Се обидува ли Ватикан да му ги замрси конците? Критичар на Трамп поставен за надбискуп во Вашингтон. https://edition.cnn.com/2025/01/06/europe/robert-mcelroy-archbishop-washington-intl/index.html
Братот трамп откачил. На мапата треба да се додаде и гренланд. Ова ли е крајот на нато и еу Коа е поентата на нато и еу ако трамп го земе гренланд. Дали Данска ќе се повика на член 5 на нато против мурика. Шо ќе се случи со нато кога најсилниот член на нато оди против своите? @Tanjamm кажи нешто среќоо
Прати работа сеа, земањето на гренланд и канада не е муриканска инвазија, има само руски инвазии и мурикански ослободувања и носење на демократски права
Поцркавте од плачење за 2 отсто од БДП за членство во НАТО, сега Трамп бара 5%. Што да кажам јас? Вие нов „брат“ сте си нашле, а тој не знае дека постоите. Ако биде крај на НАТО и ЕУ, чекај после косовари секој втор месец, де онаму упаднале, де оваму упаднале. Тоа што навивате некој да се распадне, е само признание дека државава нема никаков капацитет нешто да смени и да се интегрира, па како демек, еве некој ќе се распадне. Патем нели доладот пропаѓа? Што е темава за „брат“ ви толку активна? До крај е процутот на БРИКС, отиде ли цел Балкан таму? Tрамп прави се што не вети? Ете дека пак сте згрешиле со проценката, џабе еуфорија. Нели мир ќе донесеше во Украина и Газа? До кај е со тоа? Сега велат оружје за Украина ќе има, нели обратно збореа? Значи бевте наивни што верувавте? Па кога ќе ви дојде памет да не се палите по некој што не знае дека постоите, не па се попаливте што ќе ви помогне? Што да ви помогне, па не знаете ни кај сакате да одите, ни што со себе? Ставови менувате на секој час. Трамп не може никако да ви биде брат, колку и да си фантазирате.
Уште побрзо ќе биде заменет Трамп. Е тоа ќе се случи. Републиканците не се анти-НАТО. Тоа е можеби единствената разлика помеѓу вас десничарите и десничарите во САД. Што значи ќе се обединат со демократите да го симнат од власт. И јас му посакувам да проба ваков потег. Нема да ги има резултатите што вие ги очекувате Јас сум задоволен што Трамп се понаша на овој начин. Стварно да се фокусираше на America First или лажните ветувања од кампањата ќе испаднеше дека демократите лажеа за него, а не обратно.
Impeachment in the United States - Wikipedia Има разлика во овој процес ако и републиканците се согласат да го направат. Не би било како претходниот мандат. Се зборува дека републиканците дури и без ова планираат да го прогласат за ментално неспособен и да го заменат со потпретседателот. Значи ја имаат и таа опција. Трамп не е ништо без поддршката на републиканската партија, а распад на НАТО за наша среќа не им одговара ни на повеќе од републиканците.
Кој те лаже ова, жити се? Тие некои шо го нејќат, се 5-10% од републиканците. Најголемиот дел се сосема прифатливи за него. Lets be for real. Таму постојат лудаци (или добро платени за да глумат лудаци) што го идолизираат портокаловиов, многу побетер од фановите на Вемеро тука. А таму, лудаците имаат големи платформи за да го шират „добриот збор“. Еве, Илон ти е типичен жив последен пример за некој што добро профитира од промовирање на дебилот. Да не правиме муабет за милијардерите кои сега му донираат милиончиња, пошто највеќе добиваат токму тие со неговото доаѓање на власт.
Мислам ако чекате и навивате некој да се распадне како што сте пишале, што тогаш користите „сите се против нас“, „тие се против вас“. Па треба да се против вас и тоа жестоко против секој што чека нечие распаѓање. Ова мислење што од страна го имаат за нас, не е ништо во однос на реалната злоба, лицемерие што ние им го нудиме нив. Никој не рековте претходно дека Трамп ќе прави проблеми некому, мислевте со ладало ќе го лади задникот на Путин. Ааа, не, сега ќе ја обврзел Европа да зема гас од него, слабо плачете за рускиот гас, посебно вие од дијаспората, божем некој вчера што се иселил од Виница ќе го прашаат со чиј гас ќе се грејат. Спремни ли сте за промена на граници во Украина, Канада, Гренланд, а со Македонија и Балканот што правиме? Мислите ќе сте раат? Ахахаха, да, одамна немало протести во Скопје да не знаете кај да чекате автобус изгледа.
Не знам од кај ги ваѓаш информацииве, изгледа имаш тесни врски со Бајден и секојдневно си се слушате. Дај бе не треси глупости жити мајка ти, импичмент на Трамп е невозможен, имаат 220 од 435 места во претставничкиот дом и 53 од 100 места во сенатот. Републиканец кој гласа против Трамп гласа против самиот себе.
Тоа се простиот народ што го идолизира. Ама републиканските политичари се различни, барем додека не ги замени со лојалисти. Откако победи веќе на избори, многу им е гајле дали ќе го заменат со потпретседателот. Читај што пишувам. Зборувам за ако републиканците се обединат со демократите. Не претпоставувај дека републиканците во претставничкиот дом сакаат да се распадне НАТО.
Ќути солза не остана веќе. Аха мисли си ти дека не знае, па ние до победа го донесовме, сите медиуми за тоа во Америките објавија. Арно сега косовари што не упаѓаат и што е мирно, што се вели пушка не пука. Тоа тоа што поданички размислуваат некои тоа е знак дека нема да не биде држава ако така продолжиме.
Конзервативците не само во Америка туку во цел свет се послушни на лидерот. Како што кај нас го правеа Бог грујчо така американците особено републиканците го величат Трамп на уште поголемо ниво. Републиканец да гласа против Трамп нема да видиш брату, пре би видел демократ против Демократ отколку обратно што и ќе се случеше ако Бајден не се повлечеше од трката. Пелоси беше најгласна па и онај како фо вика гувернерот од Калифорнија. Зборот ми е републиканците се најсложни победувале ли тие или губеле.
Во ситуација кога ЕУ и НАТО веќе не постојат, мировници на Косово нема ни да има. Сега има, и Турци, и Полјаци, од многу нации ги има и колку толку го гарантираат мирот на тие малку Срби на северот. Ако нив ги нема, ако никој не го надгледува регионот, не е во ничија сфера на интерес, ако амбасадите ти се само онака формалност, кој ќе ги спречи косоварите да упаѓаат по јужна Србија и Македонија? Не сме поданички настроени, туку треба да бидеме свесни дека сме дебело неспособни и тоа се докажало и досега. Македонија не е велесила, не е регионална сила, таа е во 10 најслаби армии во светот, плус таа армија е со мешан состав, што секако при некој воен упад, можеш да имаш дезертирања и преминување на спротивната страна.
Мислам се покажа во Кореја дека не е тоа точно за конзервативците низ цел свет. Можно е да ја налутиш твојата партија доволно за да сериозно направи обид да те симне од власт. Батали тоа величење, тоа се финти за простата раја. Најголем дел од политичарите во тој дом ги интересираат парите и Трамп е корисен бидејќи им носи гласови на избори. Ама откако победи, неговата корисност драстично се намалува. Дури и со impeachment, ништо нема да им смени нив ако го заменат со друг републиканец.
Тоа што го направи тој кореецот како го викаа е диктатура, не може било кој човек либерал ли бил, конзервативец ли бил со барем малку мозок да го подржи.