1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Изборна афера ја тресе Вмро

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Lilit, 8 мај 2011.

  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Пушти црв, и чекај да се испоколат, испотепаат, разделат, па онда владеј :).
    Не ќе им е прв пат на иста глупост да паднат :D

    ЕДИТ: туку некој да не го слушаше Латас кај Миленко :rofl:. Теории шупливо ширење, со глувче во него да ги подрашири шуплините.
     
  2. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    “Причината за тепачката според изворите била извесна пратеничка на ВМРО - ДПМНЕ - „сдсмовка што го окупира брендот на ВМРО - ДПМНЕ во Струга“...“
    ...
    Првин, од формулацијата на фразава бев запрепастена, до толку што не знам дали позитивно или негативно... :worried:
    Ја кандидирале како член на партија за пратеник, 3 години во собраниско столче дремела... па требаше нови предвремени да се распишат за да го откријат инфилтрираниот агент.
    |(
    Фабулосо!
    Што нема. |(

    Ама и дада ми е секогаш крива кога ке ни прегори фаза... :wasntme:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  3. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Па, затоа прашав дал некој го гледаше Латас на Канал5, пошто баш за тоа праповедаше тој дека ќе се случува во СДСМ, демек поради поддршката што сдсм-овците ќе им ја дадат на новинариве од А1 за да седат у Парламент, а неговите најистакнати членови само ќе чмаат на митинзи и ќе ракоплескаат :) цццц ќе се разбунтувале џоа мити. Хм..
    И истата вечер, од партијата чиј телевизиски потпарол е тој, се тепаат за она за што тој мислеше ќе се случи во спротивниов табор.
    Туку, веќе кога се тепаат за тоа кој од која партија бил, :) зар им е до толку битно, кога ВМРО е пуна со „рехабилитирани“ сега првенци на партијата, претходно никој и ништо на смдсмовската омладина :). Премиерот чистокрвен вмро-овец да не им е :) по мајка и татко можда, Гордето, Ставре.. итн итн.
    Абе мене не ми се многу јасни тие размислувања на луѓето, како можеш да си излепиш дел од мозокот со изолир трака и да не ти размислува во некоја непожелна за партијата насока, а во другата да си работи у стилу кеч д’ рет. Но, можда пошто не умеам да се потчинувам на нечиј мозок и да си го прифаќам како свое лично размислување, веројатно тоа е проблемот што и не ги баш капирам, како што треба :).
    Туку место со нив да се замарам јас да си ги испофаќам глувците во компјутеров, пошто ми го успоруваат, а не би да го преинсталирам :(
     
  4. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    За малку ќе поверував и ќе се откажев од вмро :^) Знам за што се зборува-секој член на вмро треба одприлика да каже за 10 или 15 луѓе кои мисли дека би гласале за вмро, за отприлика да имаат на увид некаква си бројка. Тоа го има одамна и од сдсм на времето...памтам првпат кога требаше да гласам тетка ми секој ден идеше и ми трубеше да гласам за сдсм и кога ќе се јавеле на тел. да ме прашаат да кажам дека ќе гласам за нив, ме ставила на некој список,беше нивни член вработена од нив и знаеме како е кога има избори. Исто е и сега. Тогаш и реков ок нема проблем. И се чудам какви сценарија правите од ова, кога вие ќе бидете сами со вашето ливче никој не може да знае за кого сте гласале, какви и кампањи да има, па таканаречени притисоци од роднини и пријатели-може само да климнете со глава и завршена работа. Вие си знаете за кого гласате и никој друг. И ај ќе ве молам со овие текстовите од а1 и време нема смисла, само на глупи теми пишувам една салам тема нема, не ќе коментираме постојано преувеличени драми...
    А за Латас некој спомна-колку и да е малку идиотски на изглед-но човекот се разбира во политика и ги знае сите задкулисни работи во истата повеќе од било кој..
     
    На vikica.s му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    На почетокот од читањето на твојот пост, реков, во ред е, така е се.
    И едните и другите правеле. И не верувам дека трети да дојдат на власт - поинаку ке прават. Тоа е предвремена политика - ветувај, за да добиеш.

