1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Изгорена коса - метил

Дискусија во 'Коса' започната од beautiful.lady, 4 октомври 2012.

  1. beautiful.lady

    beautiful.lady Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    многу ја изгорев косата се пеглав многу често .. и не ми расте никако и пред на ми беше изгорена кажете нешто
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    изгорена коса - метил

    Оди на фризер и скрати ја малку (повеќе).
    Дa ти се освежат врвовите. И не ја пеглај толку често, најди си друг начин - носи ја виткана, во пунџа ... или пак ако толку сакаш права коса, фенирај ја - така помалку се оштетува.
     
  3. Dazey

    Dazey Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    123
    изгорена коса - метил

    Шишањето во тој случај ти е неизбежно, но би било и бескорисно доколку продолжиш повторно да си ја уништуваш така косата. Како што ти кажа и Мишела најди друг начин, а исто така денес и брановитата коса е во мода не мора да е права. :)
     
  4. beautiful.lady

    beautiful.lady Активен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2012
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    1
    изгорена коса - метил

    nesakam da ja kratam kosata bidejki mi e kratka nemozam veke da ja kratam ke trebaa do usite da ja nosamm kazete drugo nesto :(
     
    На Boomgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    180
    изгорена коса - метил

    1. фрли ја пеглата низ прозор под итно
    2. еве еден рецепт
    Маска од јајце

    Јајцето е богато со протеини, што е една од состојките на влакното на косата, која има улога да ја зголемува хранливоста на косата. Па така јајцето помага во обновувањето и враќањето на стариот квалитет на косата.

    За подготовка на оваа маска потребни ви се: 2 жолчки од јајце, 2 лажички маслиново масло и 1/8 шолја вода. Но ова е доволно за средна должина на косата, така да ако имате кратка овие состојки ги преполовувате, или дупло ги зголемувате ако ви е долга косата. Смесата се меша додека не се добие еднаква состојба.

    Потоа ја нанесуваме на косата откако претходно ќе ја измиеме со шампон. Ја оставаме смесата да делува 15 минути и ја плакнеме со ладна вода. По овој третман вашата коса ќе ги има потребните хранливи состојки и ќе биде повторно витална и здрава.
    3. прочитај тука нешто повеќе
    http://www.notformen.mk/moda-i-ubavina/kosa/7490-kako-da-prigotvite-domasni-maski-za-suva-kosa.html
     
    На ViktorijaMari и sunfemina им се допаѓа ова.
  6. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    изгорена коса - метил

    ставај масла од кокос бадем орев на косата 3 часа пред да се бањаш да се упијат убаво во влакното и самата ке приметиш како косата ке си го упие маслото ова за да има резултати треба д го практикуваш најмалку 3 месеци а неделно по еднаш обавезно али сепак мораш да ја скратиш некој сантим косата
     
  7. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Шишање дефинитивно. :) Бидејќи косата секогаш бара оддржување и обновување. ;)
     
    На angelche16 и heart.stealer им се допаѓа ова.
  8. AnGeL4e009

    AnGeL4e009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    246
    Пол:
    Женски
    Види вака..Само бадемово или 4и4ок масло или силиконски капки ќе ставаш после секое сушење на косата и одбегавај сушење колку што е можно повеќе..и од сужење косата пука и се уништува,,а ако ја сушиш обавезно ставај од погоре наведените работи :$ :* Мило ми е ако помогнав ....ПоЗЗззззз
     
  9. heart.stealer

    heart.stealer Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    278
    нема лек за метилот само ќе портошиш и пари и време еве и јас да ти кажам еден пример порано кога се шатирав имаше едно 4 сантима за кратење и ја чекав да ми порасне за да и направам некоја форма како и вообичаено си ставам силиконски капки ,маска ,регенератор и да ти кажам дека ништо немаше промена а едно 5 месеци е се немав шишнато фризерката ми кажа дека сувите врвови се безживотно влакно и дека лек е само шишањето ,така да не ти давам надеж најубаво е да си најдеш некоја фризура на интернет и да си ја скратиш косата и воопшто да не ја користиш веќе пеглата зошто ќе останеш без коса одмори ја косата од горење и одржавај ја со природни маски некое време зошто и ако и користиш на кратената коса пак пегла ќе личиш на був,мој совет заборави ја пеглата некое време
     
