Истите срања од кај нас во 2016 или што би рекол Заев: ги собрале шуто и рогато. Ова е борба за фотелји не е за борба за подобра иднина. Ги гледавме придобивките од Шарената револуција кај нас. Се напикаа за пратеници, директори, после даваа оставки дека биле наркоманчиња... Тешко тој народ што мисли дека некој политичар мисли за него.
Е оваа промена за која се залагаат, ќе ја потпиши независноста на Косово поддржана од меѓународната заедница а пак како најголем поддржувач на протестиве е Албин Курти, е тој е победникот на протестите и промениве шо треба да дојдат. Не се свесни Србите што ќе биде потоа.. сами ќе стават камен темелник за Косово, истото сценарио кое ни се случи и нас со таа шарена револуција ко-спонзорира од Сорос, кои подоцна седнаа во фотелји и потпишаа разни договори врз штета на националниот и државен поредок.
Ги гледам во живо протестиве, колку народ, wooow срцки, поддршка од цела актерска фела, врвни спортисти, културна Србија, дури и Новак со поддршка наспроти она шуто и рогато од спротивниот табор, онаа полуписмена Вучичева багра, пинковци, информери, Карлеуши и остали режимски певаљки. Да се надеваме дека идиотов Вучиќ нема да биде заменет со идиот како Заев. Не е можно да има поголем имбецил во опозицијата од овој. ПУМПАААААЈ!!!
Буквално се им е исто, влечат луѓе од други држави за да потполнат број знам луѓе што отидоа демек до Врање, сега ги гледам по слики на Фб... Реториката истата како кај нас, тоа е таа мизерија. Невладините што перат пари со вакви работи знаат дека после УСАИД ова им е последен обид за да добијат некој ќеш плус. Пак ќе речам, тешко тој народ што мисли дека политичарите мислат за подобра иднина.
Велите ќе го продадел Косово некој иден, а истото тоа Косово е независно од 2008 година и мајка Македонија прва се истрча да го признае од пусти страв да не биде џева и овде. Кој и да дојде на власт во Србија, што ќе прави со Косово кога на истото тоа Косово има само 2% Срби и останаа четири држави во Европа што не го признаа, Шпанија, Унгарија, Грција и Украина. И за Војводина, кој и да дојде на власт, нема тие Унгарци магично да ги снема таму, ќе си останат таму и права мора да уживаат, тоа е тоа. Српската и македонската нација имаат сериозен проблем со наталитет, демографија и нормално дека другите си го бараат своето. Демек треба Вучиќ сега доживотно да краде избори и да биде на власт? Тој е добар пријател на Македонија, а реално Србите од него не се задоволни. Друг кога ќе дојде, не се знае каква политика ќе води кон Македонија.
Прекрасно е вечерва во Белград. Младост , радост енергија, љубов, гордост. Србија во сите свои обележја. Иако се укажуваше дека ќе се случи обоена револуција, можеби Вучиќ ќе успее да создаде патриотска опозиција, која нема да се одрекне од своите традиционални вредности и пријатели....
Не пратам баш ама вака ко шо те читам и тебе и анте типично шарена револуција револуција се случува и во Србија. Ако Србија го признае косово рачунај дека после федерација ќе им се случи, најверојатно ќе не зафати и нас ние сме веќе федерација само треба да се исцртаат границите.... Во голобала знам дека судството им е проблем како и кај нас недопирливи се и дека протестиве беа за тоа и за одговорност за случајот на автобуска или железница шо и да беше ама пара буши где бургија нече па сега и косово е на маса хаха тоа се тие проевропски вредности .. Капитулација на Србија со нов зајак значи...
Во принцип, ич не треба да ни биде гајле за држава во која не плаќаме даноци, ама пошто береме туѓо гајле: ова со Шаренава во Србија е истото срање со Шарената кај нас. Сама гледаше и слушаше што кажуваа и што правеа. Јас не го однесов Заев со Веруш мали на кафе да беседи дека собирал шуто и рогато, ниту имав полче да делам. Туфегчиќ исто интересен лик од тоа време... Еве ја сега Фани стана потпретседателка во СДС за да им среди наратив, пошто ја изгубија идеологијата со потпишување на договорот со Бугарија со кој се поништува и понижува партизанското минато и бришењето на АСНОМ од Устав. Види, Шарената во Србија и Шарената овде е со ист мајндсет, да дојдат на власт и после ќе видиме...
