Избори во САД 2024

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DS10, 22 април 2024.

?

Кој ќе победи на изборите во САД?

Анкетата е затворена на 8 ноември 2024.
  1. Камала Харис

    20 глас(а)
    13,3%
  2. Доналд Трамп

    130 глас(а)
    86,7%
  1. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.125
    Допаѓања:
    9.436
    Пол:
    Женски
    1. Дали ти најсериозно ја направи оваа споредба со гласачи во Америка и со луѓе кои навиваат од страна?!
    2. Велешаните искешираа од поддршката, тоа за нив беше чист бизнис. Исто како ти секој ден одиш на работа. Тие си нашле таков начин на заработка и тоа е тоа.
    3. Живееш во време кога политичарите немаат јасни граници за лево, десно или центар. Политичари станаа луѓе без некаков интелектуален бекап, пример кај нас: Петар Гошев, Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Стојан Андов, Киро Глигоров, Ристо Пенов, Никола Груевски, сите овие а и многу други на овие ми текна прво станале политичари од 18-19 години, друг им го обликувал мислењето, овие факултет немале запишано кога станале политичари... Кога политичари ќе бидат луѓе со силно изградена професионална биографија, во поодминати години со стекнато животно и работно искуство, со стекнати чест и углед, тогаш зборувај за политички вредности. Сега е многу глупо да зборуваш за вредности кога никој не знае што е лево, десно или ценатар политичка ориентација...
     
    На Bratot, Feniksgirl, Realist1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.497
    Допаѓања:
    191.217
    Сега...Стојан Андов и Киро се/беа друга категорија, не знам дали од забавачиња биле политичари. Ако ништо друго, тренирани биле.
    Вакви, ко вториве -Заев ли, Трифке ли?:wasntme:
    Нема луѓе со чест во политика, тоа сум скоро сигурна. Тезга ко тезга јбг . Ваљда и никогаш немало, ама не сме перцепирале. И никогаш не било олку апла грабеж насекаде.:|
     
  3. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.125
    Допаѓања:
    9.436
    Пол:
    Женски
    Ние народецов немаме апсолутно никакво фајде нит од Киро, нит од Стојан, нит од другиве... Сите се деца што завршиле средно школо и одма во политика. Кој, како, зошто, кога ги тренирал нивно си е. Со 18-19-20 години ти немаш знаење и животно искуство за да одлучуваш за туѓа иднина и судбина. Ќерка му на Никола Димитров си доби државна стипендија, знаеш колку попаметни деца има од неа во државава шо нема кој да ги поддржи?! Затоа ние народецов сме си до овде.
    На овие ми текна одма ама имаме уште вакви, некои додуша на 30 почнале со политика, ама и од нив немаме фајде...
     
  4. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    1.632
    Киро беше пример за добар ученик на ѓубрињата комунистички. Знаеше како да се постави во дадена ситуација и да ја хендла до крај во негова полза. Најмногу се виде тоа кога се повлече ЈНА од Македонија и кога им дозволи да однесат тон воена опрема, само затоа што се водеше по фактот дека ништо не е поважно и повредно од животот на граѓаните. Затоа треба да му бидеме сите благодарни, затоа што во тие моменти кај него преовладува разумот.
     
    На Biljarkata и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  5. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.813
    Допаѓања:
    12.725
    Пол:
    Женски
    Тоа беше најдобрата одлука што ја донел Киро. Ја извади државата од војна.
     
    На Billy Idol, SummerGirl, Realist1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.125
    Допаѓања:
    9.436
    Пол:
    Женски
    Народот ја извади државата од војна, а не политичари што квичеа по Југославија. Исто како во 2001ва што седеше народот мирен. Да се крене народот ќе гледате како квичат политичариве. Имате сериозен проблем со полтронство ко овие што не искрадоа ги сметате за фини дечки. Еден нормален сме немале до сега! Користиме болници, училишта, патишта изградени пред 100 години. Ги заборавивте противпожарните возила од летово? Па оние олдтајмери едвај од гаражи ги извадија а не пожари да гасат.

