Дали пак ќе гласате за истите две партии што ни ја кројат судбината 30 години или воопшто не планирате да гласате?
Прашањево богами излегува дали ќе си брцнете во десното или во левото око или во ниедно Гледајќи ги и двете партии што сè прават и како го манипулираат народот, знаејќи дека подеднакво ќе боли без разлика во кое око ќе изберам да си брцнам, најарно да си седам мирна дома
Дефинитивно напраја систем да мојш да бираш само меѓу 2 партии и да немаш друг избор (иако имаш, но знаеш дека нема шанси да победи). Ни фали трета партија која ќе успее да влези во игра и да го сруши системот на овие две. Дека тие две знаат, ако не го добијат овој мандат другиот или третиот ќе го добијат.
И црвените и сините имаат по 300к овци, па ако не излезиме гласање пак ќе не дупат. Или да бараме работничка партија да се оформи или наместо на гласање сите на протести пред влада. Ако седиме дома пак ќе победат тие. Нема трето.
Не глaсaм зaтoa штo тoa е единствен пaтриoтски чин кoн уривaње нa oвие пoлитички елити и грaѓaнскиoт кoнцепт.
дваесет години сите квичат за некаква си трета страна што одма чим се појави, сите ќе ја гласаат... До сега се појавија еден куп трети страни...сите тие се покажаа како катастрофа и беа анектирани после или пред избори, од двете најголеми партии... Па така... не се залажувајте со трета опција...ни ја има ни ќе ја има...
Да ама сепак твоето не гласање не менува ништо. Ако има пожар, дали ќе одговориш со тоа дека нема да преземиш ништо и дека така автоматски правиш добро дело дека не си дотурил бензин на оганот, или ќе пробаш да го угасиш.
Зa кoгo дa глaсaм ? Зa oткaчени предaвници или зa кaк пaртијa кoјa ништo немa дa преземе дa гo зaштити мaкедoнскиoт нaрoд и културa, кoјa ќе прoдoлжи сo грaѓaнски пoлитики, не фaлa.
Ништо не се постигнува со не гласање, оти имаат и обете по 300 000 гласачи, погрешно размислување е пошто не ме рецкаат не му гласам, пак ќе си добијат тие. Има 3 решенија да се поправат работите. Или да се собериме сите од македонските форуми да се организираме и на денот на гласање да одиме на протести пред влада дека сме против оваа гарнитура Или за инает да гласаме за некоја трета партија, да ги елиминираме двете Или па да креираме наша нова партија на форумаши, па знаете ако се собериме од сите македонски форуми заедно колку моќни ќе бидиме, преголемо гласачко тело сме
Немаме избор за гласање според мене. Може државава да мрдне милиметар ама дека нешто wow ќе се деси со нашиве " матични" патрик не верувам веќе