Државава наша, не да оди наназад, нас и на клоци да сакаат да не внесат во ЕУ, нема да можат, задниците ни тежат повеќе од нашите афери, што од едните, што од другите, бидејќи Европа не не оценува според тоа, од ВМРО сме пак ајде ги броиме само прекршоците на СДСМ или од СДСМ сме пак ајде на вморо-вциве, него општа е оценката и за едниве и за другиве и за медиумите, дал бил Сител, дал бил А1 или некоја си малечка телевизиичка што емитува емисии од терпезаријата на газдата. Та ние ќе им ја замиришеме нивната Европа, со нашиве смрдливи чорапи и задници и повеќе одошто самите тие си смрдкаат едни на други . А, тие пустите, не да се трудат да не стават в колосек, ама е, се’ си се поместуваме од шините ко мали деца, си се заигруваме, бидејќи битно е кој ќе владее, не е прашање да се оправи државата и конечно да се договорат до тогаш и тогаш имаме џентлменски договор драги мои и со заеднички сили работиме на агендава, него битно е или едните или другите да соберат поени, безпарица е криза. Па една Бугарија успеа таков договор да има дур да влезе во ЕУ, една Бугарија еј, кај што се пукаа на среде улица, во време кога ние уште немавме по дома пиштоли. И место да си сфатиме дека од таму дури не залажуваат со нивните лижалчиња, демек добри сме си ние во реформите, во остварувањата на ЕУ критериумите, пак си ги гледаме министриве и Грујо, како ликуваат дур се сликаат, а си знаеме нема ни „в“ од вистина и наместо конечно да направиме тоа што како зрела држава, зрели политичари со години политичка кариера начукана в задник треба, ние си мрсиме да не речам што едни на други. Проблемот е што, ај што избори воопшто не требаше да се случат, пак за да се случат, такви скандали,, таква фарса направија и едниве и другиве, што не е вистина. Сега пред избори, кога веќе се изподоговорија дамиве дека ќе се случат, а до пред тоа се моликаа, се џафкаа од сите страни, кој што не исполнил, се случуваат уште поголеми ујдурми, а пак не ми се ни помислува на самиот ден, што ќе се случи, кога и браќава ќе си се фатат за нивната стандард камај-камај стратегија за победа, пак нашиве пост-изборно, кога ќе удрат на цмили-мили, кога ќе заофкаат од сите страни, АМАНТЕ ми иде митинзи пред амбасадиве да организирам, за да не прогласат за протекторат и да им речам дај земете не под закрила, од нас луѓе не бидува, држава уште помалку.
Секако дека и јас сум за тоа да се вработуваат лугето според квалификациите а не според тоа каква книшка имаат. Најголем противник сум за такво вработување, зошто јас знам дека повеке знам и умеам од некој кој поjма си нема од животот ама ете има книшка партиска, па јас ке си седам дома, а тој ке дреме у канцеларија и ке си зима плата. Едноставно се помирив со фактот дека ако сакаш да опстанеш и успееш во оваа држава треба да бидеш член и поддржуваш на една од партиите со која имаш исти мислења и ставови. Затоа и се ова ми е премногу ок, неможе никој на никого да врши притисок, може само да ти каже, а у ствари од каде ке знаат јас за кого ке гласам??? Сигурно нема да пратат некој до мене да стои и да ѕирка, дали ке заокружам лав или ружа. Нема да ми се потрошат зборовите ако кажам важи нема проблем и фино лепо да му се насмеам на тој што ке дојде да ми каже за кого да гласам. Поентата ми беше, ако си влегол преку партија и ти направила таа партија услуга, кога тогаш ке ти побара да вратиш со услуга. Секој кога бара услуга од одредена партија си го знае ова уште пред да стапне таму. Ме нервира тоа што молеле за работа а сега се жалат дека требало гласачи да носат! Тоа ми е целата поента, фала многу
За жал такви се работите кај нас, секој влегува во политичка партија чисто само за корист, без да размисли дека политичкото убедување е идеологија, премногу е све завладеано од политиката, во сите сфери и затоа луѓето бараат помош и гледаат иднина само преку политичка партија, кога би имале избор за да се вработат според струката или желбата без помош на политички партии сигурно не би се замарале кој за кого ќе гласа или на кого е член, тогаш ќе се цени образованието, сручноста и амбициозноста на поединецот, но кај нас све е тоа отидено во еден крив правец од кој тешко дека има излез