    Моќта за случувањата и насоката за во иднина е во народот.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.779
    Допаѓања:
    14.227
    Богами да. Многу јавни објекти се од времето на Краљевина, СФРЈ, ние ново што изградивме? Не не бива нас. Немаме капацитет за повеќе.
     
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.497
    Допаѓања:
    191.217
    Абе да:smirk:. Народ го уби Кенеди и му праеше атентат на Киро. За Трамп и Фицо знаеме дека народ беше, незадоволен корисник:wasntme:. Народ зема кредити за да се праи кружен тек на улица кајшто поминуваат 2 коли:D.
    Далеку е народот од моќта, што и да ,,бира,, го јаде стапот. Поарно да срушат фарса од избори ко во Дубаи или кај и да беше и да престанат да префрлаат одговорност на народ-амА виЕ си ги биравте.
    Во Сфрј никого не биравме, па видиш, се изградиле училишта, болници, патишта. И железнички станици што ќе стоеа, ако не дојдеа дивите да прават ,,реконструкција,,:x.
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.125
    Допаѓања:
    9.436
    Пол:
    Женски
    Многу е тажно што не ме разбра и мислиш дека соодветно ми одговори.

    Завршија изборите, се повлекувам од темава.
     
  10. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.497
    Допаѓања:
    191.217
    Абе си праиме муабет, што уствари не разбрав?
    Народ го гласал Трамп, знае ли народот што ќе добие со Трамп?
    Народ ги гласал и Зеленски и Шолц и што добија?

    Уствари стварно не разбрав како е моќта во народот. Што треба да направи народ за да престане да губи и да почне да добива? Пошто губиме цело време, во континуитет.
     
  11. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.232
    Допаѓања:
    5.108
    Пол:
    Машки
    Ами случувањата допрва? На 17 декември гласа колеџот, на 6 јануари ќе се бројат гласовите на колеџот и на 21 јануари ќе го инаугурираме. Рано ти е за повлекување.
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  12. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.808
    Допаѓања:
    25.968
    Пол:
    Машки
    Па и не вреди да ти одговорам на останатите точки, кога ова го имаш напишано. За морални вредности се работи, независно од која политичка страна доаѓа. Али да, секој со своето ;)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  13. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.808
    Допаѓања:
    25.968
    Пол:
    Машки
    Пропаганда и лажни вести е само ако доаѓа од страната која не ни се допаѓа. Нема врска шо буквално се мешале у политички избори во туѓа држава, на најподол можен начин. Али тоа е, немаме ние у државата никакви закони за да се превенира ова, а и општо закони што имаме, никој не ги почитува.

    Пишува погоре де, си нашле дечките начин за заработка, и фино културно си заработиле за којзнае колку години, а и луѓево на темава се согласуваат, џабе ја и ти си се цитираме. Па и тоа некои толку гласни по други теми за пропаганди, збор што веќе е очигледно дека не ни знаат што значи. :D

    Ама на фан на Трамп да објасниш вакви круцијални работи, во 80% од случаите не е можно.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.232
    Допаѓања:
    5.108
    Пол:
    Машки
    Screenshot_20241107_190406_Facebook.jpg
    Постои некој шпион на форумов што очајно ја користи нашата духовитост за лајк, два плус на фб.
     
    Последна измена: 7 ноември 2024
    На SummerGirl, Realist1 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  15. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    5.230
    Пол:
    Машки
    Другари, Неко меџу нама није наш
     
    На SummerGirl и DS10 им се допаѓа ова.
  16. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    305
    Пол:
    Машки
    Пропагандата и лажните вести се сосема две различни категории. Пропагандата е систематско ширење на одредени политички идеи или пораки со цел да се влијае на јавното мнение. Пропагандата треба да има вкоренета критичност, која може да биде и преку одредена уметничка творба (книга, музика, филм, (уметничка) фотографија) односно треба да има одредена интелектуална заднина и тежина. Пропагандата, во себе, може да има целосна вистинитост. Лажните вести, кои патем се популаризираа благодарение на Трамп, имаат за цел индокринација на населението преку презентирање, намерно, погрешни и невистинити информации. Новинарите, преку одговарање на клучните новинарски прашања (кој, кога, како и зошто) треба да ги пренесат информациите на граѓаните. Толку. Проблемот настанува кога ќе се здружат продагандата со лажните вести и кога ќе станат системски.

