1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Избори и политички случувања во светот

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DS10, 27 јануари 2025.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.048
    Допаѓања:
    188.058
    Па и јас не разбирам, а сакам да разберам, затоа прашувам овде:D
    Мислам, лоши асоцијации ми буди.

    За Словачка искрено, и на Фицо му е релативно свеж мандатов, во скоро нема да се тргне, па се мачат некако уште од прв ден да го решат. Ти текнува и атентат му праеја.
    Словачка нема да се распадне, нема на што да се распадне, за Србија не знам баш. ...евентуално. ..едно нзс има тука...еден заеднички комшија имаат двете:smirk:... мада, ептен ми нема логика:drunk:...ќе испадне кинезите се криви:bug:
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.911
    Допаѓања:
    4.709
    Пол:
    Машки
    :bug: :drunk: :bug: :drunk: :bug: :drunk:
    :lol:
     
  3. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.126
    Допаѓања:
    4.941
    Пол:
    Машки
    Србија најверојатно оди на избори на 13 април.
     
    На Realist1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.331
    Допаѓања:
    78.055
    Пол:
    Женски
    Нема да падне Вучич, избирачкиот список им е исти како нашиот, џабе јадат ќотек студентите и ги удираат со коли.
    Ќе го гласаат пензионерите и пак ќе победи.
    Имаше на последните избори снимки како "поштено си гласаат".

    Никако да сфатат понекои луѓе во источна Европа дека збирките им идат од Русија, а не од западот.
    Ама кој да им докаже.
    Додека има закоравени русофили, ни на една држава нема да ѝ тргне напред.
     
    На Цобра му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.550
    Допаѓања:
    13.894
    Во Србија со години по примерот на Грујо, Вучиќ си собира податоци, имиња, презимиња, матични кој ќе го гласа. Секој член мора да најде гласачи. И затоа тој така сигурно кажува дека нема проблем да оди на избори, затоа што однапред си знае колку гласови ќе има.

    И нормално дека народот ќе му протестира. За несреќата во Нови Сад, едвај го уапсија Горан Весиќ, па за некој ден го ставија во куќен притвор, и на крај никој нема ни да одговара. А луѓе што изгубија деца во несреќата, Вучиќ ги рашетува по митинзи, да кажат колку бил фин и им изразил сочувство. Требало да реновираат саглам, да не им загинат децата, а не да ти умрат деца, па да паѓаш во несвест дека Вучиќ ти изразил сочувство. Глупави. Самите народи се криви, овци, две деца им загинале, и одат на митинзи, Вучиќ го фалат. И Вучиќ се прави како месија, како Господ Бог, мислиш без него и после него Србија нема да постои, се борел за српство, ова - она, филмови.
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.785
    Допаѓања:
    274.523
    FB_IMG_1738397166850.jpg



    Поконцизно, амин.
     
    На Realist1, malerozna, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.126
    Допаѓања:
    4.941
    Пол:
    Машки
    Утре се одржуваат по прв пат редовни парламентарни избори во Косово од "независноста" во 2008. Исто како кај нас, се избираат 120 пратеници од кои 100 ги избираат етничките албанци во една изборна единица користејќи отворена листа, додека 20 избираат малцинствата. Левичарската коалиција предводена од моменталната владеачка партија движење самоопределување и премиерот Албин Курти според анкетите се сериозни победници и би требало да освојат помеѓу околи 50% од гласовите.
    Подетално објаснето.
     
  8. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.126
    Допаѓања:
    4.941
    Пол:
    Машки
    Косоварите див запад, прават попис, излагаат 1.600.000 и пак некако чудно имаат 2.075.000 запишани гласачи. Претпоставувам си гласаат и луѓе умрени пред 20 години.
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.550
    Допаѓања:
    13.894
    Следите ли што се случува во Србија? Сега гледав на ТВ. Имало повици за сецесија на Војводина. Не знам кои се тие што повикувале, ама еве ги Србите потресени. Ќе имало митинг, ама и контрамитинг. Баш ме интересира вас што ви е најнормално во денешно време некој да се тепа за градови, села, како племе во среден век, што мислите сега ако Војводина навистина крене врева да се одвои? Следен кој ќе е? Дали е тоа ок по вас? Мислам, ако можат Русите да припојуваат градови со 15% Руси, 16%, 23%, што остана за Бечеј што е 46% Унгарци, Сента е со 77% Унгарци и само 13% Срби, Суботица е 35% Унгарци и ред други. Дали сте спремни за промена на граници на Балканот? Би требало да ви е ок, дека ви е ок за Украина, сигурно и за во комшии и дома ви е ок.
     