    Ама со сторијата за Латас вс. А1 ме разочара. Повторно.
    Колку што се разбира медиум од политика, толку и челно лице на медиум се разбира.
    А1 сега се претвори во партиски мегафон, после ударот на власта, а Латас беше од секогаш поединец-транспарентен приврзаник на ВМРО-ДПМНЕ, а според него и цел медиум одеше во таа насока.

    Меѓутоа...
    Од А1 излегоа кандидати на пратеници на СДСМ, ама Велија своевремено против Бранко беше. Јавно го плукаше.
    Сител е медиум во сопственост на Ѕинго, коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ, вработените - оние дефинираните во корен се буквално партиски мегафони (Тања-Бумбарка, Латас, Ивона...) а еден од главните спикери на дневните вести е Валентин, своевремено советник во кабинетот на Бранко за време на претседателствувањето.

    Затоа...
    Не може да се генерализира.
    Медиумот мора само да го труби тоа што некој друг го кажал, а не да кажува колку разбира и да моделира по свое. :!:
    Затоа е медиум, за сите, за народот... не за задоволување на егото на своите сопартијци.
     
  6. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Грешка бр.1 - не да каже, туку да присили или уцени. Уцените оделе до таму што некоја жена била уцената да гласа за Вмро за да и се направи ин витро.
    Грешка бр.2 - не се прави тоа само за увид, повеќе се прави за да се соберат гласови, да се заплашат и присилат луѓето и да гласаат за таа партија.
    Грешка бр.3 - не е никакв оправдување дали го имало во времето на СДСМ или не. Не смее да го има и точка. Ни од СДСМ ни од ВМРО.
    Грешка бр.4 - ние не правиме никакви сценарија, сценарија прави оној од горе кој наложил да се врши притисок врз граѓаните.
    Грашка бр.5 - не е баш така ко што пишуваш, на сите на се познати бугарските возови и слични изборни малверзации. И да и да е тајно гласањето и никој да не може да знае за кого си гласал, ПАК е недозволиво ова што се прави, и пак овие притисоци, уцени и закани СЕ КРИВИЧНО ДЕЛО независно дали ти ќе подлегнеш на притисокот или не.
    Грешка бр.6 - текостовите од А1 не се преувеличени драми, туку се реалост во која живееме, за жал.
    Грешка бр.7 - Латас се разбира од политика?!? Па тој јадниот освен лижење на газови не се разбира во ништо друго?!?
     
    На esperanca, AIT и julie77 им се допаѓа ова.
  7. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    За врските на медиумите и политиката и нивната Боже ме пази безпристрастност и објективност веќе напишав во темата И јас сум А1, секоја со својот табор де, да не се залажуваме едниве се мегафон на ВМРО, саде другиве ич не се. Глупаво би било, кога нивни новинари одат на пратеничка листа на СДСМ и тоа токму првиот микрофон на Велија за земјоделие :) сте ја виделе? ја познавате? знаете како работи? :) за што беше спремана дур лобираше Велија за да се пикне во власт кај Грујо?
    По се изгледа не! Штом секој се фрла на еднава, а заборава на сплетките на другава.
    Што се однесува до Велија, за истово што сега го пикнаа во ќорка, ќе го пикнеа уште во време на Бучко. И Бучко му се спремаше, само немаше никој доволно ај да речам сила за да го стори. Зашто, месеци пред да се случи апсењето, за што беше предупреден, Велија ги спопика сите свои новинари по брза постапка на исто место со неговите тути фрути бизниси во фабрика. Знаете за колку експресно време беше подготвен тој терен?!? :)

