Знам, знам. @Antebellum Сепак, не е ништо поинаку од секоја друга пост-изборна еуфорија впрочем. Освен што истовремено се случува во пост-пост-епидемиски период, на раб на (3та) светска војна, со вжештени (меѓуетнички) тензии, LGBT+ политики, и уште неколку ствари кои не се во етер на внимание. Tака што, ќе си останам доследна на претходниот пост. Да не додатно се вжештува, и се раздаваат поп-психологии, и сл., да не дадеме некоја онаму каде што ја нема, евентуално пропуштиме по која онаму каде што навистина ја има.
Затоа што така сакам. Доволен одговор е или треба да почнам да ви препишувам дијагнози, како некои индивидуи на темава. На погрешно место го упатуваш ова, јас не сум републиканец за да ме засега пишаново.
Неточно. Овие, со знамињава ќе го предизвикаа ова, ама дојде Спасителот, братот наш, татичко, и го спречи крајот на светот.
За оние кои сметаат дека е катастрофална одлука тоа што САД излегува од СЗО. Ај вака да ве опитам, шо ќе му е СЗО на САД? Што се должни американците да плаќаат еден куп оправдани и неоправдани трошоци на таа мегаломанска организација? Американците со околу 325 милиони жители плаќаа по 500 милиони долари годишно на СЗО, а кинезите со 1.4 милијарди жители само 39 милиони долари годишно. Едноставна е математиката, по глава на жител американците плаќаа (500/39) * (1400/329) = 55 пати повеќе од кинезите. Тоа не е фер. Американците можат да си направат своја здравствена организација која ќе си работи за своите интереси.
Илон Маск пред малку објави дека ќе направат се што можат за и Европјаните да се ослободат од WOKE срањето
Вака сеа, тригер да искоментирам ми бевте оти ми напнавте да коментирате и да расправате права за лгбт во тема за претседател за америка, и да ти кажам реално ич не ме ни интересира таа тема од аспект што сметам дека не сте лица со посебни потреби и ги имате сите права како шо ги имам и јас сите права, кога одите на разговор за работа никој не ве прашал дали сте геј, исто кога одите на доктор, исто и кога сте оделе на школо дали средно дали факс дали докторати имате не е ни битно, кога одите на кафе не ви пишува на чело дали сте геј а и не не интересира тие шо седиме у кафич кој е геј ради тоа шо и ние седиме со некој шо може е геј а може и не е тоа и не е толку битно додека се однесува човечки со сите во средината во која се наоѓа. Ако под права вие гледате дека кога шетате на чело треба да ви пишува дека сте геј и кога ние ќе го видиме тоа треба да ви бацуваме нозе тоа си е ваша замисла и јас лично имам многу против тоа да ви бацувам нозе ради тоа шо ти си геј, оти јас дома на моите кои ме израснале и ми дале се шо имам не сум им бацил уште а не па на вас. Во врска со знамето шо толку сте напнале ако не па и ние стрејт шо сме да земеме знаме да направиме и да тераме пропаганди како треба да се мразат геј луѓето ? Ја не сум видел пропаганда против геј луѓе, вие сами си правите луѓето да ве гледаат како шо се осеќате дека ве гледаат, еве пример тука читајте се и сами ако неможете да заклучите дека има контра ефект од тоа шо сакате да постигнете неможе мене да ме обвинувате дека имате замислена цел да остварите а не ви успева, вината барајте си ја кај вас, знак дека треба на друг начин да пристапите. Вака ве гледам собрани цела невладина тука, најверојатно тригернати од коментарот на евангелос кој преставува најверојатно друга невладина организација ја би ве нарекол и двете секти, не ми менува многу едното од другото, ама се тригернавте дека овој коментира дека ке се сечат права на лгбт и дека ке се кратат средства за пропагандите на кои работевте, додека тој се усреки дека сега овие средства ќе се насочат најверојатно кон неговата организација и додека вие си вадете очи за глупости а ние ве читаме и гледаме дека ни едните ни другите не придонесувате за некој било каков благодет