Имаат иста политика за мигранти, а и по водечкиве партии до сега особено левите многу се инсталирани кукли од сорос и дипстејт, единствено крајните десници не се поткупени сеуште затоа и бараат излез во нив.
Абе да, ради идеолошки политики е работава. Не би се кладела на ова ич. Ај ќе помислам , може ќе ми текне
Да ти кажам право ова што се случува да седевме и да го мислевме немаше да измислиме ваква блискос на русинот со мурика. Европа ..... ја пуштија низ вода кој е планот стварно неам идеа... лудило.. Ко преживи причаче
Мислите ќе ги депотираат и Македонците во Германија? Тоа ако се случи, овдека ќе има очајна сиромаштија и безработица.
Сега ќе има наддавање, кој ќе плати поскапо, Трамп него ќе го застапува. Нешто како адвокат што гледа да ти собере повеќе пари ако сакаш да те застапува или рекетар. Украина должи за оружје на Америка и ок треба да плати, Русија не знам што должи на САД, ама руската банка ќе соработувала со Маск, Путин одобри, а и обновата според објавеното Русија ќе ја плати. Ако е тоа точно, нели е ова вазалство, збор што ви е омилен?
Германија се соочува со битна одлука и битни избори. Особено дали ке се претвори во исламски калифат. Можеби е навистина најдобро за Германија АФД да победи. Тоа зелени фантазери и останати бескичмееаци ја направија Германија да нема кичма.
Афд можеби има одлична политика за миграцијата со која 100% се сложувам, ама се друго е мижи да те лажа, битно ти гласај ме мене па после ќе видиме што ќе прајме. Нели сите десничарите дркаат на афд, Алиса и на нивните анти lgbtq погледи, традиционални вредности итн итн, а еве со кого е венчана самата Алиса:
Значи жената е омажена со жена мигрантка? Од каде е мигрантката? Кога бев дете, имаше една убава германска бајка, се емитуваше на Тв, со една госпоѓа Холе и една многу убава девојка, со руса коса, а Германија сега е уништена од доселување на секакви луѓе. Кога ќе соберат и шуто и рогато, ќе се плашат дали некој исламист ќе ги изводе или изгази. Дури според мене ни Балканците не се вклопуваат таму, носат свои навики. Луѓе што се по 10 години во Германија, што пола село го однесоа со себе, физички однесоа и роднини, пријатели, комшии таму, и сега често се собираат, прават скари, и муабетот им е кој колку пива испил. Не се смениле, исти се, само имаат пари, овдека немаа. Германија што личи на Балкан не е Германија.
Ретко кој, ама некои од тие што работат во средини каде уште доминираат германците кажуваат дека постои прикриен расизам. И како да не постои, исто би било и кај нас ако почнат да доаѓаат работници од страна, а не се прилагодуваат на тукашниот начин на живот и си ги задржуваат старите навики.
Алиса е синоним за апсурд, води анти миграциона политика и анти lgbtq политка а самата таа е венчана со жена со потекло од Шри Ланка. Лудило еј
Да де, и Трамп исто, две од трите мигрантки. Не разликувате легална од илегална миграција или што е проблемот? Афд и да победи нема да направи влада и ќе остане лимбо, исто ко во Австрија, исто ко во Франција... држави без влади, за мерак. Ниедно сценарио не испаѓа надежно. Со кого дели живот Алиса ми е ама најмалку битно.
Сакаш да ми кажеш Македонец во Германија се соочува со грди коментари? Во смисла...? Секој треба да биде свесен, јазик треба да знаеш и да се однесуваш културно таму, не си дома во свое село, па секој втор ден фешти, урлање, пиење, одење по стадиони, таму пиење, урлање, скокање. Имам еден комшија, млад дечко, отиде во Хрватска, максимално се трудеше да зборува хрватски, вели „срамота е, јас отидов таму за да заработам“; а имал цимери Срби, еден од Србија, друг од Босна, се чудеше како тоа не сакаат да зборуваат хрватски, пијат, се шетаат низ град и секаде само „Тооо, брате Србине“, а свесни се дека не ги сакаат Хрватите, па и се изложуваат на ризик да добијат ќотек. И сега комшија ми отиде во Германија, ама учеше германски, ама не пие, не пуши, не урла, не прави ништо проблематично, па дури така, прашање е дали ќе биде прифатен.
Точно, тоа и ми беше поентата. На германскиот народ веќе му е преку глава од луѓето од страна дури и од оние кои се вклопени- го зборуваат германскиот јазик, ги имаат прифатено нивните општествени норми итн.. Се поради вакви поединци кои ги наброја ти како пример за како не треба, а за жал доминираат, без ралика дали се од балкан или други држави.
Имам пишано во друга тема, значи Македонци отишле на стадион во Германија, само тие пред влезот во арената пијат, ќор пијани, скокаат како тинејџери иако имаат деца и се возрасни, на еден црнец му велат „кој к.р бараш бе ти?“, други некои постари си поминуваат, овие скокајќи му удрија една заушка со рацете на еден постар, ама од што се пијани, не се ни свестија. Многу е ретардирано да објавуваш видеа каде си пијан, ептен е тоа ретардирано. Секој муабет им е „хахахах, ти колку испи“, „хахаха, ти види си ги очите“; се сликаат со шише со алкохол големо колку една реална пушка, итн. Јас не би ги трпела, не сакам луѓе што пијат, пушат, урлаат, трескаат глупости. Друго видео кое го гледав, жена колку мајка ми стара, отишла кај децата во Германија, влегла во маркет, таму во ќошот играчки за деца, женава отиде и зема тие патки со рачка, ги вози по маркетот, ја снимале, се кикоти, севкупно едно невоспитано однесување. Имаше едни Македонци, се измешаа со Роми, отидеа азиланти, демек Роми се, секој ден сликање во Германија, со испарталена облека се буткаа меѓу туристи. Имаше и случка сега скоро, Срби сакале да измамат Германка со балканската финта, демек внуката направила сообраќајка, да им даде мито да средат и таа им викна полиција. Па реално, кој сака такви проблематични?