1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Изборна афера ја тресе Вмро

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Lilit, 8 мај 2011.

  1. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Најправин морам да нагласам дека фамилијарно не сме партиски определени и моментално сме најголема мета на ВМРО скоро секој ден ни иди по некој пријател и не моли да не стави кај него во список што од штабот им е дадено да убедат неколку партиски неопределени за да гласаат за ВМРО па така да верувам во прилогот на А1, па и со оглед на тоа што гледам што се случува низ градов штабоите работат 24/7 смешно
     
  2. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Гордост е затоа што кога конкурирав за работа не приложив партиска книшка, туку диплома за соодветно образование.

    Кога ќе видам дека девојки работат по продавничиња,тезги,игротеки (и уште за да не ги пријават носат беџ со натпис - обука) и тоа со завршено високо образование, а во буџетарскиве фирми се мамини и татини раскомотени си седат, а во фиока им стои партиската диплома...треба ли да се секирам ако им дадат црвен картон?

    Ја сватив твојата поента... се согласувам.
    Трула е нашава државичка.
     
    На Phyramide, happynessss, UbavkaBube и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Tinker-Bell

    Tinker-Bell Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    Абе ајде,луѓе на месечината се качија, плацови купуваат таму, а кај нас уште избирачки списоци се местат! Тоа ти е,македонска работа.

    Гледам прееска и не можам да поверувам. Примитивизам и од едната и од другата страна. А овие од А1 сто посто нема така лесно да си поминат, ќе јадат тужба
     
  4. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Ако може да помислиме дека изборите се наместени ако победи Грујо, зошто да не постои и варијанта дека А1 го наместила прилогот???
    И мене да ме вработат на убава позиција, и јас би носела гласачи не 20 туку 40 и нема ни А да кажам. Секој тоа би го направил.
    Кога седат дома, кукаат немаат работа, кога ке ги вработи партијата кукаат зошто гласачи да носеле...???
    Епа нема ништо за џабе на денешно време, дали биле едните или другите на власт.
    Такви се правилата на кој му се игра нека игра, кој не нека седи на страна и нека гледа.
    За жал или среќа, тоа е реалноста. Секој си гледа за себе. Секој на свој начин се бори за опстанок.
     
    На zhap4e и sanjaeva им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.595
    Во секој случај, се е подобро од - живи луѓе има да јадеме!!!
    а1 не можат да ме увеат дека од другата страна не зборуваше некој нивни колега. Сепак лажно претставување е кривично дело. Една моја другарка тужеа за лано претставување и типот заврши на суд со големи казни. Се јавил дома кај неа и и кажал дека ќерка им паднала од 3ти спрат и починала, да дојдат во болница да ја земат. Родителите двајцата во несвест. Го најдоа и тужеа. Основот - лажно претставување.
    Јас знам пред неколку години една другарка од сдсм имаше обврска да најде 5мина кои ќе гласаат, бидејќи го вработиле татко и. Сите од дома по 5 требало да најдата, нели оти сите имаат различни познанства. На денот на изборите уште во 8 ме разбуди за да гласам. Јас ја откачив, продолжив да спијам. По 2 саата, се уште фина, пак ми се јави. Реков не можам сеа, попосле. Кај 3 пак ми се јави. Кај 5 видно возбудена беше пред врата,,за да ми правела друштво’’, и дојде од другата страна на градот. Вика те молам гласај, оти татко ми ќе лета. Многу ме беше жал. Гласав за тој што требаше, а не за тој што ме убедуваше. Татко и, иако дојде ВМРО на власт, не беше ниту избркан, ниту жив изеден. Сеуште никој не ми рекол од ВМРО да ме пише на листа за да гласам, иако сите знаат дека ќе гласам за ВМРО. Ја знаат и причината - кога сдсм беа на власт, двајцата мои родители со 3 деца во основно беа избркани од работа. Со години јадев леб месен и коцка маргарин. Позајмувавме од секаде. Сега моите се земјоделци со огромни субвенции. Имаме што да јадеме. И да гласам сдсм да дојдат на власт??????
    Знам они колку пари дадоа на земјоделието. Истиот ден кога В Димов ги даруваше министерките со бисери, јас немав пари да отидам до факс за испит да полагам.
     
