Прашање на време кога Хрватите меѓу Македонци и Албаници би поддржале Албанци. Тоест веќе избрале. Гледате како се градат добри односи? Не пцујат Албанците, не колнат како баби, напротив многу ценат ако некој е пријателски настроен кон нив и ги градат тие односи, а Македонците го прават обратното, кој ќе им помогне, гроб му копаат на зборови, па и уште горди, нешто мислиш постигнале со тоа. Албанците се пријатели какви што секој би посакал, лојални, Македонците не.
Крајнодесничарската Марин ле Пен, кандидатка за претседател 2017 и 2022 и претседателка на крајнодесничарската РН осудена на 4 години затвор и 5 години забрана за вршење јавна функција поради проневера. Со ова автоматски е дисквалификувана од претседателските избори 2027.
https://telma.com.mk/2025/03/31/tro...pronajdeni-mrtvi-vo-mochurishte-vo-litvanija/ Во мочуриште... негде на север... Кој ја нема читано книгата Икабог ... еве ви резиме...со плот твист и се по ред. Сцената е таа, развојот ќе биде тој, за крајот ќе видиме https://en.m.wikipedia.org/wiki/The_Ickabog Моите омилени информатори и воени хушкачи, трет ден по ред. Завчера Полска се спрема за војна, вчера Шведска, денес Финска, утре ќе видиме кој
Колку убава тема ни отвори @DS10 само јас да си пишувам Турција тукушто стана голем нафтен бос https://www.index.hr/vijesti/clanak....aspx?index_ref=naslovnica_vijesti_ostalo_d_0 Colonialism never dies...
Унгарија ќе ја напаѓа украина?? И јас сам си пишувам во неколку теми и топ ми е, ги снема усаид и сите исчезнаа
Вчера Мерц ќе праел најјака армија у свет у Скопје За Унгарија никој не збори, тоа е табу, нечестивиот пу пу Овоа бетер од психотерапија, сам си пишуваш, сам си се смееш на маката. .. и сето тоа за џабе бе, за беспари, лепота
нема да изгуби секако. Прогнозирам, или ќе победи ама нема да состави влада, (како вмро, и ќе следи истото што беше кај нас..) или ќе победи и ќе ги замолчи сите.. Немаат тие моќна опозиција, човек што ќе го бутне.
Студентите ќе си излезат со своја листа, одамна е одлучено. Овај народ ќе го бутне Само на сликава има повеќе луѓе отколку гласачи на Вучко. Вучко само пензионерите, чаци и гледачите на пинк и информер го поддржуваат.
Ако се фер изборите ќе победат студентите и од срце им посакувам голем успех, па да повлечат нога и нивната пожртвуваност и храброст да биде учена и дел од историјата. Но, големо но, Вучиќ иако делува како шизо не е за потценување, знае тој на кого се обраќа, него не му се ни цел образованите и способните. Реално уште на старт чим распишува избори има обезбедено мониторинг и евентуален фалсификат за доволно гласови. Има предност во тотален медиумски мрак и целосно полициско и мафијашко подземје. Евентуално миже само да му ги помати сметките огромна излезност. Ама и Слободан М. вака распиша избори со тотална предност па изгуби. Во секој случај со среќа на студентите, само да не испадне опозицијата тројански коњ на крај.
https://press24.mk/vuchikj-obid-za-...HDs2Pz8Gcj1nWZjw5w_aem_nCm2mrRcRJuJzvyaRfD__g Братов ама е запнат то страшна работа. Абе гледаш не те сака народот дај си оставка дур не ја дооплескаш, со сила убавина нема. Така и сдс кај нас после локалните 2021, да распишеа одма избори ќе изгубеа ама не во толкав размер, до 30/35 пратеници ќе земеа, вака тераа уште 3 години ама што дека, ја заплексаа и освоија 15% од гласовите и 18 пратеници.
Тоа така оти гледаш од наша перспектива. Ама од нивна перспектива за тие 3 години, обезбедија уште 3 поколенија. Да не заборавиме дека и не е само до парите, туку и до моќта. А, и тоа "бабата дала 1 грош да се фати на орото, а после 5 да се пушти"
Абе да, имаш право, ама сега се умрена партија, враќање на власт не верувам во наредни 15-20 години. На локалниве не верувам да земат општина, ако земат 2-3 и тоа во некој од бастионите едвај.
Никогаш не ја потценувај меморијата на македонскиот народ, и можноста да заборават се. За уште 4 години има на сите да им дојде преку глава од ВМРО и ќе бараат смена. А смената која ќе биде? Тоа е тој зачаран круг што го водат од 90-те. И така.
Кај нас не верувам дека мицкоски ќе остане на власт долго време колку грујо што беше на пример, нема шанси тоа, скроз безидејна е оваа гарнитура и многу побезобразна од претходните.