Нема никогаш да ми се здосади од борбата против злото. Не ни сум зборувал толку многу за Трамп на темава. Тебе секој пост тука ти е некакво психо-дркање за Трамп како да е некаков идол. Демократите ќе се борат против секој потег Трамп ќе проба да го направи. Трамп ништо не средил, борбата само што почнува. И Трамп е нешто „прво“ за претседател овојпат: прв осуден криминалец.
Да и затоа: - Рубио стана државен Секретар со 99-0 во Сенатот; - 12 од демократските сенатори гласаа заедно со републиканците за законот Лејкен Рајли. Помина со 64-35. Тоа беше незамисливо пред 3-4 години; - Дел од демократите во Сенатот, како Џон Фетерман, ја поддржуваат идејата за јужниот ѕид, што беше политика на оваа партија пред 10 години, а и незамислива политичка одлука пред само 4 години!
а бе кај ке се борат кога се изгубија и сенат и куќа, секаде имаат републиканците над 51 процент мнозинство можат демократите да се придружат или да трепкаат dei dream is over, или баш сега ќе си го добие значењето.
Тоа да, но Републиканците сеуште имаат две сенаторки кои клоцаат, а имаат и тивко малцинство во Претставничкиот дом кое се држи до доктрината на Трамп, но не ги сака естаблишмент Претседателите на овој дом, како Џонсон или Мекарти. Сепак тука имаат тесно мнозинство од само 3 гласа, што мора да се напомене и фактот дека мал дел од Конгресмените, на двете партии, периодично отсуствуваат поради лекување. Сега и дел од Демократите започнаа со клоцање, се започна со Синема, продолжи со Џо Менчин и заврши со Џон Фетерман. Башка, во Сенатот имаш филибастер.
Мислам зависи за што станува збор. Имаат веќе поднесено тужби против ДОГЕ и противуставното отстранување на државјанство при раѓање. И јас сакам конечно да го изградат ѕидот. За после 10 дена да се појават дупки и тунели насекаде и да сфатат дека само пари фрлиле на тоа за ништо.
Ниту една тужба нема да држи вода затоа што се ќе заврши пред Врховниот суд. Мислам дека 14-от амандман е повеќе од јасен и суштинското толкување на истиот, од страна на текстуалистите, ќе се сведе на имплементацијата на Извршните исправи на Трамп во однос на државјанствата. Во однос на ДОГЕ, ако не се лажам, треба да добие зелено светло од Претставничкиот дом. Ќе видиме каква е замислата зад ова тело.
Зголемување на придонесите на НАТО. Ставање данок на увоз од Кина, Мексико, Канада. Ова иако е интерна мерка, ќе влијае реципрочно на поголеми затварања на граници и поголеми даноци на увоз, што генерално ќе се одрази лошо на нас граѓаните. Имиграциона политика и добивање на државјанство во Америка исто ќе се одрази лошо на многу македонски граѓани што се таму, преку легален или нелегален начин. Затворање на САД и насочување во своите граници нема да влијае позитивно на нас. Мегаломански политики како преименувањето на Мексичкиот залив во Американски и целото фијаско со Гренланд, само кажува дека законите и принципите до кои се држеа поголемите земји повеќе нема да важат. Ако Косово и Крим беа преседан, сега со отстапувањето на Новорусија, а од друга страна "купувањето" на Гренланд и аспирации кон други територии ќе стане пракса. Ќе дојдеме и ние на ред. Терање на олигархиска еврејска политика, ставајќи го корпоративниот капитализам, редејќи ги сите од Маск до Цукерберг и Пичаи исто лошо ќе се одрази на нас граѓаните. Ќе почне враќање кон феудално владеење каде што големи приватњаци ќе добиваат огромна моќ. Сите се сеќаваме на Ѕинго и неговите бонови. Другото мање-више се нивни внатрешни политики за кои не треба толку да не интересира. Имам уште да кажувам, но генерално не значи дека тоа што овие другите го опипаа секое можно дно и дека ние страдавме од нив многу, како земја, а и цел свет, дека со Трамп ќе биде подобро. Напротив, следуваат мрачни времиња.
Нашиве ќе преговарале да даваат 3% од БДП за НАТО. Оффф, ако каже 4%, тоа ќе е закон и крај. Гајле му е нему некоја си Македонија што се буткала во НАТО, ама немала пари. Тоа што ќе бидат рестриктивни за странци, сметајте дека ќе ги погоди овие што одат на Work and travel. Ама нели вие бевте против, ќе сте оделе во Русија за 200 евра и во Бразил за 300, а реално, младите во САД си земаа пари што овдека нема да ги земат цела година. Имаше кај мене практиканти на работа, работеа по 3 месеци таму, овдека не ни сакаа да работат за македонска плата. Внука на сосетката со тие пари си плаќа студии, оди работи, се враќа, троши, да не е на товар на родители. Друго, што со Македонци женети, мажени со Американци? Ми текна еве на една Македонка мажена за Американец, се регистрирала скоро. Па ако се заострат критериумите за странци, има да биде за нигде - никаде. Сите си навивате Русија освоила некоја си касаба во Украина, епа сега ако почне и САД да припојува, на ред ќе дојде и Македонија, а страшно е, само на Косово одамна има многу повеќе Албанци отколку што има Македонци во Македонија и тоа е така одамна. Косово има 1.7 милиони жители, само 55.000 се Срби, другото се Албанци, по некој Бошњак, Ром, ситно. Комотно можат сами да ја прегазат Македонија со оглед на тоа дека купија моќни оружја, дронови, а и отворија сметка дијаспората да им донира пари за оружје. Ако не платиш за НАТО колку што треба, ако светот влезе во уште некоја војна, гајле ќе му е на некому што се случува со Македонија, комотно можеме да бидеме Газа. И многу сте смешни што навивате, небаре ќе дојде некој месија, ќе ви ги реши проблемите што ни Господ не ги решава. Македонија одамна требаше да преземе мерки, економски, демографски, дипломатски, пред повеќе од 40 години, за да се одржи стабилна. Додуша да ви кажам, каква нелојалност покажуваат тука на форумов Македонци што живеат на Запад, како тоа шират глупавост од типот „еве сега Бангладеш кога ќе зајакне, ќе влезе во БРИКС, нов светски поредок имаме“, сите треба да добијат шут карта, трајна. Не само што не се за жалење, таквите од Западот прават катанга. И како е? На шопинзи во Кина, Москва почнавте ли да одите? Ќе суспендира Трамп и помош за странство, ништо чудно и трајно да прекине да дава пари, за градење вецеа по Македонија, смарт табли, реновирање на споменици од НОБ, што добива Америка од тоа дали вашите деца ќе вршат нужда во полско веце или во модерен тоалет?
