Избори во САД 2024

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DS10, 22 април 2024.

?

Кој ќе победи на изборите во САД?

Анкетата е затворена на 8 ноември 2024.
  1. Камала Харис

    20 глас(а)
    13,3%
  2. Доналд Трамп

    130 глас(а)
    86,7%
  1. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.847
    Допаѓања:
    23.617
    Пол:
    Женски
    Ова е искрено проблемот кај левичарите односно демократите, конкретно во Америка. :D Што кога ќе ги наброиш работите за кои се засегаат они, звучат речиси смешно во споредба со работите кои им се битни на републиканците. И не велам дека се согласувам со десничарските ставови, туку да се потрудеа демократите да се исто фокусираат на решенија за проблеми во врска со мигранти, надворешна политика и економија, ќе имаа повеќе успех. А они се буквално фокусирани на... давање права. Што, бидејќи не сме 1960та година, реално не е факинг најбитно денес при бирање на претседател на Америка.
     
    На CameliaMiller и Amellie13 им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.624
    Допаѓања:
    273.216
    Мене ми е прејако ова со пази, ПРИЗНАВАЊЕ два пола. Тоа е како да признаеме дека замисли, Н20 сепак е Н20!
    Џендер или родова политика е друга приказна, ама пола, постојат два, толку постоеле и толку ќе постојат, освен океј, кај ретки единки со мутации/аберации на полови хромозоми.
     
    На Billy Idol, Waverly Raven, Biljarkata и 5 други им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.624
    Допаѓања:
    273.216
    Ај сега чекам и нашиве да се изјаснат дали осеќаат вајт привилиџ? :wasntme:

    Шоимавезе што ние, како словенски народ, благе везе немаме со робови, онака истовремено со црнците бевме и ние нечии робови. Ајде сите заедно: Слав лајвс матер!

    Пошо немате прадедовци ни Енглези, ни Данци, немате ни вајт привилиџ, словени сте другари. Со тврд славјански акцент кога зборите англиски, нешо као Рашан ин Њу Јорк.
     
    На SummerGirl и Biljarkata им се допаѓа ова.
  4. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.034
    Допаѓања:
    4.764
    Пол:
    Машки
    Чекаме @Realist1 да се тестира. Баш ме интересира што ќе му излезе, и него го знам левичар ама поддржува конзервативци и има по некои конзервативни мислења.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.859
    Допаѓања:
    4.588
    Пол:
    Машки
    dsa.png
     
    На CameliaMiller и DS10 им се допаѓа ова.
  6. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.859
    Допаѓања:
    4.588
    Пол:
    Машки
    Мене лично ако ме прашаш последнава недела скоро има дискусија на форумов за нешто шо е ептен ирелевантно за 95 посто од светското население. Затворен сум за некои прашања во право си, повеќе се глеам ко центар ни ваму ни таму ама ете резултатов си е тој шо си е.

    Иначе јас во глобала повеќе би коментирал за :
    International trade, business and the economy
    Climate, energy and the environment
    тука би ставил и планот за дигитализација и отфрлање на кеш воведување на cbdc кој нас најмногу ќе не засега.

    и најјакото со кое америте ги лажат своите граѓани
    Foreign policy, national security and 'America First'

    Од главните теми за кои треба да се запрашаме да анализираме и да критикуваме, фокусот ви го сврте најирелевантната тема која што не носи никаков плод на ниедно поле. Ама тоа е работата на политиката дефокус и остварување на свои цели во позадина.
     
    На Bratot, Billy Idol, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.882
    Допаѓања:
    186.626
    Cbdc? Ај, продолжи8-|
    Ова као-шо е ова, сите пари да имаат, па не може тоа така-или како да го гледам:|
     
  8. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.859
    Допаѓања:
    4.588
    Пол:
    Машки
    ај да не пишам изгледај го ако имаш време па ќе се муабетиме
     
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.624
    Допаѓања:
    273.216
    Верувај скроз реално ти покажува. Не знам колку луѓе на светов се транс (минус оние кои детранзиционирале, значи вистински транс), но се далеку по бројност од она што се става во фокус на важност.