Јас спаѓам во луѓето кои немаат исти мислења и ставови со една конкретна политичка партија од почетокот на остварувањето на правото за гласање до сега и не сум единствена. Причината што не сум член на една конкретна партија е што не би успеала ако гледам огромна неправда пред очи да речам послушно „Амин„ бидејќи тоа е она што партискиот дух во мене треба слепо да го направи без отстапување. И нека звучи колку сака утопистички не ми треба успех по секоја цена и постои нешто што за мене е подрагоцено од било која фотелја тоа е правото да одлучувам размислувајќи со својата сопствена глава без некој да ми сервира предјадење, главно јадење и десерт кои не се мој избор. Човекот кој има душевен мир бидејќи не ја погазил сопствената гордост за мене е над оној кој бескрупулозно гази се‘ пред себе на патот кон успехот. Сиромашни сме, ама барем да не се продаваме евтино и да веруваме во палп-фикшн (евтини списанија од почетокот на минатиот век полни со насилство и др.видови аморалност). Ако партијата те вработила најдобро ќе и се оддолжиш со чесно работење на работната позиција која ти е доделена, а за реципроцитетот на возвраќањето услуги не треба да важи правилото по секоја цена и без право на избор. Што ако побараното е нелегална активност или сериозно загрозува нечиј опстанок?! Во однос на аферава дадов свое размислување на друга тема дека не сум изненадена, само сум дополнително зафатена од апатија и гнев што сум во позиција од две зла да бирам кое е помалото, а сепак исходот е лош.
Јавна тајна. Не верувам дека некој не го знаеше ова, само што сега се најде некој да го изнесе јавно. Но работата е што не го прави ова само Вмро. Ќе има последици за а1, работава нема да остане само на ова
Ако бевме нормална држава се знаеше кој ќе сноси последици, а А1 се супер Тоа ти е истражувачкото новинарство.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=137743 Шврговски формира предмет за изборната афера Коментари (0) 10.05.2011 15:16 Изборната афера што ја тресе ВМРО-ДПМНЕ, влезе во правна процедура. Државниот обвинител Љупчо Шврговски информира дека по допрен глас од јавноста, обвинителството формирало предмет против непознат сторител, а во врска со објавениот прилог на А1 Телевизија, во кој се сугерира дека е сторено кривично дело повреда на слободата на определување на избирачите, предвидено во Член 160, Став 1 од Кривичниот законик. Шврговски најави дека од А1 Телевизија ќе ги побара објавените списоци и снимените разговори, за обвинителството по нивното анализирање, да преземе истражни дејствија. Да ги побара изјави од лицата, а воедно и да ја провери веродостојноста на емитуваниот материјал. По спроведувањето на оваа процедура, рече Шврговски, јавноста ќе биде информирана дали ќе биде поведена кривична постапка против конкретно лице за наведеното кривично дело, за кое е предвидена казна затвор до три години.
Освен медиумската возбуда во јавноста, и сеирџискиот и вознемирувачки ефект кај нас обичните и непартиски граѓани, не веврувам дека кој знае што друго ќе се случи во Македонија. Мислам дека голем дел од нас знаеше дека и оваа и онаа власт вршат притисок врз јавната администрација да гласа за „нашата“ партија, ама овие сега ептен го претераа и со притисокот и со бруталноста и со стравот. Јадните македонски граѓани. Сепак добро е што некои институции ќе реагираат, што јавноста ќе се вознемири ... ако се уште останаа политички чувства во нас. За жал, станавме немоќна јавност, која може само да се згрозува од постапките на политичките елити, но без моќ нешто да промени.
Аи контра-банда го враќа ударот со слични документи,ама овие замислете ќе ги предадат у МВР! Некако не сум изненадена! И да,еден куп решенија по министерствата се исподелени!Еден куп!Сите тие алчни гзиња да си го изедат!Имбецили!
