Избори во САД 2024

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DS10, 22 април 2024.

?

Кој ќе победи на изборите во САД?

Анкетата е затворена на 8 ноември 2024.
  1. Камала Харис

    20 глас(а)
    13,3%
  2. Доналд Трамп

    130 глас(а)
    86,7%
  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Не го славиме Трамп. Јас само аплаудирам на некои здраворазумни одлуки на републиканците, за кои верувам дека брзо ќе се пренесат и тука, бидејќи нашава нова влада ќе мора да се прилагоди на нив.

    Илон Маск одрече дека тоа бил нацистички поздрав. А кога сме на таа тема, не видов некој од разбудениве да реагираат кога овие го направија истиот „поздрав“... хм?

    naci.jpg
     
    На SummerGirl, eliesaab, DS10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    976
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Машки
    Тоа е бидејќи овие слики не се од поздрав, туку додека правеле гест со раката додека им била во воздух. И не е само работата дека раката му била во воздух така, Маск го направи целосниот нацистички поздрав, од ставање на рака на срце до кревањето на раката (исто како што Хитлер го направил). И дефинитивно беше наменето како поздрав, не само случајно му се движела раката додека зборувал нешто.

    Меѓу другото, Маск често шири неонацистички идеали и теории на заговор на неговиот профил.
     
    Последна измена: 22 јануари 2025
    На staycalm и Angie1432 им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.143
    Треба да се спуштите на земја, не сте Американци, туку сте небитни и сиромашни Македонци и доста со муабетите дека некој плачел што победил Трамп или не знам што. Нема потреба од плачење, ама ќе бидеме сите погодени. Не сте откриле топла вода во никој случај. Кажано беше за царините. Вчера читам анализа, со овие царини, ако се удри по Германија, ние над 40% извезуваме во Германија, плус парите од гастарбајтерите не доаѓаат од Пекинг и Владивосток, од Европа се, а тоа го држело курсот евро - денар. Славите дека денарот може да девалвира? Нека ви е на здравје навивањето против самите себеси. И симнете се доле, никој не ви љубомори, нема на што и нема ни да има, не сте вработени во Белата куќа. Ако навистина нешто спои, прашање е каде се ќе се поткопаат граници.
     
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.853
    Допаѓања:
    41.143
    Пол:
    Женски
    Апсолутно, многу сум среќна што целосно ќе потонеме од корупција, ќе се разболеме од секој токсин што 24/7 го дишеме и ќе немаме пари за леб, ама барем новата влада ќе го избрише вистинското зло - родовата идеологија. Амин.
     
    На Waverly Raven, fbaby, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.195
    Допаѓања:
    175.778
    Пол:
    Женски
    Сигурна сум дека само добрини ќе излезат со то шо Трамп се повлече од Парискиот климатски договор, исто и од СЗО. :inlove: Напред мили4ок. :l:
     
    На staycalm, FriendOfDorothy, Angie1432 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    "Републиканци" и "здрав разум" во иста реченица :rofl::rofl::rofl: л м а о.
    И не ти пали whataboutism, не сум либерал ниту фан на ниеден политичар, анти-авторитарен социјалист сум. Сметам дека иако Камала донекаде немаше шанса поради расизмот и мизогинијата што владеат во Америка, во поголем дел сама си беше виновна за поразот и изгубените гласови од левичари поради поддршката за геноцидот во Газа. Ама Трамп е апсолутно најголемото зло и мора да бидеш или краен десничар, или ужасно заслепен од пропаганда за да не го согледаш тоа.

    Гледајќи ја темава, коментарите на објавата за Маск на Слободен печат и популарноста на движења како Патриотско друштво, кристално јасно ми е in real time како Хитлер успеал да дојде на власт. Историјата се повторува, џабе ни се генерички лекции за истата по учебници кога владее страшна политичка неписменост.
    Што да ви кажам, среќна нова 1933!
     
    Последна измена: 22 јануари 2025
    На fbaby, BlackAndWhiteSwan, sparklie и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.123
    Допаѓања:
    9.434
    Пол:
    Женски
    Се мислев да прашам кај плаќате даноци што толку многу се внесовте за политички избори во друга држава, ама колку повеќе ќе ми реплицираш толку ќе ми е понезгодно да те читам.
    За срањата со ЛГБТК+ ќе се воздржам пошто тоа стана финансиски поддржано помодарство од кое луѓето кои навистина си имаат проблем не можат да функционираат и имаат дополнителна штета и пречки кои во скоро нема да можат да ги надминат, а тоа е бидејќи за пусти пари во невладините се напикаа полуписмени лоповчиња и некоректно си беседеа на долго и широко. Лудилото со мажи во женски спорт исто нема да ти го коментирам пошто очигледно нема да го сфатиш. Во врска со репродуктивноста, жените раѓаат и матката е во женско тело, за мојава матка и јајници нема потреба ти или кој друг со закони или од СЗО да ми објаснува. Јас доволно сум свесна за моите желби и моето тело немам ниту трошка потреба да читам некои непознати да ми објаснуваат што е добро за мене. Во врска со СЗО се намлатија пари на приглупи проекти од кои никој нема ќар. На таа пара што ја испраа требаше да имаат измислено лек против рак и ред кој и како ќе го користи лекот Оземпик.

