Ако ова беше причината, тогаш и Бајден ќе изгубеше пред 4 години. Најбитната причина за нивната загуба беше големата инфлација и што Камала не беше толку популарен кандидат кај демократите. Уште не сте го победиле woke движењето. Трамп не успеа да го победи за време на претходниот мандат, нема ни со овој. Секогаш потценувате колку левонастроени се Американците кога зборувате на темава за нив, ко мислите дека иста поделба на левичари и десничари има ко Македонија.
Пред некој да земе да драпа мадиња каква конзерва сум еве направив тест да се проверам дали уште сум идеолошки либерален левичар Еве сум, ништо посебно не се променило ни кога правев тест пред повеќе години. Американците кои јас ги познавам и со кои јас лично се дружам, гласаа за Камала, а Трамп ни во претходниот мандат не го гласаа. Трамп е карикатура, заебанција на 21 век. Ама Трамп е и одговор НЕ на воук движењето, туку на сиромаштијата која е секаде, ама Америте се научени на меко, џанам развиена земја, нели? Истите муабети како и овде, удри на национализам, ш*птарите се криви, сите се криви, ние жртви сме, па пошто сме жртви комшијата мора да е насилникот. Исто е секаде. Америте се само сиромашни, затоа портокали како овој гласаат, не затоа што ќе "укине" воук движење, туку за ветувањата за подобар живот кои им се чинат изводливи. Е сега. Иако сум традиционално лгбт поддржувач, ова денес што се случува, НЕ сум поддржувач. И тоа се однесува исклучиво на Т движењето, од проста причина што гурајќи пропаганда за нечии џебови, или форсирање дека е тоа "правилно и хумано" и само тоа, се отиде ПРЕдалеку, за жал не беше одамна кога видов личност со доволно голем хендикеп да не може за ништо да даде самата согласност недвосмислена, а "транзиционираше" и на 19 години доби двојна масектомија. За мојов ум мора да постојат граници, а пошто воук движењето нема проблем со спречување пубертет кај деца (побогу, за мачорите чекам да го поминат пред да ги кастрирам!), нема проблем со неповратно касапење на детски тела и шибање на хормони на деца, нема проблем со "транзиција" на луѓе кои не се способни за ништо - не можам со мирна совест да го поддржувам истото. И да, многумина сме "леви", не сум само јас, што сме леви ама не мислиме дека треба да нема граници што и кому се прави. За возрасни, ма све нека прават, така ми е гајле дали Трпе сака Трпана да го викам (ќе го викам), за лгб не ни имам што да кажам, до сега не сум видела ништо неприфатливо кај истиве, со сè сум согласна. И на крај, крајна левица и крајна десница, не се поларни спротивности - стигаат точка каде што и двете идеологии се диктаторство дека "вака мора". Ни едните, ни другите што се на крајот на оската, не се во право.
Претпоставувам дека Трамп сака да ја поткопа довербата во Федералното биро, затоа ги декласифицира овие документи, пред се за Лутер Кинг. Има и улога тоа што Боби Кенеди е во неговиот тим, ама како предизборно ветување во 2016 му беше декласификација и на 11/9, но истото не го направи. Ова прашање му беше жежок костен. Мора да се размисли и во насока на декласификација на Ковид документите, документите поврзани со рацијата на ФБИ во Мар-а-Лаго, за протестот во Капитол на 6ти јануари и оние за 11/9. Во 2016 имаше предизборно ветување за затворање на Гвантанамо, истото ветување го имаше и Обама во текот на неговите две кампањи. Трамп го промени ставот околу ова прашање, ама Гвантанамо претставува болна точка за американската демократија и класично пресликување историскиот симбол Бастилја. Со оглед на тоа дека нема да калкулира, во 2025 година завршува неговиот последен мандат, мора да размисли и во насока на затворање на овој затвор. Методите на тортура кои се применуваат се косат со сите морални принципи, зона каде меѓународното право се прави слепо, а уставот на САД не важи затоа што се наоѓа на територија која не е во состав на територијалните граници на државата. Понатаму, треба да се разгледа потребата од нато. Оваа алијанса претставува симбол на злосторот, а не симбол на мирот. Државите трошат премногу за одбраната, посебно САД каде Трамп уште првата година го зголеми воениот буџет, а премалку во иновациите и технолошкиот раст и развој во однос на државите од источна Азија, како Јапонија и Јужна Кореја, потоа Малезија, Сингапур и, секако, Кина. САД веќе ја изгуби оваа битка. Токму ширењето на границите на нато, па дури и ширењето на ингеренциите на ЕУ (кои паднаа во вода со Уставот, чии принципи се трансформираа во Договор, како и желбата Унијата да има своја војска, од каде во два наврати сакаа и да одат во војна со РФ), ја донесе Европа до нова катастрофална војна. Ги разбирам државите, сакаат гаранции за безбедност од РФ, биле во состав на СССР, трпеле терор и тортура, а потоа се избориле за некаква форма на независност, но безбедност