1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Изборна афера ја тресе Вмро

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Lilit, 8 мај 2011.

  1. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Еве го бугарскиот блог од каде збореа на Сител е симната информацијата.

    https://www.balkanleaks.eu/09skopje601.html

    Како и она со ВМРО глупостите дека СДСМ планираат безредија утре, кога мафтаа со документот на СДСМ без печат и јас многу баш и не знам дали во ова пренесено преку бугарчево блогер да верувам. Не гледам печати чуда и врагови. Така да „?“ и за ова и за сите скандали на двеве.
    Ајде утре да помине и уште недела две за прегласувања кај шо ќе има и да дознаеме која е новата влада и тогаш честитајте си едни на други или фрлете се у уште поголема битка :)
     
  2. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Само можам да кажам дека денес Груевски е најисплашениот човек во Македонија :D
    Ќе ви кажам една случка од нашето градче, бидејќи е мало и бргу се се дознава.Во претходниве денови кога Црвенковски имаше митинг во нашиот град, сдсмовците претходниот ден си направиле плакат за време и местото на митингот а овие вмровците го направиле истиот плакат само го смениле времето покасно и го залепиле ноќта врз тој на сдсм, за да луѓето не отидат на митинг...Ова е еден од доказите колку се исплашени вмровците :D
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Не би рекла. Еве ја страната на Викиликс. Отвори го линкот да видиш...

    http://www.wikileaks.ch/cable/2009/07/09SKOPJE332.html

    А еве и на фб.
    http://www.facebook.com/wikileaks/posts/119559604794625
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    ^^баш ме интересира објаснувањето на Маја сега откако и официјално документите осамнаа на Викиликс. А многу ме интересира и коментарот на Латас кој незнаеше веќе на кај да врти за да ги извади дпмнеовците од кашата во која се најдоа.
    П.С - Жапче дали сега ова е веродостојно или и во ова треба да се сомневаме?
     
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Боа бе душо, во што ти веруваш си е твое право :) зар од мене очекуваш да ти кажам во што да веруваш, во што не. Колку што знам правник си. Знаеш да процениш факт, знаеш како одат процедурите за расветлување вистина од невистина, така да :) јас ли треба да ти кажам?!? Пак уште ми се обраќаш мене.
    Тоа што ти е горе дадено Боа е нешто објавено на фејсбук профил на А1 новинар вчера. :) Информацијата беше само на блогерот од Бугарија ставена. А, како со Велија што не е виновен за ништо и се е намонтирано според многумина... од каде јас да знам веќе во државава што е вистина а што лага.
    Во СДСМ да верувам, во ВМРО да верувам :) или во тоа јас што мислам :) така да истото важи и за тебе. Секој за себе знае. Јас би да почекам да поминат изборите и да се расчисти малку галамава која очигледно некој ама од петни жили се труди да ја крене пред избори. А, кога ќе се расчисти, ако победат вашите.... ќе си докажат сево ова и на поинаков начин. Има доволно луѓе замешани во ова. Нека си истражат тие што треба. А, дотогаш, секој за себе Боа. Јас треба да кажам кој во што да се сомнева хахаххах оф
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Жапче, ете од официјалната страна на Викиликс, зошто вчера тоа не беше толку веродостојно, ама сега ми е и те како веродостојно и на мене.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Како прво мислам дека не ти напишав нешто лошо за да се испровоцираш до толку, а ниту пак се обидов да те убедам во нешто да веруваш или не, а уште помалку пак да побарам ти да ми кажеш во што да верувам :) Тука си се преценила малку :) Те повикав само заради тоа што во претходниот пост ти имаше напишано дека не ти се верувало зошто не било објавено на официјалната страна. Еве сега е и на официјалната страна, па затоа сакав да слушнам и твое мислење. Е сега ти како си ме сфатила, јас незнам. А на крај па и мање битно како си сфатила, јас не те повикав за да испровоцирам нешто, баш намерно не те ставив во истата реченица со Маја, за да не речеш дека пак те бојам без потреба :)
    Ама пошто очигледно многу ти засметало, веќе не те повикувам ;)
     
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Е ок Боа, погрешно сум те разбрала во тој случај, се извинувам :).
    Пошто кога постирам нешто од некаде, не значи дека се врзувам за нештото. Не веднаш се врзувам на вестите на телевизиите, пошто претерано често се објавувале работи па се демантирале потоа :).
    А, не сум цел ден дома и на нет за да прочитам се последно што се објавува.
    Ова горе беше како што реков вчера ставено, јас го видов утрово инаку на фејсбук. И веројатно само кај блогерот било објавено дотогаш, ама ете ко што го видов линкот на Офи се објавило сега и на Викиликс пред 5 саати ли колку и да се ставено на фб. Тоа е веќе друга работа. :)
    А, да верувам во нешто објавено само кај некој од соседството не можам, немам обичај да веднаш скокнам на секоја информација со заклучок дека „така е“. Не значи и дека велам веднаш „не, не е така“ Него реков прашалник е дури и за она горе.
     