Ехе избори ли се избори, аргатски наши големи. И пријави за новинари ќе фрчеле цццц а ги немаше пред тоа, сега кога се крена Шврго сега ќе фрчат, пред тоа шутираше Грујо топка, два дена спиеше на увце, мислеше ај ќе помине нечујно, незнајно. Оф. Аман
Добро,што мислите,која е веројатноста да летаат откази по администрацијава за вмро-овчињата ако победат сините?! Не сакам да сум злобна,не сакам леб од уста на некого да земам,ама искрено,згадено ми е затоа што токму тие истите мислеле само за свој задник и ничиј друг.Не се секирај сине,ти само дипломирај,тато книшка ќе ти извади и ќе те вработи,а ти и сакат и благо ретардиран и ќе му го јадеш лебот на останатиот народ без книшка што е.А башка е тоа што други штети се прават,не само за државниот сектор,туку и приватниот со овие вработувања.
Е добро де, ќе дојдат сдсм, ќе ги избркаат овие, ќе си ги наместат нивните, ќе се сменат партиските книшки и? Што сме добиле? Се сменило нешто на подобро? Бакрачи, ете тоа.
Живееле и преживувале со паричките намлатени за време на нивниот мандат и тргнати за црните години настрана. Тие што немаат никаква книшка, тие ќе си патат секогаш...
Сјаши Мурто да узјаши Курто, така некако би дошло, или поперверзно а многу реално : Спојлер исти ку*ац во два примероци Ама затоа народ со ваква младина , не треба да се грижи за својата судбина... е друже, штета што не сум живеела во тоа време и штета што Маркс мрчел, ама никој не го сфаќал сериозно, Капитал треба да е задолжителна лектира во средно И се така, у будуче па надаље, хрррр, се чувствувам како хрчаче во терариум .
Абе сеа,на буџет не можеш да млатиш пари,освен ако не си премиер.Овие се бедни ептен,за 18 000 цела нација ќе си ја шитне,а после ти се удара у груди,ИМЕТО НЕ ГО ДАВАМЕ!!! Стискале палци да се смени власта,да се сврти тркалцето.Знам еден куп сдсм-овчиња шо добија лани откази од фирми(ад со учество на државата) и министерства во кои беа примени за стално и на нивно место,дојдоа вмро-овчиња! Животот е круг,оди после речи дека не е! И сите се Овчињааа....и така.
Епа, проблемот е што оние што страдаат се обични чиновничиња за жал, кои што од плата до плата сепак живееле, и немале што да тргаат на страна. А, сега фала богу ВМРо така им помогнаа со новиот закон да можат кога сакаат да џитнат некој на улица не ко порано, така што да не речам ама сами си го натртија задникот. А, меѓу таквите за жал има и луѓе без членски книшки, кои секако ќе настрадаат поради самиот факт што биле да речеме вработени во време на ВМРо и опстојале цело владеење на ВМРО, пошто нели шпиони. Дека ќе има исфрлање ќе има. Истото го имало при секоја смена на власта и тоа ќе си остане секогаш, некои ќе летаат некои ќе останат само на пониски позиции, а некои и по затвори ќе си седат со Велија барабар. Но јас сините ама како не сакам да дојдат. Би јас да паднат овие, ама синини, оф синине посинени.. мислам државава доволно им понуди на ними и нивните прегладнети устиња, та во тоа време дури и многу повеќе имаа што да кркаат. Сега што?!? да докрајчат и тоа што остана не р’чнато од нив и од овие.
Недостига MScorpionka на темава.. Јас немам некој став,зошто незнам која партија да ја бранам. Само ќе кажам дека со ова што го обелоденија можат само да збираат партиски поени кај некој си странец што во наредниов период ќе земе македонско државјанство. СДСМ-овецот ќе си остане за СДСМ, дури тие имаат корист од него или тој од нив. Истот важи и за ВМРО-вецот. Кај мене ниту едните ме убедиле со нешто за да гласам за нив, ниту другите. *освен пишав на темата,ако ми е потребна оценка! Јбг подобро оценка со гласање,отколку со blowjob. Ама кај ВМРО очигледно е "неко меџу нама није наш"
Е, де и главно се оние, сакам ваму сакам таму,биле во СДСМ, па беа во ВМРО, па беа во Народна па се вратија во ВМРО . Баш тие. цццц според мене де, онака познавајќи приликите и неприликите меѓу губренцата, пардон луѓенцата, продадени задничиња. Штета само за нас. Ко што веќе реков погоре. Но тоа е. Овци сме нек не стрижат бе. Зш да не.