  10. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.126
    Допаѓања:
    4.941
    Пол:
    Машки
    Што е работата? Прв пат од тебе слушам, барав и на гугл и на фејсбук ми излагаат вести од 2008 и 2012.
     
  11. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Востание се случува во Србија.
    Студентите од сите поголеми градови се собираат во Крагуевац. Пешки. Уставот го носат како штафета, бараат правда, системски промени, почитување на законот, ја рушат и власта и опозицијата. Народот ги дочекува како ослободители, ги храни и пои, им обезбедува сместување....
    Чудесна е младоста, руши се пред себе....оние кои беа незаитересирани,анксиозни и асоционални, одеднаш покажаа неверојатна сила, енергија, сплотеност....

    Контрамитингот ќе биде во Сремска Митровица, организиран од власта, некаква декларација за Војводина која е секако 80 % со српско население, но тоа е само некаков обид за одржување на режимот.
     
    На SummerGirl и Ahoy им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.550
    Допаѓања:
    13.894
    Не е Војводина со 80% српско население, има Унгарци и еден куп други малцинства. Има податоци на интернет за сите градови, не сме 1903 година, сите можеме да провериме. Па и во Украина имаше градови со преку 80% украинско население, па се окупирани и урнати, како Херсон кој е ослободен, Кремина беше 85% Украинци, Запорожје е преку 80% украинско, па што? Дали сте за сега? Би требало да сте за?

    Војводина е со мешан етнички состав, повеќе од 26 различни етнички групи и 6 службени јазици. Војводина има околу 2.000.000 жители, од кои најмногу се Срби (65%-70%), потоа Унгарци (14%), Словаци (2,79%), Хрвати (2%), Југословени (2%), Црногорци (1,80%), Буњевци (1,50%), Македонци во Качарево, Јабука, Пландиште и Зрењанин и други националности. Религија: Православни 70%, Католици 17%, Протестанти 3,50% и други.

    И нели бројките од попис не беа битни? Нели битно беше што сакаат малцинствата? Сум била во Војводина, не ни знаат добар дел српски јазик. Да сакале ќе научеле. Дел од тие Унгарци, остареле, а не научиле српски јазик. Нели битно беше кој како е настроен, овие не се просрпски, проунгарски се настроени. А и сигурно добар дел имаат двојни државјанства, исто како и Русите во Украина. Како не е исто? Исто е.

    Eве ја декларацијата

    https://kanal5.com.mk/srpski-mediumi-objavija-tekst-za-narodnata-deklaracija-za-vojvodina/a684772
     
    Последна измена: 15 февруари 2025
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.359
    Допаѓања:
    90.279
    Пол:
    Женски
    Што се случува во Европа?
    Дали данокот на прифаќање на мигранти доаѓа до наплата.
    Напад во Шведска.
    Пред неколку дена напад во Минхен.
    Сега напад во Австрија
    https://www.jutarnji.hr/
     
    Последна измена: 15 февруари 2025
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.048
    Допаѓања:
    188.058
    Ќе си дозволам да си креирам теорија на заговор- ама од чиста мира, никој, никаде, не излегува на улица да убива рандом луѓе.
    Да имаше Европа кичма, и служби, ќе најдеа нзс досега. Штом не наоѓа, нешто опасно смрди. Мислам, оно пожарникарска станица им изгоре во Германија пошто немале хидранти, па ај, ќе речеме неспособни. Ама сепак нешто смрди. Времето ќе покаже што смрдело, мислам многу набрзо.
     