    За Латас, идиотски дал изгледал или не, најмалку ме занима. Мене што ме интересира е интервјуто што ќе го даде, што ќе каже. Јас не сум за ниедна партија, така што во она што ќе го каже тој може слободно да ме убеди да речам а да така е бравос, тоа е тоа. Како што многупати ќе се сложам со Мирка Велинова, некогаш нема, со Младенов, а некогаш нема, со Јадранка Костова некогаш нема, или со професори како Ванковска да речеме, ајде онака за пример.
    Меѓутоа човеков, бранејќи една политичка партија, сосема забега во неговите тези. Едноставно кога нешто не ти држи вода не ти држи. Сакаш изврти го на милиони начини. Задкулисните игри?!? да! ги знае. Уште од времето на ЉуБчо си беше добро навлезен во ВМРО-вското дувло. Му беше презентирана секоја информација која одеше на Сител и тоа ексклузивно сосе документи за да си ги поткрепи. :) Беше и со СДСМ де и тогаш имаше ексклузива од СДСМ. Да, ги познава задкулисните игри, бидејќи секогаш е на страната на власта. Впрочем, истото го прават и А1, истото го прават и сите други медиуми, дал пишани биле или телевизии, месечници, неделници или дневни весници.Тоа е делот од новинарската работа. Да отидеш да пиеш кафе со својот извор, да си во тек со се што се случува, кој кога п’днал, колку пати п’днал, кој бил таму у моментот и како реагирал. Секој новинар е задолжен за определена партија. Така и се дознаваат информациите, така и се објавуваат, дал СДСМ кажале против ВМРО, ВМРО, против СДСМ или избегани членови од еднава или другава партија ја наклеветиле својата ех-матична партија, или актуелна, бидејќи скоро ќе си фаќаат патот во друга... тоа е начинот.
    Но, ако Латас или било кој новинар знае што се случува, има информации, не значи дека и теоријата, анализата што ќе ја направи, на база на свое „лично и сопствено :)“ поврзување на нештата му држи вода, посебно кога од старт теоријата му оди во насока пукни врз едниве без да размислуваш.
    Има разлика, помеѓу чиста информација кога презентираш и кога правиш анализа на политички збиднувања. Е тоа е работата. Анализата :) тешко му оди, кога целта е оправдај го својот. И не е тоа само кај него, Скорпионке и на А1 во такви ситуации тешко им оди пак кога почнуваат да ломотат секакви глупости само, бидејќи стигнало директно од кај Велија дека така треба да се каже... тогаш, не благодарам таква анализа :). ЗА А1 СИ ИМААТ ВО МОМЕНТОТ ЗА ЕДЕН ОД ОБИДИТЕ ДА СИ МАНИПУЛИРААТ ПРИЈАВА ОД РАДИОДИФУЗИЈА! А, кој сака да живее во утопија со идеја дека има објективно сервирани информации од некој медиум а не чист обид за манипулација со јавното мислење и перење мозоци, слободно нека си го мисли, јас знам многу поинаку.

    Една интересна работа што ја имаше кажано Латас во интервјуто синоќа, за која не сум многу сигурна дали е или не така, но не е исклучена веројатноста да е вистинита, а тоа е дека Бранко го спремал Велија за премиер :).
    Една глупост што ја кажа Латас сакајќи да ја оцрни Шеќеринска беше „која е Шеќеринска, никогаш не раководела со ништо, никогаш немала свој тим, никогаш ништо не постигнала......“. Хм :) да не би друг да раководеше со Секретаријатот за европски прашања, друг да раководеше со цел тим што го пополнуваше прашалникот и тоа беше НАЈДОБРИОТ ТИМ на луѓе кој се изгуби во меѓувреме, баш поради потребата од вработување партиски членови, а не мозоци. Од ова само ние страдаме. Затоа што тимовите одат на обуки, за кои плаќа народот, а кога ти ќе ми донесеш нов тим ми носиш незналици, кои јас и сите што работат треба пак да платат за истата обука за која веќе сме платиле за некого кого пак не си бил способен да го задржиш и покрај неговиот успех. Така да Шеќеринска е некој и нешто. Да, во претходната трка со Грујо изгуби, ама не можеш ради тоа да ми одиш во крајност и да речеш нема поима од ништо. Таа жена е ценета во секторот евроинтеграции, ако не беше не ќе беше во таа комисија во Собрание, не ќе раководеше со неа. И видиш, пак си има нешто со што раководи, Но да Латас сепак знае подобро ;)
     
