На Макрон за две години ќе му истече вториот мандат и повеќе не ќе може да биде претседател. А овие другиве коj да следи што прават, кога не се претседатели се премиери и нема крај тоа.
Студентите немаат поддршка од ЕУ. Не знам од каде дека меѓународната заедница ги финансираат. Не велам дека некој не им дава пари, ама тоа ЕУ не е. Следете ли воопшто меѓународна политика? Како можете да го подржувате Вучиќ? Мислам дали некој од вас има разговарано со млад човек од Србија? Очигледно не, затоа мислете дека се платеници.
Имам, секојдневно. Сите се избегани од Вучиќ. Корупција, врски, исто како и кај нас. Ниеден не го сака и сите се чудаат како победува кога народот е против.
Еве јас за време на смена на власта кај нас во 2017 бев студент, не дека беше сјано додека беа вмро ама имаше некој стандард, со промената на власта претрпе измени и законот за високо образование и стандардот падна. Пример пред да се промени законот вежби ни држеа професорите, после студентите т.е демонстраторите се вратија. Тоа беше ужас сега не знам како е. А за Србија знам дека во поглед на квалитет на високо образование се светлосни години пред нас. А шарената револуција ако не се лажам и кај нас тераше иста реторика па видовме на што спаднавме последниве 7 години.
Па од тебе не очекувам да читам дека си подржувач на Вучиќ. Ми ставаш слика со Зеленски? Еве ти велам студентите бегаат, Србија се дави во корупција. Исто како кај нас нели.
Не сум. И искрено не ми е гајле за туѓа држава за да поддржувам некој или да сум против, немам никаква корист. Освен гледано од наша страна геополитички пример како би ни одговарало, за друго искрено треба да ни е гајле дали таму има корупција или нема, оти секаде има, да сме реални. Работава е што протести и "револуции" не се прават поради корупција или студентски права, или падната настрешница, туку поради трети страни кои сакаат промена на власт. А ние убаво знаеме тука што се дешава после промената.
Па и од Хрватска бегаат. И пак исто гласаат. Иди па разбери ги. Човекот што загина од настрешницата во Нови Сад, заминал од Македонија, јер со корупција нашол работа таму? Значи јас појма немам како им е, и што добиле што изгубиле од Вучиќ. Искрено не верувам дека може да е толку дно како во времето на Грујо, оти се пак поголема земја и повеќе луѓе, па со тоа ваљда и повеќе капацитет имаат.(после Грујо не знам како е, стално сум имала повеќе исконски нагон да бегам во влада на дпмне,почнувајќи од 2001). И некако мислам поголем проблем е он за странците, отколку за домашните. Да свиткаше кичма досега, никому немаше да пречи. Ама он се фатил со Кинези, нејќе против Руси, многу многу непослушност. Ниту имам за што да го поддржувам, ниту за што да ми е гајле. Освен дека во вакви времиња ниедно буричкање не е за арно на народот. А и потенцијално опасно за регионот. Добро е што немаше ескалации денес. Ама дека не се поделен народ мало сутра и на долг рок е неодржливо, не може општеството да функционира со постојани протести и блокади. Ќе видиме што ќе биде, сите нешто зборат до април, мај, нешто ќе се решело
А поради што треба да се прават? Малку е тоа? Малку е што нам ни се дешава со онкологија и труењето? Треба народ на улица, ама без мешање на опозицијата како претходно. Претходно кога беше Шарената, Заев држеше говори и јасно беше дека е подржана од нив. Корупција има секаде да, ама не е како во Мк и Србија, за жал.
Биљо ни Урсула не ги подржува студентите, никој. Па 4 месеци тишина. Да сакаа, оддамна ќе се вмешеа. Вучиќ е Грујо и Заев во едно. Бегаат да и хрватите, бегаат сите ако е така, ама освен Белгард и поголемите градови, се друго е исто како кај нас во внатрешноста. Што јужние то тужније. Буквално.
Абе во теорија треба, ама во пракса никогаш, ама буквално со ниту една револуција не се решиле такви работи, почнувајќи од француската, преку октомвриската, до овие демоНкратскиве портокалови, обоени, шарени, пролетни и како се ги викаа. Секогаш на народот на крај му се одбило од глава. И кај нас навидум почна без поддршка и спонзорства од трета страна. Првите студентски протести беа организирани чисто од незадоволството на студентите, оти Грујо забега со моќта па сакаше да контролира кој ќе земе диплома, а кој не. Згора на тоа сакаше и да ги одданочи фриленсерите 30% или 40%, не се сеќавам како беше. Ама се сеќавам на првиот и вториот студентски протест оти и јас бев студент и протестирав, тој беше најмасовен. Е после почнаа да се инфилтрираат трети страни, па шатори, кампирање на факултети, пред влада, па контра протести и заокружување со кругчиња... Кој беше паметен, уште тогаш се дистанцираше од сето тоа. Исто е сега и во Србија, copy - paste. Не знам дали и таму "помина" девојката со карминот? Во Грузија помина.
Дека овие што се тепаат да дојдат на власт ќе се поарни и дека народот ќе живее во развиена и модерна држава.. Исто е и кај нас, луѓето не бегаат само од една политичка партија бегаат од сите политички партии. СДС и ВМРО заедно си гласаат за патни трошоци тоа се пари од народот. Левица со она џукелчено се курчи демек они нешто ќе сменеле нешто а тие собрани багра наркоманска. Овие од албанскиот блок ќе ги баталам.. Во Србија е исто народот бега од партиите не бега само од Вуќжчиќ, народот бега и од оној што ја тепаше жена му кога ќе се издрогира па сега него го тепа кој ќе стигне (Мислам дека се вика Чедо не ги следам ептен)... За народот сеедно кој е на власт ќе биде краден, лажен и омловажуван. И не е така само на Балканов во моментов така е во цел свет. Најнеписмените и најнесоодветни луѓе си играат држави. Англија не може да сврти премиер, во Канада на Трудо фотелјата му е фамилијарен бизнис, дечково од Франција никој не го поддржува, Германија ене ја катастрофални резултати. На истокот е исто како на западот... Немој да се лажеш дека некој политичар доаѓа на власт за да смени нешто, доаѓа за да се офајди.
Исто ко и тука. Никој не го сакаше Грујо, а 11 години не го сменија, па дури и последниот пат пак победи, ама зајко и оној што се праи дека на знае македонски се договорија пред него.
Што се чудите дека некои отишле во Србија? Па имаме српска заедница овдека, тоест имаше раскол, се поделија како на две заедници или две фракции, не знам баш точно до детал дали е една законски регистрирана, веројатно е. Се сеќавате кога се појавија во Скопје пред српска амбасада скоро за поддршка на Вучиќ? Се е тоа организирано.
Абе, немате некоја тема за холокаустот у Палестина, или не е интересно тоа... сакав нешо бубрези да изедам, али неам кај.