многу ја изгорев косата се пеглав многу често .. и не ми расте никако и пред на ми беше изгорена кажете нешто
изгорена коса - метил Оди на фризер и скрати ја малку (повеќе). Дa ти се освежат врвовите. И не ја пеглај толку често, најди си друг начин - носи ја виткана, во пунџа ... или пак ако толку сакаш права коса, фенирај ја - така помалку се оштетува.
изгорена коса - метил Шишањето во тој случај ти е неизбежно, но би било и бескорисно доколку продолжиш повторно да си ја уништуваш така косата. Како што ти кажа и Мишела најди друг начин, а исто така денес и брановитата коса е во мода не мора да е права.
изгорена коса - метил nesakam da ja kratam kosata bidejki mi e kratka nemozam veke da ja kratam ke trebaa do usite da ja nosamm kazete drugo nesto
изгорена коса - метил 1. фрли ја пеглата низ прозор под итно 2. еве еден рецепт Спојлер Маска од јајце Јајцето е богато со протеини, што е една од состојките на влакното на косата, која има улога да ја зголемува хранливоста на косата. Па така јајцето помага во обновувањето и враќањето на стариот квалитет на косата. За подготовка на оваа маска потребни ви се: 2 жолчки од јајце, 2 лажички маслиново масло и 1/8 шолја вода. Но ова е доволно за средна должина на косата, така да ако имате кратка овие состојки ги преполовувате, или дупло ги зголемувате ако ви е долга косата. Смесата се меша додека не се добие еднаква состојба. Потоа ја нанесуваме на косата откако претходно ќе ја измиеме со шампон. Ја оставаме смесата да делува 15 минути и ја плакнеме со ладна вода. По овој третман вашата коса ќе ги има потребните хранливи состојки и ќе биде повторно витална и здрава. 3. прочитај тука нешто повеќе Спојлер http://www.notformen.mk/moda-i-ubavina/kosa/7490-kako-da-prigotvite-domasni-maski-za-suva-kosa.html
изгорена коса - метил ставај масла од кокос бадем орев на косата 3 часа пред да се бањаш да се упијат убаво во влакното и самата ке приметиш како косата ке си го упие маслото ова за да има резултати треба д го практикуваш најмалку 3 месеци а неделно по еднаш обавезно али сепак мораш да ја скратиш некој сантим косата
Види вака..Само бадемово или 4и4ок масло или силиконски капки ќе ставаш после секое сушење на косата и одбегавај сушење колку што е можно повеќе..и од сужење косата пука и се уништува,,а ако ја сушиш обавезно ставај од погоре наведените работи Мило ми е ако помогнав ....ПоЗЗззззз
нема лек за метилот само ќе портошиш и пари и време еве и јас да ти кажам еден пример порано кога се шатирав имаше едно 4 сантима за кратење и ја чекав да ми порасне за да и направам некоја форма како и вообичаено си ставам силиконски капки ,маска ,регенератор и да ти кажам дека ништо немаше промена а едно 5 месеци е се немав шишнато фризерката ми кажа дека сувите врвови се безживотно влакно и дека лек е само шишањето ,така да не ти давам надеж најубаво е да си најдеш некоја фризура на интернет и да си ја скратиш косата и воопшто да не ја користиш веќе пеглата зошто ќе останеш без коса одмори ја косата од горење и одржавај ја со природни маски некое време зошто и ако и користиш на кратената коса пак пегла ќе личиш на був,мој совет заборави ја пеглата некое време
Последниот пат во моето маѓично фризерско студио спомнуваа како новитет Инфузии за коса, така ги викаат... Прашав за мене, ми кажаа дека нема потреба бидејќи ми е совршено здрава косата, ама третман е 800 ден мислам Ова е само за тебе
Мене ми е косата многу изгорена и тоа највеќе ја упоропастив од последниот пат кога и ја бланширав Инаку ми е долга под рамениците и џабе и маски и капки и незнам што уште да и ставам кога тој изгорен дел нема да се оправи. Затоа сега ке ја ишишам малку повеке (ке си направам боб-фризура) и веке нема никогаш да се бланширам
Темава не е дупла? Оти мислам се поклопува со Расцветани врвови. Како и да е, редовно шишање му е спасот
Значи вака.. косава ми е многу изгорена, јас со другарка ми ја пегламе со пегла за алишта, а не со пегла за коса и сега ми е оштетена.. и тоа не само на врвовите туку од пола коса па надоле. Дали некој знае да ми каже некое решение, зашто ќе треба ко машко да се шишам.
Нема решение, освен да престанеш да ја пеглаш и да ја ишишаш.Не мора како машко, направи боб или нешто слично, ама битно шишај ја, ако не наеднаш - постепено, ама почесто. Кога ќе ти се обнови малку, ставај и маски, или природни масла и друг пат внимавај со пеглањето.
Јас мислев да не има некои препарати за да се опорави косава, али изглеа ништо од тоа.. :/ Сепак фала ..
И да пробаш немат да бидат ефикасни толку.. Така да потпотно се согласувам дека треба да ја ишишаш зошто тоа е најдоброто и најефикасното решение за обнова на косата, со препарати нема да успееш многу само пари ќе се расфрлаш
И најважно од се е да престанеш да ја пеглаш косата со пегла за алишта. Што прават пеглите за коса, а не пак овие за алишта. Добро е што уште имаш коса. Експресно обновување на косата (освен ако не најдеш некој со магично стапче) - не постои такво нешто.
Препарат што ќе ти ја обнови косата и не постои. Ножиците се спасот. Сега, постојат третмани, ама се многу скапи, ако си спремна слободно. Вака, во нормални ускови, само шишање. И редовно нанесување на масла ( ти препорачувам бадемово), маски, убав шампон некој, ампули.. Со тек на време ќе се обнови. И што е најважно веќе пеглање некое време не, ПОСЕВНО НЕ со пегла за алишта
Па планирам да се ишишам, но нека помине прво полуматурава и ќе се шишам обавезно,а со пегла за алишта знам дека многуу ја уништува косата, се гледа по тоа на мојата коса. Ама секој ден викав ај уште денес, ај уште денес и дојдов до изгорена коса
А за матура што планираш да и правиш? Мислам, ако ти е нешто пуштена ќе се познава изгорена и нема баш добро да изгледа и сама знаеш Мој совет ти е или да ја собереш некако ( сега сепак зависи од фустанот) или подобро скрати ја, и кратка да е, кога е здрава изгледа 100 пати подобро него долга коса а изгорена..