    И немој мене да ми кажуваш кого славам и не се обидувај да ми лепиш глупости. Срамота е млада личност да не може да направи разлика од вистински проблеми, решенија за тие проблеми и перење пари. Тоа што не можете да воочите сериозни работи не е поврзано со избор на претседател на држава во која не плаќате даноци. Намали со глумењето пацифизам, воопшто не ти прилега.
     
    На Biljarkata, SummerGirl, eliesaab и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.143
    Внесени беа тука луѓето небаре Трамп им е татко, па еве победил. Ок, победил, некој мора да победи. Што може да смени за Македонија, и не бара 4, бара 5% од БДП за НАТО.
     
  9. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.853
    Допаѓања:
    41.143
    Пол:
    Женски
    Овие совети ти да си ги прочиташ и примениш, како и овие што те лајкнуваат и веројатно имаат постер од Трамп во дневна.
     
    На crimson, Someonespecial, staycalm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Девојко, како прво, разговараш со ЛГБТ жена (Б, поточно), која лично не сака да раѓа и не сака традиционално семејство. Транс не сум, но со години сум во контакт со доволно транс лица за да знам дека моралните паники што ви се сервираат се тотален булшит.
    Зошто се внесувам во политиката на друга држава? Па еве читај го Евангелос како ликува дека конзервативното влијание ќе дојде и до нас, и за жал во право е, американската политика влијае на цел свет. И општо ме боли што сум опкружена со луѓе полни со нерационална омраза кон маргинализирани заедници до тој степен што лижат милијардерски фашистички чизми. Еве стварно извинете, знам дека ова е непознато чувство за луѓе што користат "освестени/woke" како навреда.
     
    На fbaby, sparklie, crimson и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.143
    Ајде некој економист нека ни објасни ако дојде до промени на курс денар-евро, што не чека? Да не нагодуваме. Феминка е банирана? Да не беше, ќе кажеше. Што ќе значи тоа за тие што имаат кредити во евра? Повеќе ќе треба да вратат? Веројатно да. Нашите пари во тој случај ќе бидат како омилената ви рубља, тоалетна хартија. Не дека сега имаме пари и куповна моќ, ама ако им направи шокови на европските економии, ќе бидеме на удар. Друго, ако почне да анектира навистина територии, знаете кои држави се први на удар на Балканот со граници? Босна и Македонија, Косово евентуално Србите ако ги земат тие маченици на северот. И додека мислите дека некој Трамп ќе работи за вас, еве денеска во едно чисто македонско село, дошол Турчин од Турција, од Истанбул, со извод од татко му, да бара кај им била куќата, па се фрапирал дека Турци нема во селото. Значи татко му и други Турци родени тука пред некои 80 години, тој во шок, мислел тука има Турци. Мислите ако запнат да ја купуваат таа багатела, нема да не купат за година дена? И многу кажувате бе кое чиво било пред 80 години, многу бре, еве ти дека и македонското село не било македонско, пред некоја деценија. Ако почнат така да вадат државјанства на основа на потекло и корени, знаете ли до кај ќе тераме ние.
     
  12. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.303
    Допаѓања:
    189.904
    Каква точно врска има Трамп со курсот денар-евро? :^)
    Доларот надмина евро на глобален пазар пред некое време, кој е врзан за евро, врзан е, а што тоа значи видете сами.
     
    На SummerGirl и Billy Idol им се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.194
    Пол:
    Женски
    Најиронично од сево ова што тие што се као демек против Америка и западот со сето срце го поддржуваат Трамп, со изговор за нас подобро ќе било. :D Настрана очигледната себичност (знаеме дека сите сме одамна оперирани од емпатија) ама колку налудничаво треба да ти работи мозокот за да мислиш дека ќе дојде пресвети Трамп и ќе го спаси светот од американскиот империјализам и национализам??? Како се стигнува до овој резон јас стварно не разбирам и никогаш нема да разберам. Секако баш Трамп ќе каже ејј многу се мешаме кај што не ни е место, простете мили источни држави, се повлекуваме. <3