имаат на хартија затоа што ниту една држава не би се вклучила во активна директна војна со РФ (или Кина) затоа што и овие држави членуваат во воени унии и имаат нуклеарен арсенал. Така ако сакаме вистински меѓународни организации, базирани на принципот рамноправност, не треба да има постојани членки со право на вето, не треба да има територијално органичување на рамките на ширање на овие организации, не треба да има загризување во националниот интегритет на државата и истите треба да се држат до принципите по кои се направени, дали безбедност, дали трговска размена со економските поволности за државите-членки. Класичен пример каде има загризување во нашиот национален интегритет сме ние, од промена на знаме, промена на име за “привремена“ употреба како предуслов за станување членка на ООН, потоа трајна промена на името за членство во нато и на крај со повторно отворање на уставните и историските прашања како наводен последен предуслов за започнување преговори со ЕУ. 30 години само услови и услови. Формата кон која води ЕУ навистина не ни треба. И да, самите трчавме да влеземе во нато, ако бараат 5%, ќе мора 5% да се одвои за одбраната (ако не се лажам, пред да влеземе во нато беше помеѓу 1-2%). Тоа се фрлање пари во бунар затоа што, технички, ние сме протекторат. Од психолошки аспект, војската постоела како страв за непријателот дека нема или барем нема лесно да ја освои територијата. Нашата војска е најслаба во регионот. За истата војска немаме пари да им набавиме чизми, набавката на опрема се сецка на години, а немаме ни воени и оклопни возила. Се што имавме, се испративме во Украина. Башка методот на војување е променет, пешадијата влегува откако ќе се исчисти теренот. Да се надоврзам на САД, сакаат да направат нешто слично што направи Милеи, а го најави и Маск (пред се со компарацијата дека Х одлично функционира и со 20% од оригинално вработените), а треба и ние да размислуваме во иста насока. Премногу се прави притисок на приватниот сектор, кој е главниот креатор на капиталот, а голем дел од истиот се реалоцира во државниот сектор.
Не ти го сфаќам ова. Баш тоа што сме протекторат значи дека не се фрлање пари. Фрлаат пари оние коишто имаат веќеспособна војска за да се одбранат, може да се каже. Ние немаме никаква можност сами да си ја подобриме војската за да ја одбраниме државата, кој било сосед да не нападне ни е речиси 100% смртна закана.
Гледам дека се согласуваш со Трамп во однос на прашањето за нато. САД се способни самите да се бранат, имаат способна војска, имаат модерно оружје, најмногу вложуваат во одбраната, како и во самата алијанса. И не е точно дека ниту една членка на нато не била никогаш нападната, наркокартелите ја нападнаа САД, имаа вооружена пресметка со тексашките ренџери, на островот Фронтон, а администрацијата на Џо застана на страната на картелите. Џо стави вето и на барикадите на Тексас на јужната граница. Среќа отиде во историјата како најлошиот претседател во историјата на САД, полош и од самиот Картер. Сите соседи, со исклучок на Србија, се членки на алијансата. Ние стравувавме од инвазија само во времето на Милошевиќ, така, дури и пред да влеземе во алијансата не стравувавме од инвазија затоа што ги затворивме територијалните претензии уште во 90-тите со Грција, Србија и Бугарија. Нашиот проблем е со “правото на самоопределување“ кое нато не може да го сопре како процес. Или попластично, имаме политички канцер во самото општество кое тежнее кон федерализација. Границата помеѓу федералниот статус и независниот суверенитет е еден референдум. Така, сами си гласавте за нато, ако бараат 5%, треба да добијат 5%. Утре ако бараат 10%, треба да добијат 10%. Самите си го потпишавме протекторатот.
Кога ќе се исцрпат сите ресурси за економски раст, кога веќе нема што да се измисли/направи што е потребно, што останува освен трошење на војна опрема, војна, рушење и одново градење? Туку, сакав да прашам-дали Елончо го трола Трампчо или што е во прашање? https://lokalno.mk/mask-predlaga-la-mansh-da-se-preimenuva-vo-kanal-djordj-vashington/
Не можеш да гарантираш дека пак нема да страдаме од страв од инвазија во иднина. Гледам цело време навивате за ликови ко Трамп. Што ако се деси во Бугарија да го изгласаат бугарскиот Трамп? И му текне да ја „купи“ Македонија исто ко што Трамп сака Гренланд да го купи, макар и преку воен притисок? САД имаат голем геополитички корист од тоа што го имаат НАТО, не им е само за парите битен. Напад од некои си наркокартели не е исто како концентриран напад од државна војска со цел да се окупира територија. Не ми смета да плаќаме 5% мене. Пак вреди тоа. И се разбира навивав за Камала бидејќи така ќе си останеше и 2% за нас. За републиканците секој демократски претседател е најлошиот во историјата. Бајден не беше лош претседател.
