Па тоа, па тоа, преј фор....ужаси капитализма. Наместо независна истрага, па макар со стручњаци однадвор, ќе се вергла дека се е по стандарди и по протоколи. Протокол за пластика и душеци што горат, има ли. Дека сите ќе заборават освен семејствата на починатите, јасно е. Мк браншите не учат ни од свои грешки камоли од туѓи. Во Битола до модуларната имало танк со 5т кислород.
Жал им било.Јао. Да имаа памет и осет да го изградеа до сега новиот Клинички што го зборат со години...
Абе кои највисоки стандарди... Спаѓа ли во тоа противпожарна заштита, што впрочем сметам дека секој објект треба да ја има.
Ете колку е важен нашиот живот, а и секој македонски во оваа држава А, коментарите на фб се доказ зошто ќе имаме театари од З.З, Венкица и слично. Каков поган народ сме... Премногу жално за починатите, лесна им земја.
Па успеале да извлечат 12тина, и зошто алудираш на тоа дека медицинскиот персонал е крив за било што во случајов. Кај пожар со таков интензитет ти би влегла во него?
Они се најмалку криви, ова не е пожар што почнува постепено туку силна експлозија. И да сакале не можеле да влезат во таква просторија.
Тие се спасиле и нормално извлекле пациенти, треба да се има предвид дека тие се луѓе врзани за кревет.
Во Тетово дозволуваа член на семејство да биде со болниот заради недостиг на пераонал. Ужас. Велат дека тие што биле спасени благодарение на придружбата биле спасени!
Зошто бре? Зошто ? На кој му згреши толку овој напатен народ да биде проколнат да живее во ова несреќно парче земја во скапан систем. Душава ме боли од синоќа, и така деновиве тој е.ан систем ми ги крева нервите,ова ми беше капак на се,па се изнаплакав за сите тажни судбини. Искрено ми се бега од овде , уште утре би си спакувала куфер,овде веќе не остана човек, се е полно со фрустрации,несреќни, тажни лица кои секојдневно се судруваат со безизлезниот трул систем. Имаше пишано некој на фб- Остров на тагата сме Овде човечкиот живот нема вредност
Спасиле Јуле, колку што можеле спасиле. И не верувај во се што ќе прочиташ по интернет. Бидејќи " се е под контрола"- кажуваат, а никогаш не било
Ако ова е точно, од штекер да пламне цела, тогаш најмалку што треба е Филипче да си даде оставка. Штета, лекар од таков калибар, стана политичар.
Штекерот е искра Јуле. Доводот на кислород е друга работа. Градбата на ковид центарот е трета работа. За све тоа е одговорна чистачката.
Ова е СРАМОТА! Ги колнам сите политичари, тендер-местачи и други гниди исто да им се врати како на луѓево вчера! У пеколот да горат, аир да не видат! Срам да им е и на сите партиски потрчковци што после ваквите катастрофи на било која власт пак идат и ја гласаат. Повеќе слики ставаа за Нотр Дам бре, јас за Тетово видов една слика само... Нека се распушти оваа држава, било кој нека не прибере само да не постоиме.... Е ради ова ќе се преселам! Ради ова сите млади си заминуваат! После повеќе вакви сопки на факултет, по болници, на работа јас решив да си одам! Дадов отказ и од предобра, многу платена работа зашто парите овде не ми вредат кога јас во секој момент можам да умрам од простаци. Бел ден да не видите, ѓубриња едни корумпирани! МРШ!
Па затоа велам, Филипче најмалку што може да стори е да си даде оставка. Најмалку. А народот пак нека се чуди зошто му се случуваат вакви трагедии.
И да даде оставка ќе го замени друг потрчко од ист калибар, за стрелање сите по ред, лешинари, неспособни, корумпирани, алчни, прости, недоквакани...