    Да си фан на кој било политичар е insane, ама на ТРАМП, треба сериозно да се испита ова, зашто е страшна аномалија во општеството. Буквално има црно на бело докази дека е изневерувач, силувач и општо манијак, дури и кон сопствената ќерка и пак сите се ко, хмммм не е лоша идеја оваа личност да ја има најголемата моќ на светот. И секако, Трамп фан клубот тука е составен од 99% мажи. Are we surprised? |(|(|(

    Да беше Трамп единствениот проблем... Цел свет почнува конзервативно да гласа, знаеме сите зошто. Ама конзервативните влади се секогаш десничарски, и оп полека полека отидовме во рацете на олигарсите. Не дека не бевме до сега, ама барем беа принудени да се преправаат дека не се фашисти. Сега веќе нема ни потреба од тоа. Марк Заки, Ил*н М*ск, а богами и CEOто на Тикток, тие неколку мажи што контролираат сè што гледаме и читаме онлајн се наредија во ред за лижење на газот на Трамп. Имаат контрола над сè, можат што им душа сака да цензурираат, кријат, бришат и да си прикажат ствари по нивна желба.

    А вие радувајте се. Кога ќе рипнат цените на јадењето до висини што никогаш не биле заради климатските промени, пак радувајте се. Кога ќе почнат да ни го покажуваат патот назад во кујна, пак радувајте се. Кога ќе нè фати уште една пандемија во која богатите ќе станат уште побогати на наш грб, пак радувајте се. Најтажно е што нема преку ноќ да се случи ова, и бидејќи толку кратковидно гледате, пак некој друг ќе обвините.

    Наместо со сите сили да се бориме да не дозволуваме на тој 1% да контролира сè што постои на светов, ние се радуваме кога ќе се сместат во влада. Зошто? Бидејќи кажаа НЕ за транс идеологија. :inlove::inlove::inlove:

    Многу евтино ве купуваат драги мои, мноооогу евтино.
     
    На Someonespecial, BlackAndWhiteSwan, sparklie и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.676
    Допаѓања:
    14.143
    Тоа економистите ќе си ги прашаш. Ти си на Запад, не следиш македонски медиуми. Имаше вчера. Нека се јави некој економист нека даде објаснување. Накратко како што сфатив, ако се загрози прилив на пари од странство, и извоз низ Европа, ќе се загрози курс денар-евро, во контекст на најавените царини.

    Инаку, многу е смешно што пред 20 дена муабетот беше „абе сака да донесе мир во светот, ете не им одговара, гледаат да го убијат“, а сега по ново е „абе двапати сакаа да го убијат, не е за џабе“. Аааауу, која превртливост, страшна. Плукај па лижи, аауау. Исто е многу смешно што се антизападни, а за избориве растурија од пишување. За држава за која тврдеа дека пропаѓа, дедоларизација, лелел, само немој да не најде дединаризација.

    И како што тие мигранти од Јужна Америка и Средна раѓаат деца во САД за да добијат документи, истото го прават и Македонците низ Европа.

    На форумов две години се пишува за пропаст на доларот, ти лајкуваш и сега ми тврдиш дека на доларот добро му оди.
     
    Последна измена: 22 јануари 2025
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.303
    Допаѓања:
    189.904
    Политичките елити, и ,,леви,, и ,,десни,, работат за истото ,,општо добро,,. Или, за да дојдат вакви ,,десни,, им требаа вакви ,,леви,,. Да имавте желба да видите ќе видевте и досега де, на локална сцена. Инаку не знам кај бевте претходниве 4 години да ги видите цените или кому се лижеше Заки до пред 3 дена, или како ќе се тепаа во ринг со Елончо, или како Елончо си ги мереше ракетите со Безосчо:bug:. Ама млади сте, има време да сфатите. Или можда не.
     
  16. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    25.963
    Пол:
    Машки
    И ти изгледа не знаеш да прогуглаш надвор од воук вирус - ултралевичарски - LGHDTV+ гугл и тикток?

    Транџите нема да можат да служат војска веќе и Трамп одлучи дека ќе постои само машки и женски род/пол, нема да има родови на документите, плус ги реименува Мексиканскиот залив и планината Денали.

    А за жените, само добрини им направи, не им е потребен сајт а уште помалку ресурси за репродуктивни права, тоа се само Соросови пропаганди. Жените, се знае за што се на земјава.

    СЗО само труеја луѓе за време на короната, подобро што се повлекол!

    Плус имаме уметнички трејлер за филм кога ќе ја отвориме http://whitehouse.gov/.
    Плус на фб и инста автоматски 11 милиони профили ги заследија Трамп и Vance.

