1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Избори во САД 2024

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DS10, 22 април 2024.

?

Кој ќе победи на изборите во САД?

Анкетата е затворена на 8 ноември 2024.
  1. Камала Харис

    20 глас(а)
    13,3%
  2. Доналд Трамп

    130 глас(а)
    86,7%
  1. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.035
    Допаѓања:
    4.769
    Пол:
    Машки
    Screenshot_20250126_154605_Chrome.jpg Иако сите што се активни по политичките теми на форумов ме знаат како левичар (бидејќи и сум, така и се ориентирам), имам многу конзервативни сфаќања, како пример: се додека не доаѓа во прашање животот на жената, абортусот треба да е целосно забранет, имигрантите не треба да се пуштаат во Европа со изговорот на Меркел дека се потребни за работна сила (наместо да носиш авганистанци и непалци и нив да им даваш плата, вработи свој човек па и уште приотвори фабрики за твојот човек да не страда, а не илјадници бездомници по улици немаат каде да се засолнат (уште гледам и намерно новите клупи ги прават да не може на нив да се засолне бездомник барем ноќе:
    Arch2O-20-of-the-most-inhumane-hostile-architecture-examples-8.jpg UPXXJZT6INGYZHRLETQNGV27II.jpeg
    вработи ги нив и имаш дупол ќар, ем твојот народ не страда, ем безбедноста за твојот народ е поголема.

    Со Трампот имаме многу слични мислења, затоа и поддржувам републиканци на изборите во САД.
     
    На eliesaab, SummerGirl и Букерко им се допаѓа ова.
  2. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    25.848
    Пол:
    Машки
    Не ми штима срцка што константно сум етикетиран како краен левичар (до тој степен што почнав да верувам во тоа сам :D) и на крај ова испаѓа.

    #разочарење искрено, ми одговара да сум краен левичар, сепак, напишав погоре за што се залагаат крајните левичари вс десничари.
     
  3. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.326
    Допаѓања:
    78.021
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20250126_150355_Samsung Internet.jpg
    Мислам дека го побрлавев квизот со крајно различните одговори :drunk:

    Трамп бара од Египет и Јордан да ги земат палестинците од Газа :?:
    Недела требаше да е ден за одмор :bug:
     
  4. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.628
    Допаѓања:
    273.231
    Затоа што веројатно не си, како што ни јас не сум десничар иако зависи со кого зборувам, ми викаат дека сум :D А според кој сакаш тест на нет најди го, овие резултати пак ќе ги добијам. Ако споредиш твој и мој резултат, полева сум од тебе ;)

    Крајна левица не бара никаква "слобода", диктаторство е еднакво како и крајната десница. Комунистите се крајна левица, пример ;)
     
    На SummerGirl, Amellie13 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  5. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    upload_2025-1-26_17-7-39.png
    Не ми се допадна тестот. Има еден цел дел посветен на хомосексуалност и истополови семејства, ама ништо за родовата наука. Се разбира дека испаѓате левичари кога не ве прашува ништо за транс луѓето.

    Исто така, премногу од економскиот дел е апстрактен, наместо да се фокусира на конкретни примери.
     
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.628
    Допаѓања:
    273.231
    Пошто транс не се центар на светот, верувал или не. Најди поарен тест, ќе го решиме и тој.
     
    На Srckata28, Munchmallow20, Biljarkata и 4 други им се допаѓа ова.
  7. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    Транс луѓето се битен елемент за социополитичкиот контекст во модерните западни општества. Да не беа, немаше ни вие толку многу да кревате врева за нив. Значи не можеш да одреди дали некој човек е лево или десно на оската без земајќи го предвид овој битен елемент.
     
  8. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.236
    Допаѓања:
    21.188
    Пол:
    Машки
    Освен што се поинакви на изглед и по сексуална ориентација, што друго придонесуваат за светот да е подобар, па да уживаат посебни третмани и права?
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.628
    Допаѓања:
    273.231
    Не реков дека не се битни - туку дека не се центар на светот, и не, не се.
    Ти реков најди подобар тест оти овој "не чини", да видиме дали во конзервативци ќе отидеме ;)
    Ниту се толкав број па од нив да зависи сечиј живот.
    Можеш да си левичар без да поддржуваш бескомпромисно транс движење, ај добро утро.

