https://www.reuters.com/business/he...-drugs-poor-countries-sources-say-2025-01-28/ Претпоставувам дека сте пресреќни што милиони животи ќе бидат ставени во ризик.
И многу магариња нетренирани ќе останат Јас знам дека не се ништо овие пари, ама да не дојдат уште пари за враќање https://www.dw.com/mk/olaf-bara-mak...i-evra-zloupotrebeni-preku-erazmus/a-68693174
За што ме означи мене? Да, така треба само за Македонците, абе како лажат и манипулираат, секни му парите. Што добива некој во САД што ќе реновира споменик од НОБ на Македонците што самите вршат нужда, одат со коли со швалерки таму, и што ги шараат со спрејови, а секој втор збор е „јјајаа, ние сменивме историја“? Ништо, плус трпи измислици од типот како веце некој им направил, лошо им мислел, пат им направив, ги зезнал, сакале со магариња да тераат по козји патеки. Вчера читав коментар од една познаничка од Велес, како тоа се сителе нашиве секнати се парите од САД за странство, им објаснува и за Македонија ќе немало, а таа има приватна фирма, ама зема некоја помош од УСАИД, да истражува за градот во минатото, каде, што имало. Ама лошо е тоа нели? Те зезнуваат да знаеш за сам себе. Плус женава ми кажуваше дека има само една колешка во фирмата, и имало месеци кога работи без ќар, само на колешката да исплати плата и продонеси. Е сега кога фирмата ќе и пропадне, треба да дојде да бара работа кај овие што се расфрлаат со поими „платеник“, да бара работа, а како е поткована со знаење и вредна, младите се партали за неа. Нека ги секнат трајно парите. Помош барајте си од Кадиров, Путин, Хамас, Хути и сличните терористи.
А тебе не ти е грижа за животите на украинците, русите, израелците, палестинците, авганистанците, сиријците и многу други? Или ваму боли ваму не боли?
Tи не живееш во Македонија. Твоите деца сигурно не учат во школи пред распаѓање. Тоа што си постирала ти е доказ каков е менталитет на народов, крадци, арамии, да поделат пари меѓу себе. Прст ќе им дадеш, рака ќе ти исечат. Ќе изедат, испијат, ќе покрадат се, и после со измет ќе те маваат. Ти даваш пари без да знаеш каде и кој, за што ќе ги потроши? Вие од форумов некогаш би дале некому пари да гради школо, да реновира, да испитува еко системи и слично? Дека ве гледам наоѓате мани, а од цел свет чекаме да ни даваат, кој од Кина, кој од Јапонија, кој од САД, кој од ЕУ? Македонија што има дадено, каде, што има помогнато? И пари од САД немаат врска со Еразмус. Ако од Еразмус е покрадено, којзнае колку од тие од САД се покрадени.
Не те напаѓам јас, само ти кажувам дека крадат и тоа на големо нашиве, а први како глутница кучиња коментираат кој, каков бил. Допрва има да кршат возила по патишта по дупки што градоначалниците и немаат пари и не планираат да ги прават, допрва има децата по селата да учат во школи што личат на кокошарници, ама и тоа е дури премија кога ќе ми текне како се измислуваат ретардирани приказни за секого.
@Tanjamm Овие почнале сами да си објавуват ја тоа две години шо го кажувам.. магија. Па како го обработиле кков график има уф https://www.jpmorgan.com/insights/global-research/currencies/de-dollarization
Затоа што мислев дека ќе те интересира. Не ни треба некој во САД да добива нешто од реновирање на наши споменици, не ни треба САД да се меша во политиката на секоја држава и да ја уредува по свој ќеиф како наводно донира и помага а со тоа не уценува да бидеме послушни слуги и да немаме право на своја одлука за многу нешта, овие работи треба сами да си ги завршуваме, а сите нивни платеници треба да бидат најстрого казнувани.
Кои се тие нивни платеници? Цело време зборувате, имиња? Прво самите Македонци покрадоа се што може да се покраде. Се знае кои се предавници, не платеници, предавници, ете тие со бугарски пасоши, тие што не работат ништо, а примаат плата, тие како докторот што земал мито, а скоро секој лекар зема мито. Не наводно донира, туку донира навистина, и Македонците не наводно да крадат, туку дебело крадат, а сакаат почит, види богати. И Македонците не наводно, туку навистина отидоа во Софија и се пишаа Бугари, и затоа сега Бугарија бара Бугари во Устав. Не уценува САД, уценува Бугарија. И ти сакаш да ми кажеш сега дека жената од Велес, газда на приватна фирма , која аплицирала и добила грант од УСАИД е платеник? Па тогаш сите што одат на Запад се платеници по таа логика, сите што туристички одат на Запад, исто се платеници, сите што фриленсаат за западни фирми исто се платенци, значи сите се платеници. Еве и турска ТИКА донира по западна Македонија и од Македонците муслимани на попис одамна имаме Турци, не ни споменуваат дека се Македонци. И? Некако за Турција нема критики? А во Штип што сите се пофини со турски студени затоа што тука трошат пари, не знам како не се платеници на пример? Нормално дека нека да имаме право на одлука, со 58% нема газдување со држава, има само крепење ден за ден, а со толку неработа, немаме право на одлука, можеме само да си молчиме. И не знам како Орбан никаде не го споменувате дека ни даде кредит, не начека мутави, па и оператор си донесе овдека, а не не поддржа за отворање на преговори. Да не биде после некоја година унгарски да се учи по школи како во Република Српска. Нормално дека немаме право на одлука, кој живее на кредити, како може да направи нешто паметно? И има доста споменици од НОБ, ако загазиш натаму, ај што се е со кондоми, тоалети, ќе се удавиш во измет, ај што може ако си сам некој манијак, наркоман да те истепа и ограби, и тоа како најнормално е нели, ама тој народ што така се однесува кон својата историја и споменици, замисли немал право на одлука. Па нема да има. Мора да се култивираме прво, економски да пркнеме, да заличиме на нашето, па дури потоа некој да не сфати сериозно.
Сенката на можна трговска војна се надвиснува над односите ЕУ-САД САД воведоа високи царини за стоките од Канада, Мексико и Кина Трудо најави царини од 25 отсто на стоки од САД