    На BoaVista му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Абе ај, тука и Обама да им дојде и да им потврди они пак ќе се правдаат со креирани сценарија и Бранкова команда :lol:
    Си стана пракса тоа кај нас, не можеш да направиш разлика од вистинските случувања и оние ПОЛИТИЧКИ МОНТИРАНИТЕ :fubar:
     
    На esperanca и BoaVista им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    За мене ли беше ова наменето?!?
     
  11. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    Не не незнам оти така помисли. Си кажав општо за случките кои ги има во последно време БЕСКРАЈ па се монтирани па не се. Последново со Викиликс во кој е спомнат и Рикер е комедии.
    Ама уште на може да се докаже дали е феик или не, уствари не знам кои докази се потребни за да се поверува :?:
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tashaa

    Tashaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    38
    ништо не го тресе вмро не им вадете муабети |( :^)
     
    На vikica.s му/ѝ се допаѓа ова.
  13. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    море а тресе и тоа како
     
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Море убаво го стресе Викиликс.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Еееееее кога истото ова што го објави Викиликс го пишувавме во темите за А1, многу тврдеа дека сме биле против борбата со криминалот. Борба?!? Се виде каква борба било!
    А сега ги нема глас да пуштат за темата Викиликс. Ама така ги учат по штабовите бре, да бегаат од незгодни теми, баш како премиерчето наше :lol:
     
    На esperanca, Blanca и Offspring им се допаѓа ова.
  16. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Темата е многу озбилна а никој никаде. Ни да спомнат, ни да се спротивстават - ништо.
    Па ни да кажат дека Бранко е крив :rofl:
    Изгледа ова со Викиликс се точно ќе да е од А до Ш, и во најпогодниот тајминг се појави - читајте меѓу редови, вмровчиња :clap:
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Ниту Викиликс е случајно, ниту аферата која ја тресе ВМРО. Никој мене не може да ме убеди дека баш во предизборието излезе во јавноста прљавиот веш на македонските политичари кои моментално се на власт. Ништо не е случајно!
    Политиката е поле кое е многу испреплетено, па вистинските водачи на политиката воопшто не ни ги забележуваме.
    Со појавата на документите на Викиликс, станува очигледно дека меѓународната сцена сака да го симне Груевски од тронот кој си го запоседна (и во право се’). Сакал малиот да го менува Уставот, за да може Владата да го бира Претседателот!!! Види богати, многу бил паметен и итар хаха

    А од аферата сум дирекнот погодена и јас. Јас лично бев прашана (замолена) да гласам за ВМРО и моето име да стои на списокот од 15 луѓе. Јасно и гласно кажав дека нив нема да ги гласам, па последни да се!
    Вработиле младо момче во државна институција и одма 15 гласови. Епа така не може!

    Играат многу подло. ВМРО ги избркаа сите способни кадри кои беа вработени во времето на СДСМ, не гледаа квалитет и способности, вработија (како што јас би ги нарекла) дремачи по штабови, со средно образование и албанци кои одвај и средно имаат.
    Мајка ми беше директно засегната од ова, иако не е член на ниедна партија. Туку под сплет на околности беше вработена во таа институција во време на владеење на СДСМ, без барање на гласови, туку врз основа на нејзините квалификации и образование.
    За срамота! Во сопствената држава да слушам како во државните институции се зборува шиптарски, повеќе од македонски............не сакам да коментирам понатаму.
     
    На esperanca, Blanca, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Не верував и јас, особено во болдираново.
    Но кога на 160 илјадна вработена раја во државна администрација ќе и подрече некој 15-че или шпорт од овде, ќе се замислиш малце.

    Некој мене ќе ми каже, гласај за власта, јас ќе кажам, ок, за пријател душа давам, ама ќе ме виде ли тој што заокружувам? Да речеме дека нема.

    Арно ама, кога гледам моја долгогодишна пријателка, примена во просвета без решение, на која и кажуваат дека не само што нема да добие решение за брзо туку и ќе лета од работа, како жестоко се мачи да собере гласови, и не е се така фиктивно како што изгледа.
    Ме замоли мене, цело мое семејство, на сите останати пријатели... Гласаше за власта, од пусти страв дека серискиот број на нејзиното гласачко ливче ќе излезе на виделина. - Очи има насекаде, рече, - а јас се плашам и од воздухот што го дишам. Е така ќе да е.
    Серискиот број на едно ливче, го има на ливчето и плус во делот што останува во кочанот од кој ги ваѓаат ливчињата. Познато ви е, како на парагон блокчињата, бројот го има и на делот кој останува и на делот кој излегува.

    Гледај сега на што се должи високиот одзив, невиден во македонската историја од независноста наваму.