Нема јунак во моментов од српска страна кој да ја потпише независноста на Косово, исто како што кај нас немаше да потпиши договор за промена на името. Вучиќ кажа дека ни под разно нема да потпише ништо за Косово. Е сега меѓународната таа порака ја разбра. Па сега како да го реши проблемот? Овие од меѓународната ја искористија ситуацијата со железничката во Нови Сад, додај уште лош образовен систем, ги запалија и кренаа на нозе студентите во Србија. На тоа додај разочарани земјоделци, пензионери и ете ти успешен протест. Е сега кога оваа шарена револуција ќе го симне Вучиќ, меѓународната заедница за момент ќе инсталира нивен слуга и со "моравме" ќе го признае Косово од прва рака како што Заев го донесоја и потпиша се демек да се отвори "просперитетна иднина" на државата. Не се свесни Србите.. сами си ставаат камен темелник за Косово. Се е лага и превара. Некој ќе ги искористи овие протести. А во моментов во живо преносот од Белград на Канал 5 во вестите, еден неандерталец од демонстрантиве со провокативна порака за нас: Скопље престолнина Цар Душана, живела Србија до Токија
Моментално Европа пробува да и го направи на Србија истото што и го стори на Украина, да го смени лидерот чиј приоритет му е неговиот народ и држава и да го замени со некој што ќе биде нивен вазал со што целосно ќе ја распарчат. Враќање на жолтите на власт во Србија би било погубно за Србите, освен што ќе можат да сонуваат за Косово, на сон единствено и Војводина ќе ја видат. Србија е во слободен пад кон самоуништување. Прост народ, силна држава.
Вистина е ова. Само што Србија нема опозиција, презрена е од народот, од студентите кои со месеци маршираат. Нешто интересно се случи во меѓувреме....студентите се огрнаа со српски знамиња и пеат песни во слава на Србија. Русија , Америка и Кина ја подржуваат власта. УСАИД е на апарати, а токму тие и беа инспиратори на овие протести. Вучиќ здушно се труди се да протекне мирно. Па се прашувам еве, прави ли тој нова опозиција од студентиве, која во надворешната политика ќе го наследи?
Ако српската власт работела добро, немало сега да има протести. Другото се изговори. Сакал некој да го смени, па Косово, па ова, она. Дали ќе потпишат или не за Косово, исто му се фаќа. Со ова темпо за 10 години Срби на Косово нема да има. И за тоа не е крив Сорос, УСАИД и не знам кој. Не се можат, бегаат, продаваат, кај малку, па и тие тројца Срби на Косово, се поделени и несложни, а и таа Рада Трајковиќ ја обвинуваат дека го брани Курти. Како во Словенија нема шарена? Работат како мравки, како би имало? Лажење, криминал, корупција се правда со изговори дека некој ги платил да протестираат. Кој протестира ако му е добро? Не дека не интерсира, точно дека не плаќаме данок, ама ние и други земји коментираме, не е само Србија, цел свет го коментираме, а и таму не плаќаме данок. Грујо уште троши украдени пари по Унгарија, ужива, вие па го браните божем којзнае што направил. Ретко голем изрод на европско тло е тоа.
Се напумпаа овие, сега почнува забавното бркање по улици. Neviđeni haos u Beogradu! Naređena hitna evakuacija: Protest više nije studentski, postao je prava bitka na ulicama (VIDEO) - Informer.rs
Пуштете пинк, видете ги стоките што прават. Не знам каде им е мозокот на србите, в крај е очигледно и логично, штом хрватите и косоварите ги поддржуваат протестите, за Србија ич не чини. Најново, студентите ги нападнале студентите 2.0 кои сакааѕ да продолжат со учење, го поддржуваат Вучиќ и против блокади се.
Има најава и за наредни денови да продолжи протестот, најверојатно се до оставка на Вучиќ. Ами нормално ќе бегаат кога Џаците на Вучиќ фрлале со камења и полни шишиња, тешки неандерталци се таму собрани во тој паркот. Инаку Информер ти е поим за портал со лажни вести и пропаганда во корист на Вучиќ, газдата на порталов Вучичевиќ е еден тежок дегенерик шо никој не можи да го смисли, затоа и му скандираа вчера студентите "Врати коњу главу Драгане"
Абе се тепаат еве и А1он кажуваат. Кај овие допрва почнуваат нередите нема да се знае кој кого истепал, напумпани се. ВИДЕО: Опозициски хулигани ги нападнаа студентите редари
Како студентите ќе го наследат во надворешната политика и како е тоа нема опозиција ама Вучиќ да падне? Мислам, имавме и ние студенти што протестираа еднаш, Филип и Антонио пример, имавме и Шарена, и се нагоре тргнуваше во државата после секој протест. Нели почнаа после убиствата во Рибникар, па Србија против насиља правеа насиље по изборите, па мало интермецо, па сега настрешницата... Ќе се најде јунак да преземе власт, не им бери гајле. Дај кажете, што е тоа со пумпањето
Вечерва во 22:00 Вучиќ ќе се обрати, постојат две опции, првата е да прогласи победа и да каже дека можат за мадиња да му се фатат, или да си рече у пичку матер, ебете си мамата што сакате прајте, си давам оставка па ај да видете без мене дека не мојте да се по*ерите.