Форумџика на годината

Избори и политички случувања во светот

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DS10, 27 јануари 2025.

  1. IwyMe

    IwyMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2023
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    175
    Пол:
    Женски
    Името многу ги погоди не верувам за 4г. да заборават ќе ги подржи уште малце. Трагикомедија :tmi:
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.340
    Допаѓања:
    5.476
    Пол:
    Машки
    Утре на Видовден ќе биде новиот 5 октомври за Србија. Студентите поставија два прости услови, утре до 21 часот да се распушти собранието и да се закажат предвремени избори и втор услов да се тргнат чаците од пионирскиот парк, доколку не се исполнат барањата најавуваат граѓанска непослушност, верувам и државен удар.
     
  3. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    18.622
    Пол:
    Машки
    Вучиќ очигледно нема план да попушти, ќе биде зезнато.
     
  4. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.340
    Допаѓања:
    5.476
    Пол:
    Машки
    Ако му излезат пола милион, милион луѓе ќе попушти и а ќе рече.
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.340
    Допаѓања:
    5.476
    Пол:
    Машки
    Цела Србија е блокирана, студенти, банкари, таксисти, земјоделци, а братот уште си спие на тоа уше дека има поддршка од граѓаните. Да има, од пензионерите и од чаците, затоа си е спокоен. И Ноле почна со пумпање, чаците сега наместо да навиваат нивен човек да победи, навиваат за противникот, и со косовар да игра, за косоварот ќе навива. И уште Вучко има уста да рече дека студентите ја мразеле Србија, да ја мразеле немаше да протестираат, ќе беа ви пионорскиот парк со чаците.

    ПУМПАЈ!
     
  6. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    2.897
    Пол:
    Женски
    Апсолутно бесмислени блокади , од многу мал процент на луѓе , без лидер, идеологија , јасна цел...само општи пораки во стилот " мир во светот " и слична празна реторика.
    Медијска пропаганда како вовед во воена психоза. Многу прикриени лудила излегуваат на површина.
    Но, сепак се појасно станува дека " студент " не е света крава.
    Многу слоеви постојат, не е едноставно како што е паролата Пумпај....
     
  7. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.340
    Допаѓања:
    5.476
    Пол:
    Машки
    Како бесмислени блокади? Како многу мал процент на луѓе? Блокадите се резултат на непослушност на власта кон граѓаните, дадени беа рокови до кога да се исполнат првично првите 6 барања, Вучиќ го боли курот за 6-те барања, па студентите намалија на само 2, да се распишат избори и да се тргнат чацитардите од пионорскиот парк, Вучиќ повторно не направи ништо, па затоа сега имаме граѓанска непослушност кон власта. Ако се толку бесмислени блокадите тогаш еве нека распише избори, ќе се повлечат студентите, ама Вучко е обична кукавица кој во рок од 9 години, распиша 5 предвремени избори, ама сега тоа не го прави затоа што на сите анкети , студентската листа заедно со обединетата опозиција, имаат предност од над 10%. Значи неговата омилена алатка за да докаже дека е татко на Србија, која ја користеше во моменти кога опозицијата беше најрасцепкана и најподелена, повеќе не му врши работа, туку може да му заврши работа да го пратат во Хаг. Негова цел е сега да пролонгира што е можно повеќе и избори да одржи пролетта 2027, со надеж дека ќе ги исцрпи протестите, ама на овој начин не прави ништо освен што си го пролонгира и мандатот во опозиција после изборите што ќе се случат, кога и да се. После наредни избори, не верувам ни дека СНС ќе опстои како партија, СНС е партија без идеологија, некои викаат конзервативци, либерали, социјалдемократи, а тие се луѓе што баш не знаат кај тераат и формирани се со цел да победат на избори, немаат идеологија по која ќе ги засноваат ветувањата пред избори, туку како класични популисти, гледаат што е во моментот "ин" кај луѓето (најчесто гледаат што е "ин" кај пензионерите и луѓето што се информираат од (дез)информер, пинк, прва и ртс) и преку тие ветувања освојуваат мандат. Штом падне владата, ако нема човек и идеологија да ги држат, партијата ќе се распадне.
    Да се вратам на твоето, блокадите не се бесмислени, имаат причина и имаат многу јасна цел - снс и вучко да паднат. Што би рекле браќата црногорци - "нек падне, да освежи"

    ПУМПАЈ!
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    2.897
    Пол:
    Женски
    Какво освежување ...никој всушност не сака избори, декларативни се барањата....се посакува смена на власта без избори, преку дел од студентите, кои поради младоста се природно бунтовни, но за жал и многу малку паметни...ќаци или ѓаци , на исто се сведе...
     
  9. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    18.622
    Пол:
    Машки
    Паметни се студентите знаат што прават, протестираат млади и стари, бараат одговорност и реално доста му е на Вичиќ.

    А џаците се багра собрана од штаб кои ги користат за насилства врз тие што протесираат.
     
    На DS10 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.986
    Допаѓања:
    14.620
    Пропаганда си прават медиумите на Жељко, па цело време пуштаат некои снимки фатени под агол, на почеток со цел да испадне дека се малку луѓе, па дури студентите ги споредуваат со терористи, за што во нормална држава ќе ги казни некое регулаторно тело и ќе јадат тужби за навреда и клевета. И само Вучиќ ја сака Србија, другите ја мразеле. И доста му е веќе, само не знам кој ќе го победи на избори кога секој член му наоѓа по 10-15 гласачи со матични, адреси и се друго. Тоа е прво злоупотреба на лични податоци. Да вртат лични податоци на пола Србија по штабови.
     
