Неможе два последователни мандати, значи тој беше па изгуби па сега победи и наредни избори има право пак да се кандидира за да победи, е после тоа ако победи нема право на трет.
Нема врска дали може или не. Ќе кандидира некој друг. Синови и ќерки има еден куп. Тој малиот високиот уште од сега го спремаат за претседател. Може и Меланија. Кога можеа Бил и Хилари... Кој театар ќе биде тоа за народот.
Не се само Бушови и Клинтонови, ги имаш и Адамс (технички двајца претседатели) и Кенедиеви. Мене не ми се допаѓа семејното претседателско владеење, иако се избираат на избори, сепак високо котираат во партиските редови и започнува да наликува на монархија.
Мелани како и да е, беше доста активна во оваа кандидатура, за разлика од претходната, дури и мене чудно ми дојде, не знам зошто?
А кој нас не прашува што ни се допаѓа. Така си го устроиле светот, односно така било отсекогаш, само сега нешто глума ова она. Мада уште не можам да сфатам, каков ваков аутсајдер им улета Од нигде никаде, реалити ѕвезда за прецедник. Ниту подобар, ниту полош од другите, ама многу ми е опасна комбинација
Клинтон, кој тонеше во рејтинзите, стана претседател благодарение на едно интервју каде свиреше саксофон и зборување како пушел трева. Претходно, Реган, иако имаше политичка кариера како гувернер на Калифорнија, од холивудските студија стана политичар. Дури и како актер имаше значителна улога во организирањето штрајкови (тоа се левичарски идеолошки црти) и во црните листи на Холивуд. Последниот вистински политички спремен претседател кој го имаше САД беше Џорџ Буш постариот. Целиот живот го помина во политика, започна како конгресмен, потоа амбасадор, директор на ЦИА, потпретседател, па на крај претседател. Доволен му беше еден мандат да го стави последниот клинец на комунизмот, што технички, беше крајот и на Студената војна. Да не зборуваме дека зад себе остави цела бизнис империја...и еден имбецил кој стана претседател во...два мандати! И кај нас постои своевидно наследување на политичкиот трон, политички непотизам, најчесто изразен преку политички статус во партијата, било да е Мијалков, Филипче или Димитров.
За Камала си Ова е идеолошка ориентација, не значи дека секој што со истата ориентација ќе го поддржуваш Технички и ЗЗ е во квадратов, па сепак беше и е глупак
Како тоа кастрација и мутација генетска на невини деца? Не сфаќам. Го правеле тоа рандом, оти им текнало на родителите ли?
Горда крајна левичарка засекогаш Иначе, имајте предвид дека тестовиве се за забава и не даваат целосно реална слика за тоа како некој реагира на актуелни настани и пропаганда. Клучни либертаријанско-левичарски позиции во актуелната политичка клима се: безусловна поддршка за абортус и за сите ЛГБТИ луѓе, поддршка за слободна миграција, и поддршка како за палестинскиот народ против израелскиот колонијализам, така и за украинскиот народ против руската окупација. Нема шанси да сте навистина *либертаријанско* лево ориентирани и неутрални (а камоли па наклонети) кон Трамп. *Авторитарно* лево, т.е. режимски "социјализам" е веќе друга приказна, тоа е толку оксиморонска идеологија што може да сте и вегани што јадат месо. Ама интернационализам и телесна автономија се приоритети за секој либертаријански левичар.
@Tanjamm САД ја суспендираше помошта за странски држави на 90 дена Трамп „чисти“ два милиони државно вработени СЗО во тешка финансиска ситуација откако САД најави дека се повлекува од организацијата