Реалност е тоа. Јас, за разлика од други, не измислувам. Вистината боли. Затоа не можеа да ја поднесат и ми ги пријавуваа коментарите. Јас сум реална а не улижувач.
Јас киснам на фемина ,иако не сум активна секоја тема ја пратам. Јас би сакала како нови модератори да ги видам @vitamina , @AnaKarenina и @Lady Phoenix ... Иии @crimson мислам би била идеална.
Искрено се надевам дека овој избор ќе има резултат, т.е ќе има модератори. Претходниот избор помина, замина, модератори не добивме. Сега е веќе редно да се среди форумот, и се надевам дека тие што се пријавуваат ќе имаат доволно нерви да ги средат своите категории, затоа што покрај тековните дискусии треба да се решат и старите теми Се надевам дека ќе бидат избрани непристрасни, смирени и зрели личности на кои нема да им е тешко да одвојат неколку минути во денот да воведат некој ред тука. Како и да е, со среќа на сите пријавени!
У прaвилaтa нa фoрумoт е дa се сoглaсувaш сo вaкви мислењa? Мислaм декa не мoрaм ни дa прaшувaм дaли oвa мислење би гo избришaлa или дoкoлку би имaлa мoќ би гo стaвилa зa мoдерaтoр и членoт штo гo пишaл мислењевo. http://forum.femina.mk/threads/Различна-вера.26109/page-12#post-2936470 И зaеднo дa ги бaнирaте сите неверници пoшo...ќе не сoтреле? http://forum.femina.mk/threads/Различна-вера.26109/page-13#post-2936641
Ја ќе се пријавам бидејќи во последно време имам доста по слободно време..Ајде со среќа нека ни е на сите што се пријавивме
@Priroden оди прочитај ги правилата. И не ме замарајте веќе со глупости. Наместо да се занимавате со мене на форумов да барате влакно во јајце, средете се себеси.
Немаш право да викаш дека некој е недоделкан, тоа е навреда од твоја страна. Викаш дека ти никогаш не си навредувала, ете пример дека не е точно тоа, значи лажеш. Е сега, финтата е во тоа што ти и покрај твоите лаги, и покрај твоите навреди кон други членови, покрај тоа што нема да бидеш неутрална во донесувањето одлуки, ти си се пријавила за модератор. Тоа е крајно безобразно и едно големо Fuck You за другите членови, као демек еве ми се може и покрај се. Ти девојченце на форумов можеш само на Канта да си модератор.
Од вакви кандидати и вакви дискусии, Доналд Трамп гомна да јаде. Ти ми рече вака, јас ти реков така, ти оди на кантата биди модератор, не јас ќе одам... Деца во градинка не ви се рамни. Тешко на сите ќе биде верувајте. Па кога ќе се размисли не треба да има други модератори, поарно нека си седи само Реин...
Фемина отвори нова тема таман вие да се изврегате и испокарате. Немојте се во овие два дена,чувајте сили до 30 ноември трае конкурсот.
Јас се надевам дека админите (Femina, Mihajlo) што ќе ги бираат модераторите - ја читаат активно темава од прво до последно мислење. Препукувања има многу, да, но во нив може многу да се заклучи во што би се претворил форумот ако на некои тука стварно им се даде некаква моќ за воведување ред (искрено не сакам ни да си замислам ). Надлежните не можат да дознаат кој колку пријатели има на фб (а и не го сметам тоа за релевантен фактор - за мене не зборам, ама има 2-3 членки што знам дека знаат еден куп феминки, а според мене би биле најобјективни модератори), но по однесувањето тука и те како можат да проценат. Ни останува само да веруваме во админите дека следат тука и ќе изберат праведни модератори како Реин...
Јас заборавив да пишам дека се пријавив за категорија Лице. Но,доцна видов дека треба да бидат 3 категории задолжително! Ете нема да ме изберат. Не се пријавив за да ве бришам зашто се карате и да тргнам некого туку се пријавив зашто сакам да работам! Поштедете ме од малограѓански муабети и невкусни коментари. Нас и така со факултет не ни даваат да работиме, па го гледав ова како прилика да научам нешто плус. Ќе се најде некој соодветен кој ќе го води ова во најдобро светло. Ај се повлекувам и јас.
А каква треба тука да е дискусијата? Да си честитаме сите заедно? Цвеќиња да си праќаме и бакнежи? Тема за пријавување, не може само ај ќе се пријават и ај ќе гласаме. Нека докаже дека заслужува да е модератор тој што се пријавил. Мислењата не се на ниво на деца туку на ниво на дискусија, тоа што некој си мисли дека одма го навредуваме е друга работа. Едноставно е, си се пријавил, докажи дека го заслужуваш местото. А исто така коментарите кон тебе демантирај ги, ако можеш.
Секако нема ние да гласаме ко прво.. Ко второ тоа што го пишав за однесуваше за тие што се пријвиле, за да искулираат малку, да не враќаат на секој коментар со препукување... Ти пријвен си? Не си... Епа не сум мислела на тебе, и нема потреба да се мешаш. Ќе бидат поставени рандом членови, и ние секако немаме никаков збор. Ќе видиш некој со 5 мислења станал модератор...
Абе ко на пазар да сте Убаво е напишано и правила и се, шо има потреба од докажување Кој има амбиции нека се пријави, ама неее жени ако не направат панаѓур
2,3 членки х 10? Дај биди искрена и кажи си отворено, а не зад грб како што знаеш. Не одговараш во СП , а тука имаше лице да ме цитираш вчера? Ако некој треба да е модерарот , тоа не си ти сигурно . Знам дека имаш амбиции и преголема желба, живееш за форумов, ако има гласање ти ветив во СП си видела знам, иако го снема , ќе те гласам. Продолжи да ги адд. и на сите да пишуваш кој каков е, не заборавај и ова да го пријавиш.