    На happynessss, slobodka, baby.90 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    23.988
    Ова трае неколку месеци веќе. И не бараат само име и презиме, бараат матичен број (гласачко место) од потенцијалниот гласач.

    Знам и за случаи кадешто луѓе имаат одбиено да достават списоци и им е кажано дека тоа ќе ги чини работно место. Само добро е што сега излезе на виделина.

    Ама си знаеле што се треба да наперават кога се согласиле да лижат гз на Водачот, нека не се бунат многу сега :)
     
  7. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.092
    Допаѓања:
    6.829
    Пол:
    Женски
    Чекај,многу ме интерсира дали вие мислете дека сите што се зачлениле во некоја партија за да најдат работа тогаш се газолижачи...Добро,ондак мајка ми е газолижач.Еве си кажувам овде искрено,не ме познаваат многу луѓе...
    Мајка ми е зачленета во партија,се имам искажано зошто и како досега во некои теми претходно.И се гордеам со неа и не ми претставува проблем да кажам дека е зачленета и работи напорно да си го задржи работното место (кое ако денес не постоеше ќе немавме дома за леб).
    Не,мајка ми не ја сметам за газолижач бидејќи мора да обезбеди список за да си го задржи работното место,ја сметам за храбра бидејќи воопшто прифаќа такви услови и кампањи за да си го прехрани семејството.
    Што мислите,вакви списоци само ВМРО доставува?Хаха...Тоа можат да го кажат само а1,а вие слепо верувајте.Сите партии доставуваат вакви списоци и тоа е фактот што а1 не сака да го признае.
    Мајка ми ако не се зачленеше досега во партија немаше шанси да најде работа иако има диплома од факултет,теоретски шанси немаше да најде!
    Изборна афера само од ВМРО?Другите се невини душички што чекаат гласови само со лажење,без списоци и без ништо?Мало морген...
     
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Багуфче напразно се нервираш, оваквите афери се раскриваа на сите досегашни избори, само што овој пат викнаа некој да по телефон им прераскаже и му додадоа убаво сценарио за да добие на тежина. Си имаат а1 корист од тоа да победат СДСМ, в крајна сметка си имаат свои новинари во трка заедно со опозицијата. Штета, огромна штета што немаме трета опција во државава.
    А, ти ќе си гласаш како тебе ти е интересот. Бидејќи секој кога гласа по тоа се води, да не се лажеме. Секој си се надева на нешто ако дојдат од другата партија. Јас секако нема да добијам ништо, татко ми никој не го има притиснато да гласа за некого, мајка ми и брат ми ич, немам интерес да бидам член на ВМРО бидејќи не знам кинески за да се вработам во МНР, пошто тоа беше условот за мене кога им тропнав на врата :), а СДСМ, оф не благодарам, во никој случај, доволно зло и нанесоа на државава тие, имаа ехе доволно време. Кога цела нивна стара постава ќе исчезне, ќе го снема тоа старо политичко дувло, сосе идеологијата, е тогаш ќе размислам.
     
    На TeddyGrey, baguf4e и maja8 им се допаѓа ова.
  9. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    хахахахах Ристичева и ТАТ хахахах, па Мајо мори во право си се луѓето, коа ќе видиш се е изградено од тоа време кога и Ристичевата палата, све си е нивно овие можат со споменици и зградите преку Вардар да се фалат хахахаха

    Па ене понудија они едно решение МИНИМАЛНА ПЛАТА НЕ ПОМАЛА ОД 9 ИЛЈАДИ. Денови претходно Синдикатот бара не помала од 160 евра, Грујо вели на тоа ќе се седне со нив ќе се дискутира во врска со нивните барања, од СДСМ хахаха 9 илјади :). Комедии се секако. Од врата до врата стратегијата, партијата да се меша помеѓу народот де ја измислија вмро. На минатите предвремени избори ја практикуваа и СДСМ, пред тоа плукаа за тоа. Ама ај, комедии ми се мене секако и едниве и другите. Срамота ми е бре вакви партии да ни ја водат државата. Се од зелен по зелен. Тоа им е заедничко бе.