  8. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Не слушнав кога Латас кажал дека Шеќеринска не ја бидува за ништо, ок може кажал,слушнав кога ги кажа причините кои Бранко ги наведе кога ја смени. Самиот тој ја обезвредни на некој начин за сега да ја изваде како кец од ракав ??? Нема да зборувам дали ја бидува или не, имаше време да се покаже, а дали се покажала ќе одлучи народот, само тешко кога Б.Ц. и стои над глава. Кога ја гледам Шеќеринска сега, веќе не ја гледам како порано, сега го гледам Б.Ц. во неа, затоа не можам да одлучувам реално кога таа е во прашање. Што да мислам кога изјавува дека името Р.М (Скопје) било прифатливо за на референдум??? Заради истата изјава што ја даде Грујо, памтите кога се направи фама, скандал, таа лично се нацрта пред влада во а1 да каже дека тој е предавник, за сега да рече ок и јас така мислам???
    Боависта-кажи ми начин на кој некој би те присилил лично тебе да гласаш за вмро или сдсм? И доста со такви глупи патетики трудни жени, ин витро...еве и да е така, од кај знам може постои некој луд доктор запален по својата партија па кажал нешто такво...и треба да си земам здраво за готово дека сите така прават и му е наредено од власта???Ај ти се молам не сме мали деца...
     
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Шеќеринска и јас од милиони слични причини ко оваа што ти ја наброја, не ја сакам, но тоа е сосема друго. Згора на тоа од самиот факт што уште еднаш влегува во трка, мене лично би ми било бедно и валкање на моето име и се што сум постигнала, да по сите внатрепартиски препирки, кај нив, околу она кој да биде, обиди на БЦ да ги стави во втор ред сите тие стари негови членови, мислејќи веројатно да игра на истата карта ко ВМРО, нови лица-победа, една загуба позади себе... глупаво би ми било, не би се занимавала воопшто со тоа.
    Но, премиерско место. Веројатно адреналин ги лупа штом само чујат премиер дека може да бидат и не размислуваат подалеку. Но едно е ова, што јас и ти ќе кажеме причини зашто не ја бендисуваме Шеќерка, а друго е да кажеш она што тој го кажа „која е, таа не раководела ништо, ништо не создала, не направила..дрндрн’. А, кога било кој новинар ќе ми излезе на телевизија и ќе ми изнакаже такво нешто, толку за мене од неговата професионалност, способност за анализирање, бранење тези и тако даље и даље. Како и кај Шеќеринска де :). Пак не им е прв пат и нема да им е последен да застапуваат некои спротивни од оние на ВМРО интереси и цели во својата политика, па потоа само бидејќи гледаат дека тоа е тоа всушност на што народот рипнува со две раце „за“ да си го присвојат безшумно. Што е прилично глупаво за мене. Така беше политиката на Груевци да речеме „од врата до врата“, мешањето со народот и сличните такви елементарни работи, против кои плукаа и ги исмејуваа, за на крај на е пример :D на што се смеам, избори претседателски да го пратат Фрчко кај млекарите отепани за греота од што немаат откуп на млекото, кравите им испоцркаа од неухранетост, ги испопродадоа, а овој оди и ги прашува, како извозот. Што?!? :wasntme:
     
  10. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Затоа што ти викаат "Пиши се ВМРО/СДСМ и ќе добиеш работно место или пак ќе те унапредам"
    А, во денешно време знаеш колку е тешко да се стигне до работно место, бидејќи оддеднаш сите се преквалификувани,а во државна администрација да влезеш е невозможно ако не си партиски определен.