    Сето ова е прогрес за нив, за нас, и за вас! Ништо не разбирате!

    *едит: Заборавив, плус помилува 1500+ патриоти, го помилува и невиниот Ross Ulbricht (кој беше осуден на доживотна казна), основач на Silk Road, продавница на dark web позната како „најсофистицираниот и најобемниот криминален пазар“ на интернет - за продажба на недозволени дроги.

    America Is Back бичез!

    [​IMG]
     
    Последна измена: 22 јануари 2025
    На crimson, Someonespecial, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    303
    Пол:
    Машки
    Депортациите на илегалните мигранти веќе започнаа, започнаа да циркулираат снимки.

    Најавената политичка агенда, која вклучуваше повторно излегување од Парискиот климатски договор (патем, пристапија во времето на Обама и беа една од последните држави пристапнички) и од Светската здравствена организација, е очекувана. За истата агенда гласаа самите американски гласачи. Најголемите глобални загадувачи се Кина и Индија, кои придонесуваат со повеќе од 20% од севкупното глобално загадување, но и од друга страна приближно и толку од глобалната популација. Што преземаа они по ова прашање? Напорите да се стави глобалното затоплување под контрола, кое е природен процес, а истиот процес е забрзан по индустриската револуција, досега не вродија со никаков плод. Станува збор за чисто бирократска организација каде САД партиципира со милиони, а за возврат добива лекции за заштита на животната средина. Еве, какви позитивни последици има по нас? Сеуште ги имаме едни од најзагадените градови во светот (Скопје и Тетово) и сеуште илјадници граѓани умираат поради рак на белите дробови (ама тука влијание имаат и цигарите, каде сме меѓу првите 10 држави во светот по пушачи по глава на жител). Дали самите, самоиницијативно, можеме да преземеме чекори кон решавање на овој проблем или треба да чекаме препораки од некоја меѓународна организација? Дел од проблемот, секако, е и урбанистички, каде секоја година, во Скопје, никнуваат 10-тици висококатници.

    Во однос на СЗО, оваа организација нема научен кредибилитет по справувањето со Корона вирусот. Зошто беа криени податоци од владите и граѓаните за потеклото на вирусот, за бескорисноста на мерките и за самите вакцини? Тоа се основни сензитини информации кои секој има право да ги знае. Меѓународната соработка помеѓу овие две прашања, здравствената и заштата на животната средина (кое претставува уставно загарантирано право), секако, се значајни, ама не во насока на овие организации. Ако сакаме да се справиме со проблемот, треба да се ослободиме од бирократијата.

    Во однос на наводното силување (станува збор за сексуален напад за Џим Керол, така одлучи поротата и Трамп не беше осуден за силување, а ABC му плати 16 милиони долари на Трамп затоа што Стефанополус го нарече силувач) на Трамп, предметот е обжален. Така истиот не е конечен. Има неколку нелогичности во овој процес, независно од државата во која се одвиваше процесот и самата порота.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.194
    Пол:
    Женски
    Баш дека сум млада имам многу повеќе право на револт зашто јас ќе треба многу подолго време да се снаоѓам во расипаниов свет и со долгорочните последици од овие краткорочни решенија на проблеми што не постојат. Еве дури и да е тооолку сериозен проблемот со транс луѓето и имигрантите или што и да е тоа за што збориш (бидејќи никогаш нема јасно да се изразиш за ништо), не вреди да се стави Трамп на чело на светот и да дозволиме да прави вакви катастрофални одлуки што допрва ќе се покажат. Не зборам за денес и утре, зборам за 30-40-50-100 години од сега. Апсолутно ништо не е доволно оправдание за Трамп да се изгласа, а за славење да не правам муабет. Не мислам дека сте свесни што значи Америка да не соработува за решавање климатската криза. Буквално потпушување капитулација на светов каков што го знаеме.

    И не знам кога ќе се свестите дека екстремностите од екстремната левица не се реални, туку фабрификувани токму за да се постигне ова што се постигна, да може на демократски начин да се изгласа олигархија. Честитки на сите.
     
    На Someonespecial, FriendOfDorothy, crimson и 3 други им се допаѓа ова.
  19. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.804
    Допаѓања:
    25.963
    Пол:
    Машки
    [​IMG]

    Trump loses appeal of E. Jean Carroll $5-million defamation, sexual assault verdict
     
    На Someonespecial, Angie1432 и theowndemon им се допаѓа ова.
  20. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    13.143
    Пол:
    Женски
    Ме интересира дали Трамп ќе воведе вазектомија? Пошто веќе кога на жената и брцаат во матка, треба и на мажот во јајца.
     
    На FriendOfDorothy, staycalm и theowndemon им се допаѓа ова.