    Целта и методите, на овие два поими, се исти, а разликата е суштинска и во начинот на пренесување на информацијата. Патем, ако имаш новинарска акредитација, не значи дека си пиел од серимот на вистината. Најголем дел од лажните вести за Трамп се пренесуваа благодарение на американските новинарски агенции, како Вашингтон пост и Њу Jорк Tајмс, па и медиумските агенции како СиЕнЕн, ЕмСиЕнБиСи, СиЕнБиСи, СиБиЕс...кои одново и одново беа демантирани, а дел завршија и со тужби. Последно, парцијално пренесоа изјава на Трамп за Чејни, која го наследи нагонот за крвопролевање од својот татко. Трамп сакал да биде стрелана! Дали го изјави тоа или кажа дека треба прво треба да опипа оружје, а потоа да се залага туѓите деца да ги праќа во војна по која победници ќе излезат само воените профитери?

    Инаку, Русија го презентираше својот план за ставање крај на специјалната воена операција во Украина, првиот е воена неутралност на Украина која ќе биде тампон зона помеѓу НАТО и Русија. Потоа признавање на рускиот суверентет на 5-те украински региони, кои Русија ги прогласи како свои суверени територии (Крим е целосно под руска контрола, а Луганск е 99,5%). Во останатите, кои се 60-70% под руска контрола, се води активна војна. И последниот услов е заштита на руското малцинство во Украина. Трамп изјави дека до јануари ќе стави крај на војната преку 2 политики: намалување на воената поддршка на Украина со цел Зеленски за прифати отстапки и намалување или целосно тргање на санкциите кон Русија со цел Путин да ја намали воента офанзива. Тука гледам потенцијал за завршување на оваа специјална воена операција. Можеби не до јануари, но гледам потенцијал за завршување.

    На Блискиот Исток, до пред 4 години имавме серија на политички договори помеѓу Изреал и државите во регионот, каде требаше да биде вклучена и Палестина која ќе добиеше извесна независност, но и инвестициски развој со цел зголемување на животниот стандард. Палестинците до одбија овој предлог. Лично мислам дека, сега, состојбата е далеку попроблематична и не би прифатиле никакво решение под никакви услови. Патем, одбиваат решенија од 40-тите и на крајот се сведоа на живеење во теснец во еден од најгусто населените региони во светот и со ужасен животен стандард, без никаков потенцијал за раст и развој. За разлика од пред 4 години, денес имаме активни војни помеѓу Израел од една страна и Иран, Сирија, Либан и Јордан од друга страна. Тука, не гледам потенцијал за смирување на регионот. Периодична стихија, можеби, но трајно не.

    И да, Камала изгуби поради самата себе, а не поради пропагандата или лажните вести.

    пи.ес. Зашо избега од Кајгана? ;)
     
  17. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.342
    Допаѓања:
    8.685
    Пол:
    Машки
    :( FB_IMG_1730993899597.jpg
     
    На Realist1 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.232
    Допаѓања:
    5.108
    Пол:
    Машки
  19. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.382
    Допаѓања:
    78.132
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20241107_222747_X.jpg

    Кловнот се врати, навистина се врати :rofl:
    Победи Трамп и цврц, тече низ ногавици :tmi:
     
  20. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    2.076
    Допаѓања:
    5.230
    Пол:
    Машки
    Доларот ја напушти русија русија никогаш не го напушти доларот :)