    Уште еднаш ќе кажам.
    ВМРО ги замразив со овој нивниот проект Transformer city 2014,а уште повеќе кога вака пред избори им текна да посетат дом за деца со специјални потреби и да им подарат од робата што ја запленуваат на граница.
    Сакам да кажам дека Македонија нема ни малку развиена економија за такви големи проекти како оние на ВМРО, немаме никаква парична резерва,а односите со соседите ни се нарушени. Крајниот резултат ќе го видиме за 3 години.
    А, зошто тоа? Каде се сите овие години откако се на власт да донираат нешто?
    Се правеле хуманитарни акции, од министриве или општо од пратенициве тешко некој да има кажано дека има донирано,а 200-300 евра ни малку не го оштетува нивниот и онака џеб без дно,a тоа ќе помогне многу за нечиј живот.
    Имам слушано овој од Тинекс газдата постојано донира,памтам една хуманитарна акција на МТВ кога беше за едно детенце, донира 5000 евра,а овие нашиве претпоставениве никаде ги нема, алергични се на хуманитарни акции, освен пред избори.
    Ова за мене е еден вид искористување,ама нормално ако не искористиш пред избори..никогаш нема.

    И последната работа што ми смета кај ВМРО е тоа што да, Бранко го продаде ЕСМ,ама бидејќи се покажаа дека имаат пари за да ни стават на сите портокалови наочари, што не ја купеа пак струјата,пак да ни стани државна?

    СДСМ ги мразам зошто Бранко ни ја продаде струјата. Тој можеби нема проблем со плаќање сметки,ама да ти ја исклучуваат струјата за една неплатена сметка во ова време е поинтлес.
    Реално многу малку придонесоја за државава,а најголемата последица што сега ја чувстуваме е продажбата на ЕСМ.
    Друго немам што да се жалам со нив,бидејќи нивната стратегија беше "седни на стол и земи што е можно повеќе пари", а на овие другиве "грабни лопата-лапни пари"
    Така да, повеќе сум запознаена со активноста на ВМРО и затоа сум можам повеќе да ја серам.

    И една дневна доза статии.
    Не мора да кажувам извори, очигледни се :)
    Владата предизборно подкупува медиуми
    Валентина Стојанчевска

    Владата на еден месец пред изборите склучи двегодишни договори со неколку печатени медиуми за рекламирање и за огласување во вредност од 150.000 евра, што, според познавачите, е скандалозно и незаконски. Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата истакнуваат дека во овој период Владата и останатите државни органи мора да се воздржат од склучување договори кои не се итни и неопходни бидејќи може да се искористат за одредени притисоци и влијанија. Тоа особено се однесува на медиумите поради нивната голема улога во изборната кампања.
    Договорите за рекламирање се склучени на 3 мај иако предвремените парламентарни избори беа распишани на 15 април, а ќе се одржат еден месец по склучувањето на договорите.
    „Набавка на услуги за објавување во печатени медиуми (дневни весници) на огласи, соопштенија и сл. за период од 24 месеци. Се планира да почне од 3 мај 2011 година, а да заврши до 3 мај 2013 година“, стои во склучените договори, кои вчера беа објавени на веб-сајтот на Бирото за јавни набавки.
    Договорот што Владата го склучи со „Медиа принт Македонија“, која ги издава весниците „Дневник“, Утрински весник“ и „Вест“, е вреден 62.000 евра, со „Коха продуктион“, која го издава весникот „Коха“, Владата се договори за 22.000 евра, со „НИК Нова принт“, односно „Нова Македонија“ за 31.000 евра и со „Вечер прес“, издавачот на „Вечер“, за 37.000 евра.
    - Некоректно, неетички и незаконски е во овој период да се склучуваат вакви договори бидејќи не се итни, а може да се злоупотребат за одредени цели. Со потпишувањето ја принудуваат наредната влада да се рекламира во овие медиуми. Без разлика кога била почната постапката, сепак имало можност и требало да се прекине - вели Слаѓана Тасева, поранешен антикорупционер.
    Тасева истакна дека сега е на потег Државната комисија за спречување на корупцијата.
    Оттаму добивме само неофицијална изјава од еден од членовите бидејќи надлежен за официјални изјави бил само претседателот Воислав Зафировски, од кого не добивме став бидејќи бил презафатен.
    - Во овој период, кога почнува изборната кампања, Владата и другите државни институции треба да се воздржат од склучување какви било договори. Владата имала можност за склучување вакви договори за рекламирање, но во тоа нема легалност бидејќи повеќе од јасно е дека постои можност за притисок и влијание врз медиумите - вели член на Државната комисија за спречување на корупцијата.
    Од Владата, пак, се правдаат дека огласот за обезбедување ваква услуга бил распишан пред да се закажат изборите.
    - Нема ништо спорно во склучувањето на договорите за рекламирање бидејќи огласот за обезбедување оваа услуга бил објавен пред да се распишат предвремените избори - вели владиниот портпарол Мартин Мартиновски.
    Сепак, стручњаците истакнуваат дека ова оправдување не држи бидејќи Владата имала можност да го поништи огласот.
    - Во овој период Владата не треба да склучува никакви договори што на одреден начин се поврзани со придобивање гласачи. Без разлика кога бил објавен огласот, по распишувањето на изборите можел да се поништи или прекине. Тоа дека огласот бил распишан пред распишувањето на изборите не треба да биде оправдување - вели Јове Трпеновски, поранешен антикорупционер.
    И од СДСМ велат дека тоа е недозволиво.
    - Владата никако не смеела да склучи ваков договор по распуштањето на парламентот што јасно се вели во Законот за спречување на корупцијата. Итно ќе бараме од Комисија да ја запре ова јавна набавка, а доколку тоа не се случи, ќе бараме да се вклучи и Јавното обвинителство - изјави Гордан Георгиев, портпарол на изборниот штаб на СДСМ.
    Според упатените, Владата со овој потег, освен што во предизборието ги „купува“ медиумите, поставува и замка за евентуалната нова власт, која ќе има обврска да се рекламира само во медиумите што важат за поддржувачи на актуелната владејачка гарнитура. Таква обврска ќе важи и за идната влада на СДСМ доколку победи на изборите, за што во партијата се свесни и веќе најавуваат поништување на договорите ако за тоа постојат законски основи.