на човештовото ќе дадеме некој коментар и групно ќе не нападнете како ние сме анти лџбт или антихристи. Драги мои, ич ама ич не сакам да ве читам и да ве гледам шо правите, не ме интересира дали сте геј, дали сте стрејт, дали сте верници или не верници, немам против тоа ништо, и тоа си е ваша приватна работа, како што јас не ви се мешам во вашите ствари единствена работа шо ја сакам од вас е исто и вие да не ме замарате со тоа дали јас треба да бидам геј, дали јас треба да верувам у бога или не треба. Се што е ненормално а потекнува од парите на граѓаните јас го осудувам, дали вие го сакате тоа или не тоа си е ваша ствар, како што вчера напоменав за милион еврата лубриканти кои можеше да се пренаменат за https://vesnik.com/redirected/milio...a-od-rak-a9477fb5-b4a5-4630-8a82-9dc9cca484e0 Дефинитивно средствата од државата треба да се пренаменат на луѓе на кои им требаат, дали болни дали на луѓе со посебни потреби (и во овие категории има ваљда луѓе од лџбт и тоа не го менува фактот дека треба да им се помогне ) дали ќе изградат 500 м пат или ќе стават канализација се е подобро од глупоста за која вие ги земавте парите. И за крај да не должам многу имате тема лџбт сите кои сте заинтересирани заедно со евангелос може да одите таму да си се разберете или најдобро е да си се најдете на кафе и да се разберете и најдете некој заеднички муабет и начин на кој ќе си ги средите недоразбирањата и во иднина ние луѓето кои не не интересираат вакви теми нема да страдаме од вашите глупости.
Како сте тргнале да го величите Трамп па и Илон Маск, што утре да земат вазектомија да ви прават вие ќе ги воспевате пошто ќе ве ослободат од 'woke срања'. Испаѓа повеќе вие сте опседнати со тоа неголи самите лгбт луѓе пошто само за тоа пишувате на темава.
@RainBow Многу се забегува надвор од темата која е отворена за изборите во САД што завршија. Дали е во ред да се отвори нова и општа тема за политиката во САД и нејзиното надворешно влијание?
Јас мислам дискусијата е на место, сепак се зборува за исходот од изборите во САД 2024, политиката и агендата на новоизбраниот претседател.
Модераторката се согласи за нова тема. https://forum.femina.mk/threads/Пол...иното-Надворешно-Влијание.35382/#post-7327994
Сепак ние како фемина форум мора да се пофалиме дека добро сме ја предвиделе победата на Трамп, со 130 гласа, а само 20 гласа за Камала.
Скроз истово сакав да го напишам, ама почекав да видам дали некој друг го мисли, буквално се зборува за законите кои новоизбраниот претседател ги воведе во првите 3 дена, ги измени и ќе ги изменува, ама кога на некого кој е фан на Трамп не му одговара да се каже реалноста за штетата што во првите 3 дена ја направи нивниот идол, ќе се пишува дека е офтопик, а самите тие започнаа да набројуваат што направил претставувајќи го како добро... Плус не се ни начнати СИТЕ теми кои може да се начнат, има многу случувања кои не стигаат до македонски медиуми туку се шират само низ амерички/западни медиуми и социјални мрежи, кој има барем малку фид на твитер/фејсбук/тикток надвор од балканскиот, има пристап до многу повеќе информации и знае за што зборувам, знае дека ситуацијата допрва ќе станува многу полоша, согледувајќи ги сите информации и промени.
Не следам политика, освен на форумов што читав, ама ме интересира што направи портокалов за овие три дена?
Потпишан е Извршен акт за декласификација на сите документи поврзани со атентатите на Џон Кенеди, Роберт Кенеди и Мартин Лутер Кинг. Покрај тоа, помилувани се 23 про-живот активисти. Потпишан е и Извршен акт во однос на крипто валутите, што беше предизборно ветување упатено кон, пред се, либертаријанците. Рамковните DEI ќе добијат откази. Сѐ на сѐ уште еден убав ден.
@RainBow преименувајте ја темава во Втора администрација на Трамп или Втор кабинет или Второ претседателство...