Од кога велев ја дека со предвремени избори ништо не решаваат, да дотуркаа до септември па тогаш муабет да праја, сега можат во криза да влезат па кон есен пак избори да имаат. Единствен спас им е гранд коалиција ЦДУ/ЦСУ со СПД, омилената комбинација на Меркел.
Ништо не прават швапциве.Мириса на избори пак. А интересна е и мапата на гласачко тело кд еима странци.
ЦДУ победи, очекувано. Но со кој ќе коалицира сега баш да видиме.. и мириса пак на избори. АФД убедливо втора најмоќна партија во Германија. Само 4 милиони гласови е разликата со ЦДУ, или во проценти тоа е не цели 8% или поточно една помала покраина само. Ова е јасен знак дека на правиот германец му е дојдено преку глава од погрешните политики и е време за темелна реконструкција на Германија, ова е историски успех за млада партија со јасен и рационален вид и здрава политика и како што стојат работите за некој период ќе биде и прва партија во Германија. СПД и Шолц за жалење.. дното го допреја, само 16% за прв пат во историјата.
Се истрчаа нашиве, резолицијата на САД ја поддржуваат, таа на ЕУ не, арно ама, плачат како гревови да почнат преговори со ЕУ, а и воедно тргуваат со ЕУ, а и земаат кредити од ЕУ. Мислат којзнае што направиле, ама ова скапо ќе чини.
Сакаа да се додворуваат, решија тоа да го прават, и оопп, веднаш утка, таа резолуција не помина. Колку се неинтелигентни. Ај што не помина, таа резолуција легитимира агресија. Утре и Македонија може да биде мета на агресија, а ниту е спремна да се брани, ниту некому му е битна, знаеме од минатото и нема кој да ја брани, оти и Македонија поддржа агресија. Трамп нема да е вечен, има 79 години, ниту па ми е гајле за некоја небитна Македонија, а што правиме со тоа дека Албанија стана Америка за нас, па како ги средиле градовите, веќе се Европа за нас, за 2 години сосема е можно да бидат во ЕУ. Што правиме со цел северозапад полн со Албанци? Ај потсетете се дека имаше пратеничка во Собранието во Тирана мафташе со мапа каде цела Македонија е Илирида и рече дека кон тоа треба да се стремат. Тоа го имате заборавено? А муабетите на Рама да не се чепка албанскиот јазик овде и дека веќе 35% се Албанци и Рама не е грешка, бројот на родени деца од албанска националност е толку. Сте заборавиле дека Албанија и Косово имаат потпишано договор за заедничка одбрана? И видовте ли вчера на листата на армии, Косово е само 4 места зад Македонија, а ако земеш предвид дека нашата армија е мешана демографски, нивната армија е појака. Ние сме јад и беда, за жалење, а со овој памет добро е што имаме држава воопшто. Вакви глупави потези само на нашиве може да им текнат. Непособни за ќорава реформа, па се фаќаат за Трамп кој секој ден менува ставови.
Гласај поарно за двете. Вака оправдаа агресија, а истите се бунат за Бугари во Устав. Штом легитимираа агресија, немаат право да се жалат за било што. Сакаат да се додворуваат, па и за тоа не ги бива. Ај погледни ги сите нации околу нас, помоќни и воено, и економски и демографски, па ниту еднаш не си дозволиле ваков кикс како Македонија, да се брукаат, напротив имаат јасен став каде планираат да се движат, што поддржуваат, а што не и тука нема отстапки. Македонија е толку некооперативна, нестабилна, секоја власт фаќа друг правец, што не е случај со другите земји. Допрва Орбан има да ги командува нашиве, тие 2.500 денари за пензионерите што ги дадоа од кредит, не од реална економија, на нос ќе им излезат.
Повторно напад во Германија. Užas u Njemačkoj: Vozač se autom zabio u ljude, ima mrtvih - policija poslala upozorenje https://dnevnik.hr/vijesti/svijet/u...ws&itm_medium=Dnevnik&itm_campaign=Naslovnica
Исто шарено (Сорос) сценарио какво се одвиваше кај нас. Ако не покаже заби и сила, ќе го доживее истиот политички исход каков што доживеа нашиот режим. Во меѓувреме, Романија тргна кон целосно диктаторски курс, прво Уставниот суд ги поништи изборните резултати од првиот круг на претседателските избори, односно го поништи демократскиот изборен процес, а сега централната изборна комисија му забрани на Џорџеску да се кандидира на новите претседателски избори, иако води на буквално сите анкети.
Абе ај ќе го турнат Вучиќ, ќе блокираат цела година, ете и две, кога тогаш ќе падне, ама после што, пак Тадиќ ќе го вратат што ќе ги продаде и Косово па и Војводина за 5 минути? Нека седат кај што си се нашле оти моментално живеат најдобро од што некогаш живееле и од што некогаш ќе живеат ако Вучиќ падне. За Џорџеску следам од декемврито, навистина во "интересна" ситуација. Знаете левичар сум, ама како што беше Трамп најдобра опција за САД, така Џорџеску е моментално за Романија.
Кој не би рекол дека историјата се повторува а баш ФауВе има искуство со ова, фали уште да воскресни австрискиот уметник и Д-р инжинер Фердинанд Порше „Не сме во конкретни дискусии за тоа што може да направи Фолксваген. Моето мислење е дека доколку постои можност за производство на воени возила во иднина, би морале да ги разгледаме концептите со оглед на геополитичките случување во Германија и Европа за да бидеме повторно безбедни" - Блуме Азијатите ве згазија во Автоиндустријава, посебно стравот од Кина, па сеа мора да се ориентираат фабриките секако а изговор е Трамп дека САД ќе ја ограничеле поддршката за ЕУ.
Вучиќ после 13 години власт, утре ќе падне. Преживеа многу протести, блокади и што уште не ама мислам дека ова му е последна вечер на должност. Уапсиле неколку души што планирале државен удар и убиство на Вучиќ, ама верувам тие не се ни 5% од вкупниот број луѓе што стојат зад ова. И самиот Вучиќ знае дека не тера далеку, преѓе на пресконференција самиот си рече дека ова му е последен ден.
Какви слики, какви видеа, енергија, од Белград синоќа. А денес тек што ќе биде... Толку културно, достоинствено, цивилизирано, човечки, не знам ни како да опишам соодветно. Секоја им чест на студентите, со секој потег воодушевуваат, буквално како културен ресет да доживуваат. Ќе пишува историјата за ова.