    и...
    СДСМ денеска призна дека нивните списоци за петте најсилни се преполни со лица гонети за тежок криминал, а вчера тоа го потврдија и институциите, изјави попладнево протпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски.


    - Андреј Петров прво тврдеше дека тоа се списоци на петте најсилни ама и најискусни членови, потоа Гордан Георгиев тврдеше дека тоа се нивните браќа сестри родители, а денеска конечно признаа дека на списоците има лица кои се осудувани за тешки кривични дела. Тие со тоа признаваат дека нивниот план е насилство на изборите чија крајна цел е непризнавање на изборните резултати, рече Бичиклиски.

    Според ВМРО-ДПМНЕ, овој план за насилство и создавање страв и паника меѓу граѓаните СДСМ веќе го реализира.

    - Само за помалку од еден месец се случи меѓусебна тепачка на раскарани партиски крила на СДСМ во Ресен, меѓусебна тепачка на раскарани телохранители на СДСМ во Охрид, претепан член на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, вулгарен и крајно нечовечки обид за поткуп на гласачите во Шуто Оризари со расипаното месо, поткуп со кафе, монтажи за наводно искршени штабови, местенки. Ова се делата на најсилните членови на СДСМ, посочи партискиот портпарол.

    СДСМ мора да разбере, апелира ВМРО-ДПМНЕ, дека иднината на граѓаните не се гради, како што истакна Бичиклиски, со насилство, лажење и измами.

    Боа, ќе ти реплицирам на точките што највеќе ми фатија око.
    Само затоа што не се обелоденија уште еден тон уценувања од страна на ДВЕТЕ партии,не значи дека не постојат.
    Тој јадниот директор си кажа,ама постојат уште повеќе.
    Знам за еден случај со СДСМ кога на денот на изборите ти се приближува човек и ти се заканува и те условува за кој да гласаш. *Зборувам за претходните избори.
    .Статиите на А1 која секојдневно ги објавува се која од која потрагични,ама не можеш да не кажеш дека не го мразат Грујчета и дека се реални.
    Зошто?
    Затоа што немаат корист од него и тоа им е главна причина за да се против него.
    Да, пропаѓаме во дупка.. дното веќе се наѕира,ама на А1 јас немам ништо видено да кажат добар збор за владава.
    Не можеш да формираш генерална јавна слика за некого,ако само ги кажуваш негативностите на таа влада.
    Да не беше Сител,јас немаше да знам дека владава прави нешто за државава или да не беше А1 немаше да знам дека владава и штети на државава.
    Добро е што има баланс. Знаеш што прави и што не прави владата.
     