    Засега, и ти и Калм сте подесно од мене :)
     
    На Amellie13, Munchmallow20 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  10. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    Не бараат посебни третмани и права. Ние левичарите знаеме дека, на пример, транс жените се жени и бараме да ги добијат правата што жените веќе ги имаат во општеството (иако и тие се помалку од правата на мажите). Не се тоа „посебни права“ освен од десничарска перспектива.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.628
    Допаѓања:
    273.231
    Не збори во име на сите левичари, пошто апсолутно НЕ сите левичари се согласуваат со твојата изјава. Ниту сите феминистки, исто така.
     
    На Munchmallow20, Biljarkata, Amellie13 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.236
    Допаѓања:
    21.188
    Пол:
    Машки
    Не се жени, само изгледаат како жени, ама тоа е друга тема на муабет. Ајде поздрав
     
  13. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.035
    Допаѓања:
    4.769
    Пол:
    Машки
    Еј што ќе смени? За трансовите, а и општо лџбткју+ комјунитито комунизмот, социјализмот, национализмот и фашизмот делат исто мислење, не признаваат никако, е сега мислењето во центарот поточно кај конзерватизмот и социјалдемократијата е секогаш различно, кога како ќе им брчне. На пример Фицо е социјалдемократ па ете и тој се сложува со Трамп за политиката "два пола".
     
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.628
    Допаѓања:
    273.231
    Што им е тешко да сфатат воук народецов, дека крајна левица ќе ги чешла исто колку и крајна десница.
    Највеќе шанси имаат кај центристи/центар лево, ама тоа за другиот час ;)
     
    На Realist1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. RespectAndObey

    RespectAndObey Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2019
    Пораки:
    967
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    Мислам дека ја мешаш хоризонталната со вертикалната оска. Затоа има две оски, некои се лево само на едната а не на другата. Фицо е комплетно десно на социополитичката оска, неговата партија е базирана на религиозни вредности.
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    298
    Пол:
    Машки
    Колку што астрологијата е наука, толку и родовата наука е наука. :)
     
    На Bratot, Billy Idol, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  17. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.035
    Допаѓања:
    4.769
    Пол:
    Машки
    Неговата партија е лево на компасот, идеолошки е социјалдемократија, лево крило, лев популизам и лев конзерватизам.
     
  18. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    298
    Пол:
    Машки
    За само една недела власт, новата администрација испрати убави пораки кон воук движењето во однос на транџите и тие политики, сумирани, изгледаат вака:
    - Извршен акт каде се признаваат само два пола;
    - Извршен акт за забрана за служење на воен рок;
    - Се стопира издавањето пасоши каде во колоната “пол“ ќе стои Х;
    - Биолошките мажи се враќаат во машките затворски одделенија;
    - Забрана за учество и натпреварување на биолошките мажи против жените во женските спортови.

    Следуваат и политички чекори кон заштита на децата во однос на хормоналните терапии и оперативни зафати кои водат кон нивна “транзиција“.
     
    На Realist1, Bratot, Billy Idol и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.174
    Допаѓања:
    56.734
    Пол:
    Женски
    Тестот е правен кога не било актуелно тоа дека транс жени треба да се натпреваруваат со биолошки жени во спортот (за транс мажи никој не зборува ама тоа е друга тема), дека има сто милиони родови и дека деца можат разумно да размислат дали се полот кој се и можат да го сменат. Ако одговориме дека не се согласуваме со ова тогаш сите сме конзервативни, така? Ајде бе малце бидете реални, ова се тие "права" што ги немаат?. По таа логика сите сме конзерви само вие неколку души сте либерали.
     
    На Realist1 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.884
    Допаѓања:
    186.640
    Социо - економски.
    Политиката не се занимава сама со себе, тафтолошки.
    Економскиот дел е апстрактен за луѓе што не се разбираат од политика, економија и живот воопшто и мислат дека најбитно е дали је појео, или је појела. Тоа што треба пари за било кој нешто да јаде е небитно:D.Сите Марија Антоанета|(
     
    На Realist1 и CameliaMiller им се допаѓа ова.