американец, човек на мирот. Смешно. Мислиш другари од војска се со Трамп или од школо. Пример за народи без компас. Првите им падна натстрешница им потепа народ, и никој нема да е крив, ние исти или бетер, ама се радуваат Трамп ќе ги притиснел наводно Бугарите да ни попуштат. Нека сонуваат, еве кај и да е Трамп ќе ги собере сите Албанци од Косово и од Македонија, ќе ги насели во САД, ќе ги поништи сите 120.000 бугарски пасоши, ќе им вметне чип за патриотизам на овие што за привилегии менуваат националност и ја резилат државата, ама сите проблеми ќе ги реши на Македонците и Србите.
Гледав изјава на бивш соработник на Трамп кој работел со него на кампањи и митинзи. Вака вели: Ќе завршевме со митинг, ќе влезевме во авионот и ќе го прашав, зошто побогу го кажа тоа? Трамп одговараше: „Која е разликата? Никому не му е гајле. Всушност ако продолжам да го повторувам доволно, луѓето ќе почнат да веруваат во тоа.“ „Милијарда луѓе знаат кој сум. Пола милијарда од тие ме мразат од дното на душата. Размисли за сите можности што ги имам со другата половина.“ Е па, тоа му е целта. Да се задржи во контрола и да се манипулира таа маса што слепо му верува на секој збор. Има такви и на форумов, а такви се и тие што ти ги опишуваш во твоето мислење. Баш сѐ може да и продаде, хипотетички и буквално. И тоа без никаков директен контакт со нив. Генијално. Овде кај нас на пример, Велешаните кои ширеа (можеби уште шират) лажни вести претходните избори за финансиска корист, ги гледаат со восхит, како нешто интересно, добро. Што повеќе? За жал, во цел свет почнаа да се менуваат „правилата“ по кои десните политичари некогаш играле, веќе сите десничари почнуваат да манипулираат и собираат гласови со лаги и измислици. Трамп е всушност многу интелигентен манипулатор, тој е кралот на сево ова.
А левите? Кои и да се, леви и десни. Не постојат леви и десни, тоа може само така да си ги викате. И нормално никој нема да ви каже- ќе ви поскапиме се, ќе ви зголемиме данок, ќе ви уништиме здравство, ќе ви го дозаебеме животот - и нормално, сите го прават тоа кога ќе дојдат на власт. Кои црни леви и десни, сложно заеднички си ја работат бавчата. Во Германија сигнали на паника @Realist1 , очигледно стариот газда не е веќе газда
Има некои правила заради општествена одговорност кои треба да се почитуваат во лобирања, митинзи, кампањи. Десничарите се единствени кои одлучија да ги преминат линиите. И не, во ова не се вклучени само предизборни ветувања. И да, тоа одење во друг правец, очигледно пали.
Ел локо од Аргентина беше лев или десен, слабо разликувам страни Поддржува сексуална работа, слобода на дрога, истополови бракови...ама е против абортус
Не ми е јасно зошто, на германија и треба промена, голем дел од мигрантите се на терет на државата- невработени а земаат пари скоро колку вработен во алди. Плус политиката на сегашната влада беше карастрофална за германската економија,кога би дошло до промени мислам дека би имале позитивно влијание врз германецот и врз тој што е таму да работи и да живее, а овој шлајмот од истокот се знае да си се врати кај од кај шо си дошол.
Па велешаните се мешале во изборите во САД, ја фалсификувале до некаде волјата на американскиот народ со лажни вести, тоест ја дискредитирале Хилари и гордо на Тв, имаше еден во КОД, кажа дека заработиле пари колку што нивните родители не виделе во животот. Самите дечки си признаа што правеле, ширеле пропаганда, а пропаганда е многу популарен збор на форумот. И замисли САД не ги бараше тие луѓе за екстрадиција или да се покрене обвинение тука за нив, а ваму за сите наши дефекти, и неспособност да се сработи било што муабетот е „Калето е криво, од Калето ова, така“. Чекај сега, Калето не е криво што гаснеме пожари со гранки, што лекари пушат на работа, што деца се тепаат по школи, што мажи тепаат жени. Кои се тие група Македонци да се мешаат во изборен процес во САД и да поминат неказнето? Па Македонија е една од најсиромашните држави во ЕУ, САД е прва сила во светот, и обични Американци не паметуваат колку што обични Македонци паметнуваат, навредуваат итн. И не заборавај, наши хакери реметеле избори во Венецуела, никому ништо, ни најдоа кои се, ни што се. А ваму во сите приказни, ние чесни, фини, добри, ама ете, сите против нас. Тоа нема врска со реалноста. Далеку сме од чесни, фини.