  11. happynessss

    happynessss Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    18
    Тешко е да влезеш било каде, тоа е реалноста, но да ја насочиш целата своја енергија за да бидеш партиски послушник, да се откажеш од здравиот разум и да неможеш да размислуваш со своја глава, има работа во државава, но сите сакаат да дремат по министерства, да немаат никаква одговорност и да зимаат плата, не ми се свиѓа кај ВМРО што сите свои членови ги вработува во администрација што ја плаќаме сите ние што работиме приватно и плаќаме даноци, место толку големи пари што фрлија за Скопје 2014, можеа тие пари да ги инвестираат за отварање на нови работни места, а не е опција муабетот СДСМ правеа вака или така, затоа СДСМ се опозиција, затоа што и они ништо не направиле, оваа политика на ВМРО со толкава администрација и константно трошење на пари без покритие сигурно ќе не дотера до банкрот на државата многу брзо
     
  12. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Си новинар на пример... почнува да ти се свиѓа идеологијата на некоја политичка партија и оп решен си да запливаш во тие води. Ок е и веќе официјално (делумно) немаш врска со тој медиум.
    Но што да прават новинарите кои и без да сакаат ги презентираат информациите во полза на нивните главни уредници или газди кои јавно седат рамо до рамо до високите челници на нивната партија?
    Тоа сепак мислам дека е пострашно па и лицемерно.
     
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Еве уште нешто...

    Да резимираме со што се’ се служеше ДПМНЕ до сега.

    На дело беа фатени раководители на ДПМНЕ во јавна администрација кои по наредба на Груевски со притисоци, закани, па дури и со уцени за вештачко оплодување мораа на нивниот партиски шеф да му изврбуваат гласачи.
    Епилог за овие незаконски дејанија нема. Обвинителството сеуште молчи.
    Во јавноста во неколку наврати предупредивме дека за членови на Општинските изборни комисии се избрани кандидати за пратеници на ДПМНЕ или нивни блиски роднини. Ниту писмото на претседателот на ДИК до шефот на изборниот штаб на ДПМНЕ, Мартин Протоѓер, не смени ништо. Напротив, Груевски ја стави во функција гласачката машина во ДИК и вчера со надгласување одби да постапи согласно изборните правила.
    Груевски цела кампања спротивно на законите сече ленти, на секој чекор фрла лопати, вработува, укинува или дава социјална помош, дури со владино писмо, во својство на премиер ја повика државната администрација да се пресмета со опозицијата.
    Ваквото неодговорно однесување на Груевски ги стави во филм партиските талибанци на ДПМНЕ кои не пропуштија ден да не искршат некој штаб на опозицијата или физички да се пресметаат со неистомислениците. Тоа, ноќеска предизвика уште поголем инцидент во кој беше нападнато возилото на Радмила Шекеринска. Очигледно, после успешниот митинг во Прилеп нервозата кулминираше. Некој јалово се обиде да го заплаши кандидатот за премиер на опозицијата.

    Денес сакаме на јавноста да и презентираме уште еден доказ дека Груевски нема никаква намера да обезбеди слободно, фер и демократско гласање во недела. Тој се сомнева дури и во сопственото членство. Затоа, им набавил 180 вакви приврзоци со камери, тип DVR 808, со кои ќе треба да го сликаат гласачкото ливче и да докажат дека гласале за ДПМНЕ. Ова е последниот, очајнички крик на ненародниот премиер во заминување.


