Од каде знаеш? Претходно зборуваше за поголеми бројки мртви и затекнати. Можеби некој од таму те информира, ама очигледно погрешно.
Види коментари под веста за пожарот по ФБ ќе сфатиш со кој го делиме воздухот во земјава. И те како има поединци кои би подметнале пожар и има луѓе кои се радуваат на ова што се случува. Ми се повраќа.
Кога се збори за крах на системот, вакцини, да не се обременуваат болници, здравствен персонал, здравство кое и така е со две леви нозе, политичари за кои ни зборови не се трошат...еве до каде доаѓа. Може да е и немарност, неспособност, недоволна обученост. И ова спаѓа под тој крах. Ќе прележувале они, ништо не било. Страшно.
Ако една болница е изградена по сите стандарди, тогаш многу тешко може да се случи пожар од такви размери. Не пироман, туку свети пироман да дојде пожарот ќе биде бргу локализиран. Второ, каде е обезбедувањето на болницата? Ако е во прашање пироман. Јас не верувам во приказната за пикавци и пиромани. Премногу ја потценуваат интелегенцијата. Верувам дека болницата е лошо изградена и се случил некој спој.
Министерство за здравство: Модуларната болница во Тетово е изградена по највисоки медицински и безбедносни стандарди Модуларната болница во Тетово која изгоре синоќа е изградена по највисоки медицински и безбедносни стандарди, соопшти Министерството за здравство, откако изутринава се појавија информации во медиумите и на социјалните мрежи дека пропусти при градбата може да се причина за пожарот. Од Министерството информираат дека сите 19 модуларни ковид – болници во државата се типски објекти, градени по највисоки медицински и безбедносни стандарди. „Модуларните ковид центри, вклучувајќи ја и болницата во Тетово се отворени после технички прием. При градбата на сите модуларни болници, вградените материјали се сертифицирани. Министерството за здравство информира дека ковид центарот во Тетово е проектиран со три влеза, ходниците се широки 2,4 метри, а парапетите на прозорите се ниски во случај на евакуација. Во објектот не е користено дрво и запазени се сите други потребни елементи за заштита“, велат од МЗ. Од таму додаваат дека при пуштање во употреба, направен е уреден технички прием. При градбата имало незначителни технички забелешки – силиконирање лајсни на подот, нивелирање на сифон во тоалет, продолжување на дел од олуците и слично. Од Министерството велат дека по овие барања е постапено и истите се санирани пред пуштање во употреба и хоспитализација на пациенти и дека документите ќе бидат доставени на увид на јавноста и медиумите уште денеска. Надлежните уверуваат дека ковид – центарот во Тетово ги поседува и сите потребни сертификати за заштита при несреќи. „Апелираме да не се шпекулира со ваквите информации. Министерството за здравсто очекува експертите и истражните органи што побрзо да го истражат случајот за оваа страотна несреќа. Сите аспекти на случајот да бидат предмет на темелна и брза истрага и секако одговорност доколку истрагата го покаже тоа. Самите модуларни ковид центри беа и се уште се клучни во справување со пандемијата и хоспитализацијата на пациенти. Истите се градени по највисоки стандарди, а набавката која Министерството за здравство ја правеше е согласно стандардите за ваквите болници кои се користат во многу земји во светот“, велат од МЗ. ©Makfax.com.mk
Бреј, ако болнициве по највисок стандард вака горат во еден миг, можам да замислам тие од ненајвисок стандард како горат. Еве народе гледајте сега театар како сите се супер, се е исправно и супер и несумодтука муабети. Почело је.