Бог да чува, какво црно требење на ЛГБТ луѓе? Кој рече такво нешто? Тие не треба да се требат, туку да се лечат. А ако не сакаат да се лечат, тоа си е нивно право. Во тој случај, само треба да не им се дозволи да шират пропаганда на мали деца.
Нивно е да зголемат придонеси, наше е да излеземе од тој воен сојуз за туѓи интереси. Јас па обратно мислам дека ќе се одрази. Кина нема да извезува во САД, ќе има многу резерви, а тоа ќе ја намали цената за увоз во Македонија и остали земји во светот. Ако се нелегално таму, тогаш и треба да им се легализира статусот. Макар тоа да би значело и лет за назад. Легалните нема да ги бркаат. Овој проблем американците требаше многу порано да го решат, ама демократите беа проблемот, на кои им одговараа илегалците затоа што тоа им беа сигурни гласови за нив. Но тоа е многу краткорочно гледање и многу непатриотско, каде што личните интереси се ставаат пред државата. Демократите да си добијат сигурни гласови, а нека ја парчосаат државата овие. Е не иде тоа така. И ние го јадевме стапот од слична политика кога Бранко им даде лични карти на косоварите за да гласаат за СДС, па еве до ден денес се мачиме со нив. Тоа ти е рани куче да те лае.
Ова е вон секоја економска логика. Ако кинезите изгубат толкав пазар, со какви цени би продавале другаде за да го надоместат изгубениот прилив? Не зборам за резерви. Тоа што САД просто не може да си дозволи да остане без кинески продукти е друго 20. Оно за еден тик ток толку плачки не пак за конкретни ресурси.
Можеби грешам, ама ја вака размислувам. Кога имаш поголем пазар, имаш поголема побарувачка и можеш да си ја кренеш повеќе цената. Ако Петко не сака да купи, ќе купи Станко. Битно производот ќе ти се продаде. Ако пак имаш мал пазар, тогаш имаш помала побарувачка. Тие ти се купците, со ограничена куповна моќ и мора да ја спуштиш цената, бидејќи ако и тие не ти купат, тогаш ќе ти остане робата у магацин.
се е глума. Сам си пука во нога со тоа и кинезите губат ама и муриканската економија ќе трпи, не им одговара моментално невработеноста им е на 4 проценти а над 4.1 процент влегуваат во рецесија, чекорот со тргање на кина и стопостотни такси е самоубиство во моментот
Посериозна не можам да бидам, камо сите вие да не бевте. Буквално славите официјално осуден силувач на чија инаугурација најбогатиот човек на светот направи нацистички поздрав, и кој во првиот ден од претседателството веднаш затвори вебсајт за репродуктивни права и факинг ја повлече државата од Светската здравствена организација. Ама битно "родовата идеологија" ќе ја средел... Срамно и одвратно лудило!
Старото сенилно дртало многу крв на рацете има со втурнување на Украина и Израел во војна но тоа на многу не им сметаше дури и поддршка даваа на тоа зло, а сега Трамп не чинел, јасно е добро зошто "не чини" а тоа е најмалку СЗО (јеб*ш Корона), друга е болката
Гледам дека е многу тешко да се прогугла надвор од радикално левистичкиот круг и да се види дека Трамп ги има ревидирано ставовите за абортус и дека не е целосно против абортусот. Организација која треба да штити репродуктивни права прави злоупотреби и треба да биде казнета. Федерацијата многу се занесе. Со отфрлање на претходниот закон се овозможи намалување на моќта на федерацијата врз сите 50 држави и на нив им се остави да донесат свои одлуки по тоа прашање. Оти е диктаторски федерацијата да одлучува за сите за тоа. Вака, евентуалните штети од одлуката се одговорност исклучиво на тие 50 држави. Дури и самиот Трамп ги критикуваше оние кои донесоа доста строга одлука како Флорида и рече дека 6 недели се премалку. Човекот признава дека има сериозни индикации кои бараат абортус и тоа не смее да биде игнорирано. Во однос на обвиненијата, не, не треба да се уважат кога се донесени од лица кои имаат релации со Демократите. Ако е за судење, треба да му судат независни. Зошто не се обрне внимание и на криминалите на Џо Бајден и син му Хантер? Аферите и валкањето раце во Украина, вмешувањето во односите меѓу Русија и Украина, и вмешувањето во односите меѓу Израел и Палестина и тоа што сенилниот само овозможи перење на Израел...