    Почитувани граѓани,

    Последниве 48 часа, заради стравот од она што следи по 5 јуни, партиските послушници на ДПМНЕ ќе ги интензивираат злоупотребите на власта. Ќе се закануваат, ќе нудат и ќе ветуваат се и сешто, ќе се обидат да ве поткупат за да им го дадете гласот. Ја користиме оваа прилика, да ви порачаме, земете си се. Се што нудат е платено со вашите, со народни пари. Но едно запомнете, никој нема право и не смее и не може да ви го узурпира правото на тајно гласање. Во недела, на 5 јуни, зад параванот ќе бидете сами. Тогаш е моментот да ги израмните сметките и да ги казните оние кои ја изневерија вашата доверба.

    [​IMG]

    Ова е ваљда од некоја прес конференција на сдсм, статијава ја најдов на друг форум.
     
  14. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.663
    А зошто сега пишувате за политика, кога е изборен молк. Или не важи ова за Фемина.
    Извинете за офтопикот, ама морав.
     
  15. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    Ова се живи глупости ! Го убија човеков со вакви и онакви афери ! Да, точно е тоа дека ВМРО повикува гласачи те. членовите ги задолжува да најдат 5, 10 или 15 луѓе кои им ветуваат дека би гласале за ВМРО.Ама неможеш ти да убедуваш некој приврзаник на Б.Ц. да гласа за ВМРО, мислам ...смешно е! Тоа е да се избројат одприлика гласовите кои сигурно ќе ги добијат, и не гледам ништо лошо во тоа. Дечко ми е најголем приврзаник, член, активист на ВМРО па, му рекоја да обезбеди 15 души кои сигурно ќе гласаат за ВМРО.Отиде, ги запиша оние за кои знае дека го поддржуваат Никола Груески и толку. Никој не му се закани ниту го уцени дека ако не најде ќе лета од работа . ?! :@ Така, и ова со камериве е жив циркус, де чоеков јахти купувал, бил лопатар, диктаторче....Срамота ! :x А, тоа што ја гради државава, што ги затвора криминалците и перачите на пари ??? Економска криза го тресе цел свет, а не само нашава земја за тоа нашиот почитуван премиер не е ни најмалку крив ! И, вчера му наместија во А1 дека не сакал на дојде на дуел со Рада, а човеков немаше врска си беше гостин истовремено во сител :D
    Мислам..сами од себе прават будали, се брукаат по митинзине, а Никола Груески воопшто за цела кампања не кажа ниту еден единствен навредлив збор каков го употребуваат посебно "бранителот наш македонски" Брат Љубе, и Бранко Црвенкоски.Остајте го човеков на раат, знае да си ја врши работата ! :!:
     
    На Tashaa и maja8 им се допаѓа ова.
  16. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Епа изборен молк е, партиите веќе не смеат да се рекламираат, ама нас никој нема да ни забрани да си збориме за политика де... :lol:
     
  17. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Вистина било дека некои со сила слепи се прават. Е ти се молам ја градел државата и ги затварал криминалците. Па прочита ли што откри Викиликс и како американските амбасадори ја нарекле целата таа ,,борба со криминалот,,? Ако не си, побарај на нет ќе најдеш. Упс извини заборавив. Сигурно и тоа е уште една од аферите што му ја препишуваат, а нема врска. Ајде бре, и при очи слепи ќе се правиме.
    И со таа економска криза, отупевте веќе! Ама нели мора на нешто да се вадите, де на економска криза, де на Бранко, де на амбасадорите....
     
  18. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Уште една глупост на Бранко

    http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/ ... rvenkovski
     
  19. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Да бе, па реков јас, на крај ќе исапдне дека и Викиликс бил Бранков :D

    Инаку колку за твое известување од истиот тој сајт, информации ред некој ден објавуваше и Вечер, ама тогаш беа во полза на власта. Туку ме интересира ако и ова е масло на Бранко што не се јави некој од споменатите амбасадори да демантира?!?
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Па и Рикер е Бранков човек-го открија и знае оти е крив и сеа си ќути :rofl: :fubar: