1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Изборна афера ја тресе Вмро

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Lilit, 8 мај 2011.

  1. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Истово го прават од двете партии, работава е СДСМ ја чекаат секоја грешка на ВМРО да ја обелоденат пред ВМРО да каже нешто за нив. Во секој случај не убава работа ама ете така е во политиката. Само не сфаќам зошто толку луѓево се траскаат од земја по партииве, и добро по телефон кај се кажува се посебно такви информации па и претседателот да ми се јави, што има да знае што правам за да го зачувам работното место. ццц. најубаво до избори исклучен телефонот и раат
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Добро луѓе, значи сега случајно пуштив Вести на МТВ и како да живеам во друга држава- премиерот кажува за убавината да си има легален кров над глава, пуштени субвенциите за тутунарите, одобрени средства или не знам што за истражувачки работи- абе милина :swear: :x

    А се надевам дека тоа со откриената афера со изборни списоци и кај СДСМ беше шега, оти да не е ќе биде траги- комично сценарио од ВМРО- не дека и тие немаат листи, ама нивното откривање 3 дена после оние од ВМРО е патетично.

    Овде само Чак Норис може да помогне, или и тој се откажа :@ ?
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Досегашните прочитани мислења и начин на размислување, ми се чини одредени феминки да се на државни функции, се ќе биде розево и цветно :lol: стварно
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
  5. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    што не им текна до сега да го изнесат ова туку баш одкога а1 ја откри нивната беља. Јас лично не верувам веке во никој преку глава ми е од сите ај нека поминат избориве и у пм со се |(
     
  6. happynessss

    happynessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    18
    Во други држави гласови се освојуваат со издржана програма и со покажани претходни резултати на политичарите, мислам дека само кај нас го има ова, безразлика дали се леви или десни, веќе претераа, незнам како луѓево сеуште им веруваат и имаат надеж, све ова не е нормално
     
  7. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636

    Само лоповот се плаши дека ќе биде ограбен.


    а1??? оние со блокираната сметка??? оние чиј сопственик е во притвор??? :x
     
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Пошто им било глупо да го изнесуваат, бидејќи си е јавна тајна помеѓу политичките партии, само заради тоа. Не мислеле дека поради тоа што се нема стратегија за да се добијат избори некој ќе почне прљавиот веш од политиката да го вади, а кој си го облекуваат и едните и другите секои избори.
    Си имаат они премолчани вакви глупости и едните и другите и до сега не се дискутирани просто во јавноста, само можда рчнати тук-таму некогаш, ниту една партија не излегла да обвинува, бидејќи им било во интерес тоа да остане така. но проблемот е што сега се нема со што да се борат, нема што да ветуваат и едните и другите. Прашањата се тие, име ќе се мења или нема, економија ќе бидне нема да бидне, социјала, ќе се подигне ниво на стандард, ќе одговорат позитивно на барање минимум 160 евра плата од синдикатот, ќе ги решат проблемите во здравството со недостиг на кадар, со недостиг на апарати, лекови, недостиг на финансии за да се решат проблемите. Секогаш е подобро да градиш стратегија да добиеш избори на база пукај на едниве што глупости направиле, овие на другите, место да кажеш е овие горе прашањава, бидејќи тоа е тоа што нас не занима, ама прочитај во сите мислења дали воопшто и ќе налеташ на такво нешто, од некоја форумџика да го начнала прашањето, зашто ни едните ни другите немаат конкретно што ќе направат. нема и нема да има затоа што афери вадење, ти е стара пракса за мачкање очи на народ, манипулација, с*ксација малку и народ заборава што го занима всушност. Оди гласа според некои си глупости, а овие вршеле притисок, а сдсм ова направиле. Така ќе ги замајат само оние неопределените, а ги има доста ако сте прочитале некои од мерењата :) борбата е за нив, затоа се глупостите, партиски определените се определени и работат во име на партијата, со исклучок на оние за кои им е познато пример на вмро дека ќе одлетаат кај ЉуБчо или кај брат Љубе... итн. Ајде да не објаснувам, бидејќи најмалку се потребни моите анализи :). Сепак не сум експерт, пак и не сум од политичка партија, та да анализирам, обично од некоја треба да сум за да анализирам :).
     
