1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Изборна афера ја тресе Вмро

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Lilit, 8 мај 2011.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.566
    Притисоци закани и ветувања. Со овие алатки владејачката партија се користи за да обезбеди што повеќе гласови за претстојните избори. На удар се вработените во училиштата, фондовите, министерствата, државните институции.

    Во видеото можете да ги слушнете скандалозните сведоштва за начинот на кој од штабот на ВМРО-ДПМНЕ се врши упад во изборниот процес кој вешто се менаџирал изминатите месеци.

    Ова се сведоштвата на раководителите и вработените во државните институции:

    „Како може да не гласаат. За нив се борам за медицинско оплодување. Имаат проблем со in vitro оплодувањето. Списокот за гласачи ако сакате ќе го проширам. Како раководител имав обврска да направам список од 30 луѓе“.

    „Списокот што го доставив гарантирам дека 1.000 проценти ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Како референт имав обврска да донесам листи од 15 луѓе. Тоа ми го наложи раководителот“.

    „Вработен сум во Фондот за здравство. Имав обврска да донесам 15 гласови“.

    „За работното место на ќерка ми требаше да донесам 15 гласови. Таа работи во училиштето „11 Октомври“.

    „Кога имаше локални избори истото го бараа“.

    Извор http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=137669
     
    На Ani.taa, enca.69, abeajde и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.805
    Допаѓања:
    65.525
    Пол:
    Женски
    Ова баш сега го слушам. Па, не верувам дека и од сдсм истово не го прават. Верувам дека од Сител ќе слушнеме за сдсм. И сигурно не е прв пат, а ни последен.
     
    На kate21, baguf4e и SanjaKirchner им се допаѓа ова.
  3. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    Гледам и слушам... Не можам да речам дека не ми се верува... зашто ми се верува...
    До кај стигнаа...
    Ќе јаде а1 јака тужба за лажно претставување... ама како и да е... Грујо вришти сеа!!!
     
  4. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Точен е принципот на собирање гласови со остварување на таргет за паричен процент.
    Таргет од реон од пример 30 луѓе, ги доставуваш на список 25, од нив гласаат 20, автоматски процентот е 20 од Х сума... итн.
    За локалните беше така. И ене, во Струга Мерко тепа. Не дека запишаните во таргетот се усреќија, ама тоа ти е, класична политика на мамење ум.

    А за дали било или не било... си имаат сите партии внатрешни недоразбирања. Од каде медиумот црпи информации е сосема небитно. Барем на денешно време тужби за тоа не летаат туку стигнуваат деманти од главна фаца на партија задолжена за микрофонско изјаснување. |(
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Ах да баш ги слушам на А1 сега.
    Али си знаев за ова уште пред недел/две за овие списоци од лица директно вмешани.
    И знам дека им се јавувале од агенции да прашаат за кој ќе гласаат. Божем агенциите го проверувале рејтингот на партијата, а тие всушност листаат список од лица кои молат за решение и лица кои не би сакале да останат без работа.

    Само овој прилог на А1 посебно што се јавува на лица и ги снима а притоа лажно се претставува e незаконски, така да вајда ќе сноси последици.
    И јас како виножитка ги очекувам утрешните вести на сител :)
     
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Истата работа беше и да се спаси СДСМ во оној период измеѓу двете ВМРО на ЉуБчо и Грујо, а пак тоа е стара стратегија, колку што и многупартискиов систем во земјава. Но, избори бре. Како ќе се пукаат. Само да имаа памет во главата за тоа што и прават на државата и едните и другите, пак и А1 и Сител. Ај, може милиони ќе добијат од ова, за пари се гине и продава се, секако.
     
  7. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Колку и да се точни овие изјави, сепак јас би сакала да прокоментирам за нискоста на А1 телевизија која на многу покварен начин дошла до овие изјави.

    Да напоменам, не сум партиски определена, ниту пак сум за некоја партија, но откога знам дека постои гласање, знам дека постојат и списоци со одреден број луѓе кои со сигурност ќе гласаат за соодветната партија. Ова не е новост, ова го прави секоја партија, колку да имаат сознание колку гласови ќе имаат.

