Битно е дека сите се праведни луѓево. Некој рандом член ако пријави мое мислење, иако сите модератори ме сакаат, сепак ако сум заслужила ќе го избришат мислењето. Може ќе пуштат солза кога ќе видат дека за Џоли се работи... Раката ќе им се тресе од жал... Сепак ќе ми го избришат мислењето пошто се праведни и крај. Латиница, пцовки и навреди заборавете... Досега сама Реин лом не правеше, а сега 50 души се...
Па се вежбаат малку модераториве, дури да се уходаат во новите обврски. Честитки дечки, се надевам ќе бидете непристрасни и објективни. Фали доста средување на форумов.
Честитки до сите. Немам замерки за изборот на нови модератори, сметам дека се во ред сите. Само што не им се радувам многу затоа што ете јас лично форумот многу повеќе го сакам да е каша попара и да може да се оди офф во секоја можна тема. Нејсе, ова терсене странава во мене збори. Честитки уште еднаш.
Честитки до новите модетаториbig Неписмен сум да ги тагнам од телефон Зоки-поки уште ја читам кога ќе ја прочитам можеби ќе научам Дечки убава работа и поздрав до: elimkd,Jollygirl,sumerlover е оти не се пријавивте и вие ? Ај кога че станам админ еден ден че дојди и вашето време. Да ом да читам па ако научам че пишам малу мор чунки неписмен су,а и тешко дека че се описмена Че ом че јам че дом чекај ме кај плочнико уф се уморив bay,bay Ама сум се внел во текстов лелеее брат мииии Земи здив земи китке чанке. Јас длабоко се извинувам немам апче пијано, оти пијана су какао Шала на страна кул се новите модетатори дел од нив ги читам со чејф Немој сега бан да ми клајте
Сакам да ги прашам новите модератори околу општите теми,конкретно за +/-40. Тоа е општа тема,се зборува за се и сешто,од брачни проблеми,за свекрви,за мода и шминки,се пушта музика,се честитаат родендени,се споделуваат рецепти,домаќински муабети,финансиски проблеми,теми поврзани околу децата, здравствени проблеми,па и политика се меша. Колку и да изгледа хаотична и непрегледна,на многу членови во кои се вбројувам и јас,ни е катче каде редовно наминуваме и си кажуваме што си имаме. Еден апел до новите модератори,кои верувам дека одлично ќе си ја вршат работата за која се избрани,да не ни ја модерираат темата освен кога треба(сега за среќа тоа е многу поретко од порано).Таа си е супер таква каква што си е,хаотична шарена,различна....
Пола од редовните членови - модератори. Отприлика сите што се пријавиле А потребен беше еден модератор за 40-ката, еден за Македонските јавни фаци и еден во Актуелни политички настани, толку Вие цела војска сте забарикадирале, да не смееш да мрднеш. Е сега, уште да кажевте кој каде е задолжен...
Ако бе, нека си преместуваат луѓето, па нема ништо лошо во тоа да биде се' попрегледно. Да се надоврзам на предлогот на @ph.orhideja а тоа е да се следи кои теми се активни за муабет и поттикнуваат дискусија во најпосетуваните теми како 40-ката... Па после може да се отворат нови и слични на нив, уај нот. Таман да си ги повторите аргументите и да настапите поспремни во новата тема.
А зш да не ве модерираат? Вие од Арачиново да не сте? Честитки до модераторите. Еден совет (ако може така да го наречам) кога ќе развие некоја дискусија на тема, да не ја прекинуваат со бришење на мислења, затворање и сл. на сред дискусија. Глупаво е, таман се развила дискусија, оп, дошол модератор избиршал или преместил мислења на сред дискусија. Не се прави така, оставете да завршат дискутантите, па после бришете, преместувајте, сечете, лепете, монтирајте
Јас воедно сакам да ја прашам @Kukla994 дали е среќна што конечно ја објавија листата? @galapce за кого погодив? и од кај знаеш кој каде е модератор? Бендер дека е во религија погодив?
Најглупаво е кога некој те цитирал, ти стигнало известување и сакаш да го видиш мислењето, ама во меѓувреме модератор избришал и појма немаш каква навреда ти била упатена. Барем информирајте не’ по ЛП, па да си ја продолжиме кавгата ко луѓе. #којречедекаќевибиделесно?
Честитки дечки Чекавме, чекавме, ама имало и што да чекаме. Ме изненади искрено бројот на модератори. Тимот личи како доста квалитетен, па нека е со среќа
Не е битно кој каде е задолжен, вие пријавувајте си мислења, останатото се знае. Битно е секој да допринесе за поголема функционалност на темите и општо форумот. Реално, не ви менува ништо тоа.
Ух умрев од смеа! Блиску се темите... Ништо страшно ама мене ми испадна многу смешно. Срце си ми да знаеш.