Ај сега да се доискажам , 50 % од избраните модератори се ОК , али другиве 50% .... се прашувам по кои систем се избрани другиве 50% ? Дали по своите дупло , тродупло профили или по своите кавги и расправии низ форумов ? Нема да бидам лицемерна и да ве тапшам по рамо дека сте најдобри , не сте најдобри ( вие другите 50%) катаастрофа сте и предвидувам банирање на многу членки бидејки се косат вашите мислења и напуштање на форумов на некои членки , бидејки како што кажав дел од модераторите не се цвеке за мирисање и просто не можам да поверувам дека ве избрале ( половината)!
Мораше да има и некој ваков. Некој од типот "не сум лицемерна да лажам, ќе ви кажам дека половината не чинат ама не кажувам кои". По твои критериуми да не требаше да изберат? Никој од членовите во тимот не распалувал кавги без осет.
Не се секирај не јадеме луѓе ни па банираме. Тука сме за дружба како и сите други. Всушност до синоќа и ние бевме само членови без титули, преку ноќ не сме се смениле.. Значи..да резимираме..сеуште сме само за дружба
Честитки за сите нови модератори.Одличен избор. А кој која категорија ќе ја модерира,дали е објавено?Мишела ми е јасно за што е задолжена,а другите?
W000hyyyyy честитки!! @Someonespecial @Dust @Ketchup зошто @Summerlover не е модератор too? прва задача unban Сашко now!
Значи све преку ноќ додека сите спијат се формирало листа и се донело на власт .. Гледам ќе има гневен народ на улица наскоро. Како и да е , честитки до новите модератори, да добиете многу позитивно и негативно искуство ,многу нови мислења да избришете , многу членови да банирате, да ви кенкаат нон-стоп, да забушавате , да примате мито ако треба, све најубаво Сега прашање , Која личност е модератор во политика, која убавица да и се умилкувам и да ја носам на вечера.
Честитки до сите модератори, убав избор сите до еден , да не ве набројувам, сега ја видов листата @Bender Rodriguez не знам во кои теми си модератор, ама јас би те турила за Филмови, бар таму највеќе отварам, и секогаш те начекувам
Преместено мислење од 2013 се осеќам како да ме демнее некој, ќе ми излезе сега прљавиот веш на виделина Седете бре дечки, напијте се кафица, не мора толку длабоко да се навлезе во работата Нек се угоде
Just kiddin'. Честитки до сите нови модератори - посакувам членовите да бидат умни, културни, паметни и писмени, а ние да имаме што помалце работа, особено со бришење и банирање.
*не е тоа мојата категорија, се смешка задоволно* Шала. Некој му се напнал на модераторството од старт, цел ден ме „напаѓаат“ нотификации за вакви баналности како - преместено мислење од темата „Проѕирни кошули“ во темата „Кошули“. Мислам, дечки, океј е. Оладете, не мора целиот форум да биде во хармонија со сите мислења од 2009-та сортирани по соодветни теми. Фокусирајте се на новото и тековното, старите мислења оставете ги така, нема поента да се чепка таму.