    ЕДИТ: хахаха кампањата на Заев ќе е баш тоа, стратегија за лапни-голтни човеци
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски

    Не се луди сдсм да го објават ова бре луѓе ако пишува дека е нивно :lol: :lol: гарант ова е изработено од вмро за да покажат дека сдсм ништо не направиле :lol: :lol: се препукуваат :D
     
  12. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Да де па тоа е финтата, хахах вмро го направиле да ги зафркаваат овие, хахаха абе фатиш се и сдсм и вмро набуташ у кантите на коце ахахха ваљда ќе има доволно, ако не ќе приземиме уште :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    На западу ништа ново. Да сум шокирана од веста, не сум. Ова е старо и познато како гаќине понеделник, вторник, среда...недела.

    Мене ме чуди една работа. Зошто како аргумент да се користи - ама и тие другите го правеа истото?! Зошто? Зарем тоа ги прави првите помалку лоши или да речам понеисправни?
    Не.
    Работава е Биле крадела јаболки. И јас сум крадела јаболки. Мене ме кара учителката и јас и велам, амаааа и Биле го правеше истото. И што сега?! Јас чиста, оп цуп, истресов раце и се е демек ок? А јаболките што се украдени од Столе кој едвај чекал да заработи по некое париче на пазар продавајќи ги, тоа никого повеќе не го интересира?!

    Тоа ужасно ме нервира кај нас, што цела една деценија и кусур, откако политички сцената се подели на едните или другите, никој ништо не прави туку само се препира - овие направија ова, оние истото. Или обратно! И никој нема ни воља да ги клоцне у г’з едните или другите за да сфатат дека е потребно нешто трето.
    Замислава ми е утопија ама само револуција ја спасува Македонија. Или Хитлер да воскресне, евентуално.

    А жал ми е што државичето ни е во толку бедна состојба, што се додека има мнозинство на луѓе кои буквално молат за сув леб, до тогаш ќе биде лесна манипулацијата со нив. Искрено не се ни чудам на принципов - гласај зошто ако не гласаш, ќе изгубиш работа.
    Можеби оние кои работат во приватен сектор не ни можат да го почуствуваат тој притисок од владата, но за жал голем е бројот на оние кои во име на сопственото добро, го натртија г’зот. Кога немаш што да јадеш, не ни можеш да имаш сопствено јас.
    А хероите умреа одамна. За жал :|
     
    На Strumfeta93, DivineChaos, lolyta777 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Прочитав некој напишал дека новинарките од А1 можеле да одговараат за лажно претставување. Епа неможат. Еве ви го членот за лажно претставување

    Лажно претставување
    Член 391
    (1) Тој што со намера за себе или за друг да прибави корист или на друг да му стори штета, лажно се претставува како службено или воено лице или неовластено носи знаци на службено или воено лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.
    (2) Со казната од став 1 ќе се казни и тој што ќе изврши дејствие што е овластено да ги изврши само определено службено или воено лице.

    Услов за да постои ова кривично дело е извршителот да се претставува како службено или воено лице. А еве според законот кои лица се сметаат за службении воени лица

    Под поимот воено лице се сметаат: воени старешини-офицери и подофицери, професионални војници, војници на служење на воениот рок, питомци на Воената академија, лица на стручно оспособување и усовршување за офицери и подофицери, воени обврзници во резервниот состав на Армијата на Република Македонија додека се повикани да извршуваат права и должности од областа на одбраната во врска со извршување на воената обврска и цивилни лица на служба во Армијата на Република Македонија.