    Се подразбира дека и тие луѓе треба да имаат секакво човечко право на живот, образование, здравствена заштита, недискриминација при вработување итн. само што америве... никој нема солидна ни социјална, ни здравствена заштита, чисто профитерство е цел здравствен систем, а кога е така поставен речиси сите нивни одлуки доаѓаат под лупа, не само прашањето за транс луѓе. Сосема океј пример е и хероинската епидемија, никаде на светов не е во такви неконтролирани граници распространета како кај нив, а почетоците се каде - баш во здравствениот систем и дилање на опијати и кога болката е далеку од онаква за каква треба опијат. Ама... си има машината пари од сето тоа.
     
    На Srckata28, Amellie13, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.859
    Допаѓања:
    4.588
    Пол:
    Машки
    Какви драми се случуваат, урлам од смеење.
    Трамп:
    tramp 1.png
    Колумбиецов :lol: :lol: :lol: :lol:
    tramp 2.png
     
    На Букерко му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.829
    Допаѓања:
    16.656
    Пол:
    Машки
    На DS10 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Машки
    Потпишан е Извршен акт за започнување на изградба на одбранбен противракетен систем наречен “Железна купола“, каква што има Израел. Оваа идеја е стара 40 години и денеска започнува да станува реалност. Секако, Израел има за одбрана помала територија во однос на САД, но од друга страна и значително поголем ризик од ракетен напад над својата суверена територија. Израел, историски гледано, константно е во војна.

    Доколку се преземат активности кон Панамскиот канал, траба да се направи компарација со состојбата на Крим каде Хрушчов и го дава на Украина, со онаа на Панамскиот канал каде Картер и го дава под контрола на Панама. Друга компарација може да се извлече и со национализацијата на Суетскиот канал и војната помеѓу Израел и сојузниците против Египет која произлезе од оваа криза. Го пишувам ова со цел да видиме дали сме научиле нешто од грешките направени во историјата, како и да го воочиме политичкиот наратив полн со контрадикции кога станува збор за активностите на “западните демократии“ во однос на остатокот на светот.

    Паманскиот канал е една од најголемите капитални инвестиции во историјата на САД, која покрај пари, ја платиле и со крв. Главните критички точки на новата администрација на Трамп, колку што го слушав Круз, е злоупотребата која ја прават кинеските компании, прекршување на договорот меѓу САД и Панама и мостовите на Кина низ овој канал.
     
  13. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    25.847
    Пол:
    Машки
    Кога ќе видам какви сакам кажам не знам речам писанија и разноразни ултрадесничарски „новости“ се хвалоспеваат на темава си викам, ах бе Стејкалме, колку си глуп, па на мачката дома да и кажуваше што и зашто не е во ред, попродуктивно ќе беше. :makeup:
     
    На Someonespecial и RespectAndObey им се допаѓа ова.
  14. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Машки
    Screenshot_20250128_193735.jpg
     
    На Realist1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    295
    Пол:
    Машки
    Радикалниот левичарски активист, Џим Акоста, кој работеше во СиЕнЕн, ја напушта оваа политичка организација.
    Screenshot_20250128_195227.jpg
     
    На Realist1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.847
    Допаѓања:
    23.617
    Пол:
    Женски
    Уставот му забранува да служи повеќе од 2 мандата, фала богу.
     
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.882
    Допаѓања:
    186.626
    Ако е устав не е во камен исклесан :D
     
  18. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.829
    Допаѓања:
    16.656
    Пол:
    Машки
    Штета :(

    Се надевам ќе направи и повеќе од доволно во неговите два мандати, да нема назад после :)
     
  19. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.034
    Допаѓања:
    4.764
    Пол:
    Машки
    Ако сака Трамп може да најде дупка како што тоа го сторил Франклин Рузвелт кој бил претседател 4 мандати, ако не умрел во четвртиот претпоставувам и петти би служел. Не знам како е законот ама мислам дека пишува no more than two consecutive terms што значи не повеќе од два последователни мандати што не е случај кај Трамп. Така Лука де Силва во Бразил 2022 стана претседател, вршел два мандати од 2003 до 2007 па од 2007 до 2011 и пак од 2023 до 2027. Мислам дека може в година пак да се кандидира. (Во Бразил така гласи законот, не повеќе од два последователни)
     
  20. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.847
    Допаѓања:
    23.617
    Пол:
    Женски
    Па баш во Америка озбилно го сфаќаат уставот и не е толку лесно да се промени. Мислам небитно, секако нема да го менуваат за Трамп, тоа го гарантирам. :D