    Не гледам јас елемент на присила, ако некој доброволно и јавно си се изјаснува за кого ќе гласа, па и никој неможе да те натера да гласаш за некој, зашто гласањето се одвива во тајност.

    Сите овие зад кулисни игри се резултат на препукувањата на кои сме сведоци изминативе месеци, нормално А1 мора да имаат адути во војнава па гледам очнале и детективи да си играат, а не се свесни дека на некој можат на тој начин да му го загрозат работното место.

    Па што ако гласаат, па нели партијата им помогнала, ги вработила и што има тука спорно ??
     
    На Cka и LightBlue им се допаѓа ова.
  8. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    може ке јаде а1 тужба ама вмро е во го*на до гуша :rofl: лелеле уште не ми се верува, сега вмро ако победи на изборите, никој неможе да ме убеди дека тоа било од гласачи кои искрено веруваат во груевски се е наместено. :x
     
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Одамна знам за ова знам еден куп луѓе кои за да останат на работа мора да достават листи со сигурни гласачи за ВМРО на изборите- знам под каков притисок се истите- ќе им кажат утре во ХХ часот донеси 20 луѓе пред тоа и тоа место место- ќе протестираме и тие мораат така да прават за да останат на работа :( :@ , ама за жал истото го прават и од СДСМ- имав случај кога на врата ми дојдоа од СДСМ да ме “потсетат“ да гласам за нив :@

    Ја би ги истребила сите- и ВМРО и СДСМ, сакам нова сила, сакам свежи идеи, ама кој ме слуша мене што сакам.
    Ова ни во времето на Сталин не било, такви тајни игри и заговори се случуваат во државата, а јас можам да ја правам само оваа фаца :x
     
    На Phyramide, LivingGlam, unique123 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Врати се Хитлер, све ти је опроштено. :wasntme:

    Настрви се на македончево, те предизвикува. ]:)
     
    На TeddyS и LilMissBossy им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.566
    Затоа за народ ко нашиот,диктатор и тешка рака,една железна завеса и толку,свет да не види.
    Душата кај ѓаволот под кирија.Гнасни сме значи.
     
    На RedWine му/ѝ се допаѓа ова.
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Па, нормално дека имаат списоци, ко што вели Јуник, пак кој ги прави мерењата на рејтинзите, за правењето стратегии, оценување на демократијата и што ти ја знам што, само наивен човек може да верува дека едните го прават другите не. И едната и другата партија си имаат свои институти за тоа, едната си е СДСМовска, Гордан Ѓеоргиев што го гледате по Тв што се слика сега беше во неа, другата е основана од претседателот Иванов, што сакате повеќе и тоа ова ви се само две :) а останатите, мислите независно формирани се?!?
     
    На unique123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Мајка ми има пријателка и на таа нејзина пријателка маж и е прв по штабовите. Ја тераа мајка ми да извади вмровска книшка за да ја вработат и и го переа мозокот . Ова се случуваше пред месец/два можеби. Па јас и сестра ми ја седнавме и и отчитавме лекција зашто мајка ми многу не се разбира па така ја освестивме.
     
  14. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    ...и еве го господинот латас на сител, препотен, без онаа ироничната насмевка на неговото лиценце, пробува да го извади другар му грујо од калта. Е баш ме интерисира утре какво препукување ке има.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.566
    Се си е кажано...
    На здравје шишање и кратко подстрижување!
    Не е ново,ама ново е новинар вака фино да го спакува и изнесе.
    А бабено,за вмро сме ние,за вмро!
    Не гласам!Ајт!
     