    Како службено лице, кога тоа е означено како сторител на кривично дело се смета:
    а) претседателот на Република Македонија, поставените амбасадори и други претставници на Република Македонија во странство и именувани лица од претседателот на Република Македонија, избран или именуван функционер во и од Собранието на Република Македонија, во Владата на Република Македонија, во органите на државната управа, во судовите, Јавното обвинителство, Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавните обвинители на Република Македонија и други органи и организации што вршат определени стручни, управни и други работи во рамките на правата и должностите на Републиката, во единиците на локалната самоуправа, како и лица кои постојано или повремено вршат службена должност во овие органи и организаци.
    Политичките партии не се спомнати никаде :)
    Ех бре луѓе, па ова е сигурно претходно анализирано, па излегле новинарите. Сигурно не би се истрчале, ако знаат дека за тоа можат да одговараат. А плус тоа и во демантот на ВМРО не спомнаа дека ќе ги тужат новинарите, што значи дека нема основ за тужба :)
     
    На Ashling, Phyramide, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Ljubovnica

    Ljubovnica Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    18
    Згрозена сум што ни се случува , ова дно дна, ова е продавање на демократија , одземање право на глас со уцена, па ова е катастрофа , каде ли живееме , ние се прашувам јас. И ке има ли нешто што ке ја сопре оваа тиранија и уцена на народот. И после ке речат монтирано било , а и министерот изјавата што ја даде да не беше монтирана?
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Ова воопшто не е чудно, уште колку луѓе ќе заплашат ќе присилат... ама расте бројот и на оние кои полека се освестуваат и се се понезадоволни, а на А1 ништо не им можат, тоа ти се вика Истражувачко Новинарство.
     
  17. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Незнам како не сфакате никој никого не уценува, се си е мило за драго.
    Ако мене денес дојдат од ВМРО на врата и ми понудат топ работно место под услов да донесам 20 гласачи секако дека би прифатила, како и секој останат на форумов.
    Они ти кажуваат услови ако ти одговара земи и бегај, ако не седи си дома и кукај за работа.
    Сите што се вработени преку која било партија си го знаат ова дека треба да придонесат на некаков начин за партијата, нема што сега да се жалат и да кукаат.
    Што не кукаат кога на први им стига платичка на сметка???
    Нека бидат среќни што си имаат работа и нека си ќутат поарно ке им биде, отколку да плукаат по некој што им овозможил убав живот.
    У превод ем шуто ем боде ...
     
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    23.988
    А добро, како не сфаќате дека ова не е правилно без разлика кој е на власт и дека заради вакви работи државата оди се поназад и поназад?
    Кога сите би се вработувале според квалификации, никој што е квалификуван не би седел дома. И никој не би зависел од милоста на некој партиски раководител да го вработи...
     
    На mamence, LivingGlam и Phyramide им се допаѓа ова.
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Епа не е баш така. Пример мене ќе ме стават директор, логично е јас и моето семејство да гласаме за нив зошто нели ме ставиле директор. Во тој случај јас и моето семејство гласаме по своја волја. Ама да ме тераат јас да уценувам вработени кои што работат во институцијата каде што јас сум директор, да излезат да гласаат или ќе летаат од работа е и те каков притисок и уцена. Не е овде проблемот за тие што земале работно место од партијата. Тие секако ќе гласаат за таа партија. Проблемот е за другите неопределени вработени кои мораат да гласаат зошто директорот така им наложил, а на директорот му наложила партијата.
    И стварно не ве сфаќам како можете да оправдувате вакво нешто. Ако ова е добро и законско, зошто постои како кривично дело во законот?!? Ај ако не да земам јас еден пиштол утре и да одам да ги терам луѓето да гасаат за мене, зошто во спротивно ќе ги повредам. Исто му доаѓа.
    Само за жал, пак ќе речам, на овој народ малку му е. Партиите им ги испраа умовите на луѓето, па сами себе си се газат, само да ја одбранат партијата.
     
    На mamence и Phyramide им се допаѓа ова.
  20. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    А може да изрежиаат и да направат една кампања со наслов "Што се и како да се постигнат Демократски и ФЕР избори" :D