Ја колку што знам собранието може да го тргне а собранието е распуштено. Не ми лепи мене партиска позадина, кога на големо ги критикувам сдсм, у најголем мах еве за економските мерки и општо справување со ситуацијава. Еве ти како вмровка, те молам,кажи ми го твоето мислење на работењето на Чулев. Да видиме до кај сте со објективноста.
Работењето на Чулев во услови на техничка влада и предизборие е очекувано. Не сака да биде "лошиот полицаец" па преку него некој друг да го покрива своето лошо менаџирање со кризата, и здравствена и економска. А веќе видовме дека кога Мвр апси, некој градоначалник трчајќи дојде за да ги извади од апс тие што "го изгласале". Мочање од ќерамиди врз Мвр и нивниот интегритет! И што да прави Наќе, едни да апси и казнува, а другиве ќе трчаат и ќе им ги кинат казните и ќе ги вадат од затвор? Или да ги пушти полицајците да прават рации по куќи и да ги лови гостите, зошто овие не знаат како се шири вирусот? Па тоа едвај некој чека да се случи, да го сними, ќе го пушти на нет, па ќе осамне наслов дека опозицискиот министер нема разбирање за потребите на народот, дека уште повеќе сакаат да го осиромашат со казни, дека е фашист... Затоа велам, нека го сменат ( ако навистина не им треба вреќа за боксирање) нека биде цел товар на Сдс, па цела вина или пофалба нека биде за нив.
гласав “не ме интересира” затоа што секако нема да излезам на гласање кога и да се одржат. за прв пат во мојот живот нема да си го искористам правото на глас (дури ни за да го поништам ливчето) со цел да придонесам во поразителните бројки/проценти на излезеност што ќе следуваат.
Jas tie sto izbrale ne me interesira stvarno ne mozam da gi razberam.Ne deka provociram karanica sekoj si ima pravo na svoe mislenje ama ne e poentata do toa dali ke glasas ili ne.Poentata e zdravjeto na narodot.Nikoj nikogo ne tera so sila da glasa ama kolku i da ne glasas sepak bitno e zdravjeto na narodot.Nemam dovolno godini za da se zanimavam so politika ali izbori letoska stvarno ne treba da ima.Uste tricifreni brojki na zaboleni ima a nie na izbori mislime.Zatoa samo nie ostanavme najdolgo so virusot.Site drzavi skoro go izbrkaa.Crna Gora,Kina,Italija pa i Albania site se sredia samo nie ostanavme.
Самоубиство, лично не планирам да гласам, затоа што не може да се спореди со некоја друга активност, како што е пазарење во маркет, затоа што во маркет не ја вадиме маската, па пак да ја фаќаме со рацете за да ја ставиме. Не гледам зошто некој би се изложил на ризик за да гласа.