И тој е во Чациленд, го штитат криминалци, барикади од полиција и снајперисти. Што ли спрема, се надевам не е некоја глупост, зошто ова е потег на очајник кој нема каде и е готов.
Тука има последни вести https://direktno.rs/vesti/srbija/628254/protesti-30-gradova.html Им прави Вучиќ контра протести и контра собири како што правеше Грујо кај нас.
Снс-овците собрани во своите простории да ги чуваат, поради најавите од блокадерите дека ќе ги демолираат и срушат. Низ цела Србија испадна дека се повеќе од блокадериве ( нема тука студенти или само мал број ). Во Нови Сад ја запалија СНС зградата, ( или се обидеа ) со желба да ги изгорат внатре....како во Одеса некогаш. Има многу повредени припадници на СНС,15 полицајци , Вучиќ најави апсења, ќе се види понатаму кој на кого припаѓа... Во секој случај блокадерите се тие кои напаѓаат.
Мене ми делува малку другачје затоа што комуницирам со некои луѓе од таму ама и Вучиќ доста ни има помогнато кога ќе ни загусти па не е се црно или бело во моето размислување. Зошто не е кај нас и не сакам да завземам страна за нешто што не ми е битно до толку ама ова ќе мора да заврши со договор и преодна влада. Вучиќ колку сака нека е подржуван од ЕУ и нека им удоволува и со тендери и копање литиум, од ова нема враќање назад. Си го има народот и тоа грото образован и паметен против себе, влече автобуси за митинг од 10 000 луѓе а студентиве собираат стотици илјади луѓе без сендвичи. Ако продолжи со главата во ѕид вака, крајот на Милошевиќ за него ќе биде благослов и ќе се моли да не биде Чаушеску. Србите не се како нас, тоа инат народ се и упорни и ратоборни. Ама, може ќе пребегне тука хаха. Алта банка која ја купува сега Стопанска банка Битола е негова и на брат му. Само преку таа банка се уплаќа во Србија струја, вода, стан. Зошто префрлаат капитал тука не знам ама има нешто.
Многу се лаже, премногу. Луѓето се како зомбирани. Не може идеологија да биде дека Вучиќ е зло, без никаква идеа што и кој после него. Не постои опозиција, тоа е проблемот. Анархија чиста. Рушење на Србија во тек...
Не е точно, први кои нападнаа се кретениве хулигански кои за кеш и бело ги нападнаа со пиротехника, дрвени палки... овие шо протестираат.
Завчера почна ми се чини, студентите протестираа, овие одозгора со огномет гаѓаат ли гаѓаат. Затоа вчера дојде до тоа.
Апсолутно не е точно, од кога те молам да смениш каналот и да не гледаш пинк, прва и б92, исто како кај нас алфа да гледаш.
Добро. Хулиганиве дрогирани - ќациве ги нападнаа " граѓаните " кои само мирно кршеа и рушеа околу. Српскиве CNN здружени со Х, бардови на вистината.
Сигурно ги гледаше шо багра беа собрани во паркот во Чациленд, јас освен наркоси, насилнци и пијаници друго не видов таму, е сега тие иститие први ги нападнаа овие шо протестираат и бараат одговорност за 16 жртви од падот на настрешницата за која Вучиќ и неговите партиски слуги упорно се кријат и не сакаат никој да одговара, а на нападот само им се спротивставија.
Како знаеш дека се истите? Инаку нападите се случија во Нови Сад, а вечерва се испокршени СНС просториите ....не е црно бело баш, само што е видливо дека првобитните студентски барања се одамна заборавени. И како се бараат избори, а не постои опозиција ?
Не ми оставаат простор да се посомневам дека не се истите, како што напаѓаа новинари и јутјубери во паркот така и тука напаѓаат, иста тактика користат само овде со повеќе опрема во нив плус пристигнати со возила без регистарски табли. Инаку во Чациленд водич им е Андреј, братот на Александар Вучич. https://nova.rs/vesti/politika/andrej-vucic-u-cacilendu-video/ Малку вар и боја, нови прозори и ко нов ќе биде штабот. Не се заборавени, власта прави се за да се заборават, затоа и е цел револт кај народот и студентите. Како тоа не постои опозиција?
Овие Нова и N1 лажат повеќе и од Информер....сите лажат....алал да му е на Вучиќ ако раководи и со двата краја од стапот....можеби си во право, ја си коментирам бидејќи ми личи на дежа ви. Студентите се оградија од постоечката минорна, а не формираа своја.
Видео снимките кажуваат доволно, барањата на студентие од почеток до крај се тие, Вучич не сака да ги исполни оти негови блиски луѓе се вмешани во се тоа пак затоа цело време пробува да го заташка случајот, затоа и му се дешава се ова шо се дешава.
Не знам членката на што мисли, ама од разговор со протестирачиве и воопшто незадоволните сватив дека оваа "опозиција" е продолжена рака на Вучиќ. 12 години секој протест го превземале и го угушувале, често иделе кај Вучиќ на договори и кога бил во тесно му давале легитимитет како на последните 3 избори буквално одиграле за него. Најново од пред некој ден разоткриено ќерката на Џилас работи и е менаџер на фирма на Снс која го спроведува Експо 27 најголемиот грабеж до сега во Србија. Неопределените не можат да ги смислат тие Џилас и компанија. И затоа се обидуваат да ја срамнат на 0 рејтинг таа опозиција и опозиција да станат студентите. Се оградија ама формираа своја листа, не е објавена за да не се изживува власта врз професорите и студентите кои се на таа листа. На Вучиќ оваа сегашна опозиција не му е никаква закана.
Да де сненарио било. Како Одеса било. Што ширите пропаганди. Овде нема две националности, една е, Срби се и едните и другите и не се работи за сепаратизам како во Одеса, се работи за незадоволство од власта. Процесот за натстрешницата е до никаде, а еве ќе биде година. Има ли судство воопшто во Србија? Оштети? Загина и еден Македонец таму, оштета треба да исплати државата Србија оти децата му останаа сираци поради Вучиќ што се мисли Исус. ЕУ е претолерантна. За влегува во диктатура и ќе преговара со ЕУ, седи на сите можни столици, секаде, на сите им продава лицемерие и лаги.