https://mk.tv21.tv/mz-modularnata-b...standardi-se-utvrdat-prichinite-za-nesrekata/ Министерството за здравство вели дека се било изградено по строги стандарди и протоколи, бла бла бла.. Сега може мирно да спиеме. 14 живи изгорени вчера плус 25 до 30 секојдневно од ковид криза... Нема потреба од оставки, превземање одговорност. Тоа е, се дешава... Е моја црна земјо, опустошена... Трамп ни е крив сега или Максим од Куманово, или Сител зошто кажале 30 мртви. Демек не се 30, 15 се, па не е страшно. А тоа што вчера во 00и30ч на сите медиуми им беше забрането да емитуваат било што за трагедија а и тоа што тајм. мк и грид беа "мртви" за нови вести, и тоа не битно. 3 дневна жалост, после се ќе замачкаат, било поминало. На крај може и терористички чин да прогласат, демек не беа свесни дека членството во нато носи 10то кратна опасност за терористички напади, од претходно. Впрочем и Австралија, а и други земји, пред недела дена ги предупреди своите граѓани да не патуваат во Македонија, поради висок степен на ковид заразени и починати и можност од терористички напади токму тука. Ама....
Народот наводно потресен, ќе стави некое стори, некоја сликичка, ќе напише прај фор Тетово и тоа е се. Оти лично нема да го допре нели, се до следната трагедија. И утре ќе продолжи да живее во башибозукот кој самиот го создава и е дел од него. На многу малку им смета системот, другите се претопуваат и се дел од него. Најсилни се по социјалните мрежи, и се така едно 30 години. Ќути, глеј си ти за тебе е девизата на секој Македонец. Ова е само една од трагедиите кои Македонецот ги заборава.
Се зафркаваат со нас !? Добро не му е срам ? До сега знам дека не му е, ама после сношти, животи згаснаа, фамилии во црно.... Најлошо од се е шо за една недела, се ќе се заборави како ништо да не било и така ќе се редат трагедија по трагедија...
Да се насмееме или да плачеме е работава. Има ли нешто во сервернава што не е изградено или функционира по највисоки стандарди. Го пробушевме секое дно и немаат ни трошка САМОКРИТИЧНОСТ да речат абе луѓе не не бива, се правиме наопаку. Пусти пари, уште од газот не си пикнале. Гледам да не колнам ама нивните да беа во ваква ситуација дали ќе даваа вакви скандалозни изјави, по највисоки стандарди ХАХАХА. Абе не заслужуваат пет пари, го испоумреа народот. Не направија бетер од Африка, дупката на Европа сме. Нека се скријат во дувлата знаејќи дека ја уништија државава до темел.
ова сакав да го кажам.. народов утре ќе вика "не ме интересира политика" Не те интересира дали те крадат дали те трујат канцерогено, зошто не си безбеден? тогаш сам си придонесол во трулоста на општеството
Баш тој е синдромот. И до следното гласање, пошо овци секогаш ќе има. Инаку за министерството и нивната изјава ... Градени по стандарди? Тие луѓето не ги лечат по медицински стандарди, нема протокол за лечење на Ковид, не пак градбата ќе ја склопат како шо треба... Велите доктори и медицински сестри не им доаѓале, блиските им правеле нега. И шо скокнаа одма со изјавите, да се бранат од шпекулации? Толку одма брзо проверија или така од белешките ѕирнаа дека сѐ било во ред? Олку корумпираност на вакво мало делче земја никогаш ќе нема.
Министерот треба да ја знае Хипократовата заклетва и да работи според неа. Сепак е доктор, медицинско лице.
Живи да се закопаат! Најгрозното го доживеавме. Сите најдолни карактеристики се овде собрани. Немам желба овде да живеам, немам збор да ја опишам земјава, не гледам иднина. Толку љубов да се немало кон своето! Ко мала само слушав бранко љупчо бранко љупчуо, пораснавме и полошо дојде, и најгрдото дојде и допрва ...?
Нема жртви кај медицински персонал? Дали тоа сите побегнале и ги оставиле буквално пациентите да горат, без да пробаат да спасат некој? И како тоа во Инфективно одделение во време на корона, дозволени се посети? Некој има многу за објаснување... Сфаќате дека со години занемарувањето на здравството и целиот крахиран систем не чини човечки животи?