    На Boomgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Galla

    Galla Активен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    7
    Последниот пат во моето маѓично фризерско студио спомнуваа како новитет Инфузии за коса, така ги викаат...
    Прашав за мене, ми кажаа дека нема потреба бидејќи ми е совршено здрава косата, ама третман е 800 ден мислам
    Ова е само за тебе :)
     
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.900
    Допаѓања:
    103.031
    Пол:
    Женски
    Мене ми е косата многу изгорена и тоа највеќе ја упоропастив од последниот пат кога и ја бланширав :( Инаку ми е долга под рамениците и џабе и маски и капки и незнам што уште да и ставам кога тој изгорен дел нема да се оправи. Затоа сега ке ја ишишам малку повеке (ке си направам боб-фризура) и веке нема никогаш да се бланширам :)
     
  12. MejkApGirl

    MejkApGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    58
    Темава не е дупла? Оти мислам се поклопува со Расцветани врвови. :^)
    Како и да е, редовно шишање му е спасот
     
  13. Dimkovska123

    Dimkovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Значи вака.. косава ми е многу изгорена, јас со другарка ми ја пегламе со пегла за алишта, а не со пегла за коса и сега ми е оштетена.. и тоа не само на врвовите туку од пола коса па надоле.
    Дали некој знае да ми каже некое решение, зашто ќе треба ко машко да се шишам. :(
     
  14. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Нема решение, освен да престанеш да ја пеглаш и да ја ишишаш.Не мора како машко, направи боб или нешто слично, ама битно шишај ја, ако не наеднаш - постепено, ама почесто.
    Кога ќе ти се обнови малку, ставај и маски, или природни масла и друг пат внимавај со пеглањето.
     
  15. Dimkovska123

    Dimkovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Јас мислев да не има некои препарати за да се опорави косава, али изглеа ништо од тоа.. :/
    Сепак фала ..
     
  16. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.732
    Допаѓања:
    3.506
    Пол:
    Женски
    И да пробаш немат да бидат ефикасни толку.. Така да потпотно се согласувам дека треба да ја ишишаш зошто тоа е најдоброто и најефикасното решение за обнова на косата, со препарати нема да успееш многу само пари ќе се расфрлаш ;)
     
  17. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    1.450
    И најважно од се е да престанеш да ја пеглаш косата со пегла за алишта. Што прават пеглите за коса, а не пак овие за алишта. Добро е што уште имаш коса.
    Експресно обновување на косата (освен ако не најдеш некој со магично стапче) - не постои такво нешто.
     
  18. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Препарат што ќе ти ја обнови косата и не постои. Ножиците се спасот. Сега, постојат третмани, ама се многу скапи, ако си спремна слободно. Вака, во нормални ускови, само шишање. И редовно нанесување на масла ( ти препорачувам бадемово), маски, убав шампон некој, ампули.. Со тек на време ќе се обнови. И што е најважно :!: веќе пеглање некое време не, ПОСЕВНО НЕ со пегла за алишта :fubar:
     
  19. Dimkovska123

    Dimkovska123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    137
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Па планирам да се ишишам, но нека помине прво полуматурава и ќе се шишам обавезно,а со пегла за алишта знам дека многуу ја уништува косата, се гледа по тоа на мојата коса. Ама секој ден викав ај уште денес, ај уште денес и дојдов до изгорена коса :worried:
     
  20. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    А за матура што планираш да и правиш? Мислам, ако ти е нешто пуштена ќе се познава изгорена и нема баш добро да изгледа и сама знаеш :?: Мој совет ти е или да ја собереш некако ( сега сепак зависи од фустанот) или подобро скрати ја, и кратка да е, кога е здрава изгледа 100 пати подобро него долга коса а изгорена.. :^)