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Читам и неможам да поверувам. Па зар има и такви кои го оправдуваат ова?!? Власта врши очигледен притисок на лицата вработени во државната администрација, кој никако не може да се докаже. Еве конечно на каков сака начин(низок, подол ма како сакате кажете) А1 докажа дека има притисок и уцени. И уште пишувате за нискоста на А1?!? А она што го прави владата и тие раководители и директори врз своите вработени не е ниско?!? Па тоа е противзаконско бе луѓе. Да ти се заканува некој дека ќе те избрка од работа ако не обезбедиш 15 сигурни гласачи?!?
    Едно е да агитираш, а нешто сосема друго е да вршиш притисок врз некого и да го уценуваш дека ќе го избркаш од работа ако не гласа за тебе. И не мешајте обична агитација, која е дозволена, со притисоци и уцени од страна на директори и раководители врз своите вработени, што е тотално незаконски. Да, списоци се правеле и ќе се прават, ама на тие списоци треба да стојат луѓе кои доброволно ја изјавиле својата волја да гласаат за одредена политичка партија. Е тука е разликата!
    Најискрено ми се повраќа веќе од вакви работи, од која и да е партија да се направени.
    Колку за илустрација, еве ви членови од Кривичниот законик на Р.Македонија, па баш да видиме дали некој ќе сноси одговорност.

    Повреда на слободата на определување на избирачите
    Член 160
    (1) Тој што со употреба на сила, сериозна закана, измама или на друг начин ќе спречи или друг ќе присили да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со затвор најмалку 3 години.
    (2) Ако делото од став 1 го стори член на изборен орган или друго службено лице во вршењето на службата во врска со изборите или гласањето, ќе се казни со затвор од најмалку пет години.
     
    На Theodora, Sweety-Tweety, mamence и 10 други им се допаѓа ова.
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Aбе сите сме ниски, злобни, подли, никакви- затоа сме овде каде што сме.
    Тоа е.

    И во странство да одиш сите ќе ти помогнат, само Македонец, не.

    Едноставно за никаде сме, уште од најстарите војни, од секогаш- предавниците биле од наш ред.
    Се продаваме за ситна пара, од секогаш било така :swear:
     
    На Phyramide, nena2010, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.637
    Нека ги избркаат кога си го дале гзот под кирија.
    Си знаат тие како се вработиле и под кои услови.
    Што не ме избркаат мене????
     
    На peperutkaa и happynessss им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.566
    Врска немате,ние сме ти Антички Македонци.
    И на Аце војската била поткупувана со масовни женачки.Ит ис ол абаут секс енд ваџајнас,ама како ќе го сфатиш.Све ти е тоа метафора.

    Не ми е јасно како може сите до еден да сме гниди и безрбетници,глупаци и утре да се удараме у гради кога некој не меси,не мачка,не толчи.

    Ако,браво за новинарките кои патем истите ме извадија од такт деновиве со работникот кој загина,ама на друга тема тоа.Ова е новинарство какво што се бара,а не известување на цветањето на љубичиците коe сите го гледаме!

    Него повеќе ми оди да заплачам кога другине се поелегантни во лоповските потези,а трети нема.
     
    На lolyta777, rossonerka, Offspring и 2 други им се допаѓа ова.
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Епа тоа е најтрагичното- што би рекле Охриѓани- никаквата е :doh:
    Немаме трета опција

    А тоа што го кажа Сањаева мислам дека беше зошто не ја бркаат- абе тоа не треба да ни е гордост, еве и моиве не ги бркаат, одамна се вработени не по партиска линија, ама не треба да си гледаме само за себе кога целото општество ни е заразено со тежок тумор од кој нема спас, цело време државата функионира вештачки, со цитостатици, а со овој прилог се потврдија сите муабети дека во државава има тешка диктатура :x
    Како што кажав таквите на времето ги носеле низ Сибир, таму да работат во логори ако се против Сталин- ама денес во оваа капиталистичко време не те носат во логор, ќе ти ја уништат цела фамилија и сам ќе си умреш од немање услови за живот.

    Затоа не сакам да сум член на ниедна партија, нити пак да се вработам партиски- тоа ти е како да си склучил пакт со ѓаволот, после нема јас- има партијата- има уцени, притисок, закани.

    Жалосно, само тоа имам да кажам.
     
    На LivingGlam, julie77, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.