    На DS10 и Аргентина * им се допаѓа ова.
  11. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.340
    Допаѓања:
    5.476
    Пол:
    Машки
    Е како никој не сака избори, влези на инстаграм studenti u blokadi секој втор пост е предвремени избори. Кој ти е извор на информации? Информер? Пинк на дрогирашот Жељко?
     
  12. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    2.897
    Пол:
    Женски
    Реално и да му е доста , засега нема противкандидат. Студентите не можат да бидат паметни само поради тоа што се студенти, на тие бајки само гордите мамички паѓаат.:)

    Информирана сум. Сакав да ви прикажам поинаква слика, поточно како преку јака медијска пропаганда лесно може до вистинска војна да дојде.
    Пред недела дена Вучиќ повторно победи во две помали општини и покрај огромната прашина која ја подигнаа студентите , така да...
    Јас секогаш сум на страна на младоста, всушност во младоста е иднината, но првобитната енергија на српските студенти е испумпана, а зошто е тоа така, зошто се прерасна во бесмислени блокади без цел....тоа е вистинско прашање, на кое времето ќе даде одговор...
     
  13. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.340
    Допаѓања:
    5.476
    Пол:
    Машки
    Под кои услови победи? Полнети кутии, платени гласови? И покрај тоа што 13 години е на власт, корени има пуштено во секој столб, се плаши од предвремени парламентарни, ај со разединета опозиција ќе правиш нешто, ќе победиш со 60%, ама кога имаш милион народ што на секое ти протестира, не можеш. Пак ќе повторам, од 2014 до 2023 во Србија се одржани 6 парламентарни избори, од нив 5 предвремени, значи предвремените избори му се алатка за докажување и покажување пред пензионерите и светот, во сите овие 5 случаи знаел да ја процени ситуацијата и да ги закаже баш кога опозицијата е најслаба. Значи омилената алатка веќе не му е од корист. А за младоста, апсолутно младоста е иднината, иднината се овие стотици илјади што излегуваат на улици, не се иднината пензионерите што ги влече по митинзи што му заспиваат. Од младите сите се против злосторничката власт, освен тие 5/10 студенти што "сакаат да учаат" подобро познати како чаци. А кога ќе пишеш "бесмислени блокади без цел" стварно не знам што да ти вратам, про очи се правиш слепа.
     
  14. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.334
    Допаѓања:
    2.897
    Пол:
    Женски
    Нема повеќе стотици илјади, испумпано е.
    Пропуштена шанса, не се организираа во партија, не истакнаа противкандидат.
    Небитни се ќаците, фолклор се.
    Уништен е универзитетот, знаењето ќе стане привилегија.
    Вучиќ има легитимитет, а тоа што се обидуваат да го срушат без избори ( кои навидум ги бараат сега ) е погрешна процена очигледно.

    Инаку ни јас не навивам за Вучиќ, само не би сакала да дојде до уште една војна меѓу браќа, која лесно може да го дестабилизира регионов.
     
  15. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.340
    Допаѓања:
    5.476
    Пол:
    Машки
    Таа приказната за војни меѓу браќа пак е излезена од кај Вучко од стан. Тој го заплашува така народот дека ќе се случи Украинско сценарио и дека студентите ќе ја продадат Војводина исто како и Косово, а всушност Вучиќ е тој што го продаде Косово. 2012 србите на Косово имаа своја полиција, пошта, лични карти и регистарски таблички, денес немаат ништо. Не знам од каде им идеата на пензионерите дека Вучиќ е патриот и дека ќе го врати Косово, уште кога му викаат на митинзи "Ацо србине"(facepalm)
     
  16. Аргентина *

    Аргентина * Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    10.910
    Пол:
    Женски
    Нема да има никаква војнa. Исти хорор приказни ширеше Груевски за да не падне од власт.
     
    На Realist1, DS10 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  17. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.340
    Допаѓања:
    5.476
    Пол:
    Машки
    Бразилскиот Трамп, поранешниот претседател Болсонаро осуден на домашен притвор, го нарекол судијата неконтролиран психопат. Трамп за возврат, на Бразил му воведува повисоки царини.
     
  18. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.340
    Допаѓања:
    5.476
    Пол:
    Машки
  19. Iva:)

    Iva:) Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2016
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    4.456
    Пол:
    Женски
    На твитер гледам дека се на раб на граѓанска. Во Чациленд се сите мафијаши водени од брат му и син му на Вучиќ, Терзиќ и други. На крововите околу има снајперисти. Што точно се дешава не ми е јасно. Ама мислам ќе иницира и режисира наводни немири кои ги нема нормално и демек се брани ќе воведе некое вонредно стање.

    Мислам дека е сценарио на самипт Вучиќ, го копира Ердоган и ситуацијата од 16 година. Ќе изглуми дека му спремаат воен удар и ќе ги угуши протестите а ќе ја зацврсти власта. Шизо е тој, спрема нешто, не може да ги сопре протестите 9 месеци и ќе оди во крајност.
     
    Последна измена: 13 август 2025
    На DS10 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.471
    Допаѓања:
    18.622
    Пол:
    Машки
    Кога почна и шо се деси шо избувна наеднаш до оваа ситуација, имаше деновиве нешто или од денес само?