Републиканците ќе имаат полесен пат до 270 електори поради последниот попис, каде бројката на делегати од сините држави ќе опадне на сметка на црвените. Станува збор за 5-6 делегати, плус 1 ако Небраска стане една изборна единица. Не е само нелегалната миграција, туку и самата инфлација. Во времето на Трамп инфлацијата беше ниска. Затоа ужива далеку поголема доверба за економските политики во однос на било кој демократ. Проблем е цената на нафтата, истата е зголемена, проблем се и кириите и достапноста за купување на недвижност. Во суштина ова се и основните проблеми кои го донесоа Трамп, повторно, во Белата куќа. Трговската војна со Кина треба да е зачеток на трговски преговори за тргање на таксите и/или намалување на царинските стапки, како и стимулирање на американската индустрија, чиј дел е пред умирање поради силната конкурентност од кинеските фирми кои претставуваат нелојална конкуренција. Истите земаат кредити од финансиски организации во сопственост на кинеската држава. Со самото тоа го шират кинескиот пазар, што може да се проследи во Африка (само на една држава Кина не е нивен најголем трговски партнер, од каде купуваат евтини ресурси и суровини) каде имаат капитални инвестиции (пред се инфраструктура, државите земаат кредити од кинеските банки, за што плаќаат каматна стапка, плус кинески фирми се реализатори на проектот) во сите држави во Африка, па потоа Азија, делови од Ј. Америка и секако, имаат одлична трговска размена со Европа и С. Америка. Дали внимаваат на екостандардите (посебно во трговски зони)? Секако дека не. Нема ни да внимаваат затоа што индустрискиот погон, кој ја направи Кина најголема глобална сила, кој започна при крајот на 80-тите, се стреми кон широка потрошувачка на лесно заменливи и евтини добра. Истите се проследени со многу евтина работна сила. Контролата на екстерналиите, пак, е трошок. Високата цена на работна сила, претставува интерен трошок, и влијае на цената на крајното добро. Згора на се, тука се и царините и таксите, кои служат за заштита на домашното производство со тоа што ја креваат цената на увезеното добро, кое претставува чист приход за Кина. Денес Кина произведува се. Покрај ова, учествува и во неколку моќни економски унии. Потоа, имаат и децениска константност и стабилност на надворешната политика, а во САД истата се менуваа на секои 4/8 години. САД не може да биде конкурентна со Кина на глобалниот трговски пазар. Кина, постепено, го освојува светот. Излегува дека круцијална е одлуката за повлекување на Трамп од Париз, досега дишевме чист воздух, преземавме и имплементиравме серија на мерки за зачувување на стандардот на чистиот кислород, ама Трамп ја одзема иднината на нашите деца со тоа што се повлече од овој Договор! Не знам дали ја гледаат широката слика, каде само мал дел од државите од светот се заинтересирани да преземат одредени мерки и чекори за заштита на животната средина, што нема да има значителен глобален импакт. Акцентот е ставен на глобалното затоплување и намалување на глобалните температури за Х години за неколку С степени. Не е изводливо ни со САД затоа што само Австралија, САД, Канада и одредени држави од Европа активно би се вклучиле во реализација на овој план, иако речеси сите држави од светот се дел од овој Договор. Најголем дел од проблемите, сите, општо, можеме да ги решиме интерно. Аерозагадувањето е повеќедецениски проблем. Состојбата во здравствениот систем е повеќедецениски проблем. Состојбата во образовниот систем е повеќедецениски проблем. Состојбата со правосудниот систем е повеќедецениски проблем. Проблемот со корупцијата е повеќедецениски проблем. Состојбата со градскиот превоз е сериозен и релативно нов проблем... Дали навистина ни треба меѓународна организација, која ќе прави мониторинг, кој ќе го плаќаме, да ни ги реши проблемите? Тогаш зошто ги бираме нашите политичари? Трамп е на власт само 2 дена, а веќе има премногу драма! Едвај чекам да ги потпише останатите најавени Извршни исправи, тек тогаш ќе настане армагедон.
ја ко зборев бркање на вештерки ќе има по мурика тие ми се смееа Не дека го сакам орангутанов ама има некој добри работи шо ги прави на светско ниво за разлика од овие кои незнаеа накај одат
Колку повеќе поминува времето се помило ми е дека победи Трамп Тоа што се напаѓа со се што може против него само покажува дека е на добар пат
Армагедон со дерегулација на АИ ќе дојде. Или да се помолиме кодерот да поставил повисоки етички стандарди отколку има просечен човек, па еј, можда и лек за сите болести ќе измисли. Како одеше таа причата со армагедон уствари?
Ооо, па ти со 30 познаници гејови кои не се жалат си за во Гинис, не си за фемина форум. Нашетан и сестран човек, браво. Со сите гејови другари истиот муабет е, дека не се дискриминирани? Па ти си бил подобар од психолог, на таква тема со 30 души што си општел. Јас не познавам толку, ама добро е што ти познаваш и ми кажа, ќе знам сега. Иначе да, гледам откако дојде конзервативна партија процвета наталитетот, се отворија уште 1000 градинки, се победи злото и сега секој пар има по минимум 3 деца. Средствата сега одма за хумани и алтруистички цели ќе одат, во право си.