    На SummerGirl, Cosmi и Zhukov им се допаѓа ова.
  15. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.126
    Допаѓања:
    4.941
    Пол:
    Машки
  16. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.048
    Допаѓања:
    188.058
    Муабетов мислам повеќе е за овде отколку во темата за Украина, пошто малку поширок импакт ќе да има.
    Откако брзопотезно дојде Венс во Минхен и им кажа на европјаните да се приберат, а врвните дипломати останаа изненадени и увредени, се случуваат 2 нешта:
    - американците и русите пакуваат куфери за мировни преговори за Украина, без Украина и ЕУ, во Саудиска Арабија (веројатно утре)
    - Макрон ги свикува на консултација лидерите на ,,водечките,, европски земји, утре- Шпанија, Италија, Ук, Германија, Полска и Данска:smirk:. Због заради темата, зошто не преговараат и тие за Украина?:?: Или што да се прави ако стварно се договорат овие од погоре.
    8-|
     
    На SummerGirl, Realist1, Zhukov и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Zhukov

    Zhukov Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2022
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    1.279
    Пол:
    Машки
    Што се однесува до американско-украинските односи, главниот проблем лежи во фактот што Зеленски бара да го размени регионот на Курск со окупираните делови на Украина. Кремљ од своја страна сака да ги задржи сите четири украински региони за кои смета дека веќе ги анектирала, што значи, не само Донбас и Крим, туку и Запорожја и Мариупол и така да одржи територијален континуитет којшто би бил вистинска стратешка премија за Русија од оваа војна. И токму тоа е клучниот аспект од преговорите, односно, поделбата на Украина на два одделни региона преку прекин на огнот, сценарио кое беше изведено во Кореја во 1953 година долж 38-та паралела. Тука ќе се игра најделикатниот дел од преговорите, затоа што новата граница би била подолга од илјада километри и за нејзино набљудување и обезбедување би биле потребни стотици илјади војници кои Америка нема намера да ги даде, туку ќе мора да ги дадат Европа и најверојатно Турција.
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.550
    Допаѓања:
    13.894
    Да сум на место на Зеленски, Курск ќе го трампам за Мариупол од ќеиф со цел да ги понижам, нели ликуваа за тој град многу, па како го изградиле, епа за инает тој град, а ако не сака тој, наместо него, три други или четири од тие што се како Виница и Берово.

    Инаку, денеска го гледам нашиов премиер, ај што се споредуваат со кого стигнат што не држи вода, сега во Брисел се спореди со Украина. Демек во ред е што го бранат украинскиот идентитет кога Путин го негира, ама што е со Македонија и Бугарија? Па прво, Бугарија не ја нападнала Македонија, ниту е Бугарија втора сила во свет, значи ама ич не е исто. Друго, во Украина имало пред војнава 7-8 милиони Руси, но поделени се 2 милиони пасоши, на Руси, не на Украинци, тоест, најголем дел од Русите во Украина не поседувале руски пасош, што не е исто со Македонија каде самите Македонци си фалсификуваа идентитет и земаа и земат голем број бугарски пасоши, другите што не поднеле, сироти, уште се кајат. Ама ич не е исто. Таму ни Русинот не земал руски пасош, овдека и министерката Божиновска се објаснуваше за бугарскиот пасош. Нема да каже дека сработел нешто, реформи, не, еден кредит од Унгарија зема и сега ќе прави некоја смешна и непотребна промена на државниот грб, па говори како да се е натокмено, ама еве, некој од љубомора не кочи, па и со Украина си се спореди. Па колку луѓе уапсија во Украина за мито и тоа од актуелната власт, а овде? Овдека ако се смени власт, тогаш има апсење, и на крај или бегаат или ги помилуваат или поминуваат со условни.
     
  19. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.126
    Допаѓања:
    4.941
    Пол:
    Машки
    Ѓерманците задутре гласаат, само пазете колку подлабоко ќе навлезат во срањето во кое веќе многу се навлезени. Сите три поголеми партии имаат договор да не коалицираат со ниту една крајна партија, така да ако Фредрих коалицира со афд ќе го наруши договорот. Исто така се збори и за можна коалиција помеѓу најголемата опозициска CDU/CSU со моментално владеачката SPD, ама тоа никако не е добар план после дебатата пред некој ден.
     
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.048
    Допаѓања:
    188.058
    Никако не ја бива.
    Зошто Трамповата администрација навива за Афд? Дали се они (трамповци) многу добри луѓе со филантропски интереси? :?:
    Кој знае што спремаат, сигурно ништо добро:tmi:.
     
    На SummerGirl и Realist1 им се допаѓа ова.