Бугарија може да ја нападне Македонија независно дали едната држава или двете се членки на алијансата. Тоа беше случај во 1974 за Кипар (кој тогаш беше независен), каде имаше загинати грчки војници, а згора на тоа повеќе од 100.000 Грци беа протерани (нешто слично како Олуја, ама забрането е да се зборува за тоа!) и 100-тина села опустошни. Покрај тоа, бугарските националисти се заканија дека во Македонија ќе влезат со тенкови, а тогаш бевме членка на алијансата. Студената војна одамна е завршена, со крајот на студената војна требаше да заврши и нато. Гледано од историска перспектива, речиси сите војни и воени интервенции на САД по втората светска војна се покажаа како погрешни, со посебен акцент Виетнам и Авганистан. Воените интервенции преземени последниве 20 години ја променија миграционата слика на Европа, што резултираше со подемот на крајната десница. Акција-реакција. Картелите окупираа остров кој припаѓа на САД. Островот беше ослободен. Тоа е напад на суверенитетот на одредена држава од страна на паравоена единица. Затворите во САД, повторно се делат по биолошкиот пол. Ова е одлична политичка одлука! Бајден беше ужасен претседател, затоа и го повлекоа.
Ме инспирира и јас да го повторам тестот, и пак сум во истиот квадрат од пред некоја година колку што се сеќавам. За тие што мислеа дека имам десно заминато во последно време. Никогаш во мојот живот не сум се идентификувала со десницата, иако радикалните левичари се обидуваат таквите како нас да не гаслајтнат дека сме станале конзерви. За сѐ друго што кажа генерално се согласувам. И жал ми е што некои други левичари заминаа во екстреми, со сите радикални левичарски политики кои воопшто не се добри, всушност на исто ниво како екстремната десница, само од другата страна. Не мора па апсолутно сѐ да се прифаќа што е "воук". Прв пример за тоа ми е транс жените се жени и дека децата можат да си го изберат полот, родот што год да е, и дека можат да се клукаат со хормони уште пред да знаат сами газот да си го избришат. Или она дека транс жените смеат да се натпреваруваат со биолошки жени. За имигрантите имам став дека треба да има контрола кој сѐ може да имигрира, односно ако не се асимилира на некој начин и не придонесува за земјата како другите нејзини граѓани, не треба да живее таму. За депортација не сум за луѓе што веќе створиле живот таму, ама дефинитивно да се казнуваат кога треба место да се оди на карта "расист си ако посочиш дека можат тие нешто лошо да прават". Мигратни > илегални мигранти Е затоа Трамп победи другари, не дека е добар човек или претседател, бидејќи преку глава им е на луѓето од овие глупости, преку глава им е од војни, не се фокусираме на реални проблеми. А тој ветува дека ќе среди сѐ и повеќе нема да е така (doubt it but we'll see). Можеби треба да се застани и размисли на каде водат овие политики, дека има во нив проблем и дека десниците не победуваат за џабе.
^ оној момент кога една личност ќе почне некритички да гледа на што било, знаеш дека тука нема дискусија. Искрено мислев по на центар ќе дојдам, ама ете, пак сум кај што сум
И јас мислев дека ќе сум малку повеќе накај центар, сепак што поблиску до таму толку човек е поразумен и може потрезвено да гледа на ситуациите.
Крајни левичари: социјална еднаквост, работнички права, антикапитализам и прогресивни општествени реформи (еднаквост за сите независно од род, пол, националност, сексуална ориентација, религија и се останато). Крајни десничари: национализам, „традиционални вредности“, антиимиграција и конзервативизам (сите поразлични од мене не заслужуваат права). Одредени индивидуи: tHeY ArE bOtH tHe SaMe ThiNG!1
Некој или не сфаќа или се прави дека не сфаќа сосила. Начинот на кој ги пропагирате вашите екстремни политики е ист, не е исто она што го пропагирате. И фактот што до тоа се држите ко слеп за стап и воопшто не сте критички настроени (Мада некои од тие работи спомнати не се ни радикални).
Не ти штима оти род е измислена , фалсификувана категорија, не е алфа и омега на левичарството. Комунистите не беа левичари пошто не знаеја за род? Кај е тој тестот, да видам кај сум била и кај сум?
https://www.politicalcompass.org/test/en?page=1 Center left сум на таа оска, како што и очекував. Но во квадратот на либерален левичар, како и претходно. Немам врска со никаква десница.
Што не ти штима? Дека не мора сè слепо да прифаќаш? Може си премногу млад или си бегал од историја, колку крајната левица е "фина" со лгб, или општо - различните. Не бе среќо, исто лајно се, диктаторшип на најјако. Имаш и денес системи кои се крајна левица, баш види како стојат со социјални права. Она што мене ме загрижува не е Америка, туку земјите кои традиционално беа левичарски настроени како Финска пример, кои гласаа за крајна десница, или Канада кои не ни имаа крајни леви и десни, сè повеќе гласаат крајно десно. И тоа е револт на повеќето луѓе кон губење на компасот на либертаријанските влади, а не што се конзервативци по убедување. Кај нас десничари победија не затоа што сме толку десничари како нација, туку зашто гласаа против левиве што покажаа дека за к*р не ги бива.