  9. princesssss

    princesssss Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    5
    Ова не е афера, ова е се вистина, за жал, точно е дека и на локалните избори истото се случуваше, а од сдсм досега се немам сретнато со ваква ситуација, а познавам многу луѓе кои се жртви на оваа стратегија на вмро, како и да е од сите овие членови, ни една четвртина нема да гласаат за вмро. Толку се прости што не знаат дека АКО ИМАМ ПАРТИСКА КНИШКА, НЕ СУМ ОБВРЗАНА ДА ГЛАСАМ СПОРЕД МОЕТО ЧЛЕНСТВО!!!а ако сепак постојат притисоци и закани, дури и на времето и местото на гласање, се можеме да снимиме и да пратиме во ЕУ!!! Сепак сме ние кандидати за во ЕУ и тие можат да ни помогнат на нас, македонските граѓани, затоа луѓе не се плашете, излезете на избори и кажете го она што вие го мислите, а не она што друг ви го наметнува!!!Без разлика за која партија ќе гласате, тоа нека биде ваше лично мислење!!!
     
  10. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    како и да е, кој и да е на власт ке има леб само за тие 10-15 души. Знам дека сите се исти и колку се едните покварени толку и другите. Мене лично ми одговара една партија да победи па затоа и ке си излезам на гласање. поради родителите ми е повеке не за друго, тие се цел живот обоени.
     
  11. mishulence

    mishulence Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    16
    Исти се и едните и другите.Точно ова не е од сега,во последниве неколку избори истото се случуваше.
    -Најди ми ти мене 15 луѓе и ќе си имаш работа....За жал познавам мн. луѓе кои буквално зависат од партија,идат по митинзи,собири,"се тепаат" за неа...а за што? За да си ја обезбедат иднината.Не се они криви...
    И најново пред некој ден,дома ми се јавуваат од ВМРО да ме известат за новитетите на партијата.Фино и културно НЕ Благодарам.
     
  12. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    А што се случува со вработените во општина Карпош на пример? Еј луѓе, мајка ми работеше во приватна фирма сопственост на личност од сдсм, и знаете каков притисок се вршеше врз оние за кои не беше сигурен од која старна се ? Е тоа е притисок,а не најди ми 10 луѓе, па ако таа партија помогнала на некој да се вработи, мислите дека е потреба уцена за блиските да гласаат?
     
  13. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    И СДСМ прави списоци,процентуално следи бројка.ВМРО прави списоци со закана дека задолжениот ќе лета од работа ако не донесе 15 души (по 30 за раководители) што ќе гласаат за нив.Против законски,но ако! :!: На наше македонче треба само така,да се истресе од гаќи!Кога седи ко мисир дома,џаболебари и чека Грујо да му најде работа само така му треба.После Грујо крив.Кога ти дал,може кога сака да ти го земе,нема лутиш.Како дошло така пошло.
     
  14. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Ова го прочита во Време? Или лично имаш видено нешто вакво?
     
  15. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    МОМЕНТАЛНО ќе ја ставеле во мирување одлуката за нетужење новинари.
    :D :D :D :D :D :D :D :D :D
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Кадија те тужи кадија те суди
     
  17. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203

    Не..Пријатели на моите,пример број 1,мој другар ме напна да ме напише на неговиот список.Тоа ми е повеќе од доволен доказ.Ни Време ни А1 ни не знам кој не ми требаат да ми кажат како е.
     
  18. happynessss

    happynessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    18
    Зашто луѓево не се ангажираат повеќе за самите да си најдат работа, знам дека е тешко, но многу подобро е истата упорност и енергија да ја употребат за пронаоѓање на работа отколку за изборни списоци и притисоци за гласање, не е чудо што државава ни е на ова дереџе, чекаме само некој да не лаже, да не условува и да не застрашува за да делуваме
     
  19. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Комплицирани барања имаат работодавците изгледа :lol:
     
  20. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.