Убаво сте пишале, имаме толку проблеми што самите ги создаваме од неспособност, така што Трамп нема да ги реши. И што е поентата со тие муабети дека со пари од едно ќе се купело друго, покорисно. Како ќе се купи кога народот е криминоген, гледа што да украде, макар патни трошоци, макар нешто ситно, абе да украде. И народот што се буни против мито, 95% да се на некоја пониска позиција, веднаш би земале мито. Околу тоа „Нато ли ќе не брани“, прашајте што Македонија е спремна да брани во рамки на тој сојуз? Ништо. Поцркавте за Украина, „па ние ли да одиме, ние ли да гинеме“, а не сте воени лица, да бевте ќе дезертиравте. Да сум како Трамп, абе не 5%, на малите ќе им барам 10%, па плаќај ако сакаш некој да те брани, ако не брани се сам, не само да се фалиш како си дел од моќен сојуз, па и тези „ама ние ли сме рамноправни со Британија, Германија“. Мислам, по која логика сакаш да си рамноправен со некој што е три века пред тебе во развој и е далеку пред тебе во тие сојузи.
Срцка, заслужувам да ме чкртнат од книгата на гејови моите колеги, јас лично, 30 познаници гејови немам ОПШТО, камо ли такви кои велат дека сѐ им е супер.
Јас го замислувам членот како широкограден, екстровертен, сестран човек, онака подобен за доверба. Сигурно другарите му викаат уф како ни беше неубаво, ама сега откако дојде Трамп и ги симна знамињата воопшто не се чувствуваме дискриминирани. Ти срцка можеш да сонуваш за ваква сестраност, за вака да ти се отвораат луѓе. Па уште и 30 луѓе, членот е модерен Гуру Нанак Дев, национално богатство, да си го чуваме.
Членот практично може да направи попис на гејови у државава, толку што е широкограден. Тука лежи зајакот срцка, гејовите не гледаат кон мене со доверба, како ултра либерален, па затоа не ми се отвараат и немам познанства.
^ Леле у реду е Шелби, еве се изнаплакавме, некој зрел и издржан аргумент имаш за промена? Градинки ќе им градел Трамп бе да не беше трагично, смешно ќе беше. Да сакаа, Трамп заедно со Маск и остали милијардери околу него не градинки, туку цел свет можеа одамна да го нахранат. Ама зошто би, кога имаат овци низ цел свет на кои им е доволно малку лажно морализирање и ветувања за "заштита" од најранливи заедници (ЛГБТ, мигранти) за да ги величаат. Ајде ве чекам за неколку месеци да се пофалите дека рози ви процутиле во животот оти е симнато ЛГБТ знамето пред америчка амбасада
Аман намалете со фрустрацијата за ЛГБТК+, никој не треба да ве прифаќа со сила. Најсериозно ти кажувам дека треба да си ги средите комплексите во разговор со стручни лица. На крајот на краиштата Марче од Фејс и Инста сам си кажа оти згрешиле со вистинометрите и најопуштено си отиде на инаугурација на Трамп знаејќи дека тоа ќе му донесе уште повеќе пари. Милијардерите во светот станале милијардери зашто се грижеле за нив и нивната иднина, а не заради грижа за други луѓе. Ако мислиш дека Сорос е поразличен од останативе си се зезнала. Луѓето се луѓе за да се грижат за себе.
Ама стварно, претерувате со лични прозивки, вратете се до темата, надежно што пообјективно. Што реално менува во светот, и на нас во Македонија ова уопште?
Трамп градинки ќе отварал. Абе не се озрачувајте толку, видете колку кошта таму само да го родиш тоа бебе, вие тука за градинки зборите. Него ако му е толку гајле за децата ќе ги намали прво трошоците за пораѓај и ќе даваат платено и подолго породилно отсуство. Битно градинки ќе имало.
Многу е лошо кога човек не знае да направи муабет и своите комплекси ги натура на други. Во 21ви век да напињаш тотално небитни и непознати луѓе дека не си сфатен и прифатен е малтене ретардирано. Апсолутно ништо, ќе си останеме сиромашни.
Жено, Трамп и сите конзервативци ве купија со филмот дека на светот му се заканува апокалипса од лгбт луѓе, што резултира со Македонци кои овде ревносно се радуваат како се симнуваат знамиња виножита бидејќи конечно светот е спасен. Единственото што е ретардирано...
Е ама сега ќе биде исто вака, само без знамето. Го отупевте со знамето, исто ко овие без знамето. Една тема за знамето предлагам да се отвори, многу имам да кажам на темата.
Сите пари пренасочени од Трамп се наменети за намалување на даноците на богатите. Нема просечниот Американец ништо да види од тие пари, ни геј ни стрејт.
А чеки па тебе што те боли толку за лџбтик+ ултра про макс и по уште некоја таму буква комјунити во некоја си Америка илјадници километри од тебе? Ми мешате баби со жаби премногу. Рекордери по лупнати глупости во единица време на единица површина.